Историја

На 19 мај 1910 година роден е народниот херој Љупчо Арсов, со партизанско име Гоце (Делчев), потпретседател на првата Влада на Македонија

Љупчо Арсов - Народен херој и жртва на бугарските затвори

На 19 мај 1910 година во Штип е роден народниот херој Љупчо Арсов, кој како партизан во НОБ го носел псевдонимот Гоце, според македонскиот великан Гоце Делчев, како и повеќемина други борци против фашистичкиот окупатор кои за партизански имиња избирале личности од Илинденскиот период на Македонија.

Арсов на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински бил избран за секретар на Президиумот на АСНОМ, а потоа станал и првиот потпретседател на Владата на Македонија. Во подоцнежниот социјалистички период бил министер за труд во сојузната влада на СФРЈ, претседател на Извршниот совет на Собранието на Македонија, а од 1979 до 1982 година претседател на Претседателството на СР Македонија.

Тој по завршувањето на основното образование во Штип, школувањето го продолжил во Загреб, каде во 1932 година ја завршил комерцијалната и економска школа. Потоа извесен период во Кралска Југославија бил на служба во Белград во Државната хипотекарна банка, подоцна и во Ваљево, каде ја вршел истата служба. Арсов станал член на Комунистичката партија во 1940 г.

По капитулацијата на Кралска Југославија, и фашистичката окупација во 1941 година, се вратил во Македонија. Најпрво работел во Штип, а подоцна добил задача да замине во Битола, каде работел на формирање на воен штаб, собирање борци и оружје за партизански одреди, за започнување оружена борба против окупаторот.

Летото во 1942 година бил уапсен од бугарската окупаторска власт и бил интерниран во Бугарија, каде во затвор останал до март 1943 година. По излегување од затвор продолжил со партиско – политичка работа. Во тој период во Македонија дошол партискиот инструктор на КПЈ, Светозар Вукмановиќ – Темпо, а токму тогаш во Штип се случиле неколку провали, од кои најтешка била разбивањето на партизанскиот одред Гоце Делчев.

На предлог на Темпо, Арсов станал секретар на ОК на КПЈ за Македонија во Штип, а брзо потоа успеал да го консолидира разбиениот одред Гоце Делчев.

Во јули 1943 година, кога Окружниот комитет на партијата одржувал состанок во една куќа, окупациската полиција успеала да дознае за тајната и ја окупирала куќата. По битката со стотина полицајци, неколку членови на комитетот загинале, меѓу кои и народниот херој Славчо Стојменски.

Арсов успеал да се пробие низ полицискиот обрач, но веќе било невозможно да дејствува во Штип. Поради тоа добил задача да замине во Скопје, каде како член на Обласниот комитет на КПМ бил назначен за комесар на Првата оперативна зона. Арсов дејствувал на Скопска Црна Гора и на Козјак.

Подоцна од Скопска Црна Гора се префрлил во Врањскиот партизански одред, па со една чета од тој одред се вратил назад со цел да ја присоедини со кумановскиот одред.

Во декември 1943 година повторно дошол во Скопје, каде бил избран за член на ОК на КПМ и секретар на месниот комитет, а од август 1944 година станал член на ЦК КПМ.

По завршувањето на војната, се до неговата смрт на 18 ноември 1986 година во Скопје, извршувал повеќе функции во Македонија и во тогашна СФРЈ.

(Подготвил: Д. Г.)

Најново од: Историја

Иселеништвото и формирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Извадоци од книгата „Четврта емигрантска Македонија“ на Ставре Џиков за улогата на македонската политичка емиграција во создавањето на ВМРО-ДПМНЕ и враќањето на демократскиот плурализам во Македонија Во книгата „Четврта емигрантска Македонија“, објавена во 2007 година од издавачката куќа „АЗ-Буки“, познатиот македонски публицист и адвокат Ставре Џиков посветува значајно внимание на процесот на формирање на ВМРО-ДПМНЕ […]

1993: Приемот во ООН под ПЈРМ – првата национална отстапка на СДСМ

На 8 април 1993 година Република Македонија стана членка на Обединетите Нации. За тогашната власт СКМ-ПДП денешна СДС тоа беше претставено како голем дипломатски успех и потврда на меѓународниот субјективитет на младата држава. За ВМРО-ДОМНЕ и огромен дел Македонци, пак, тој ден остана запаметен како почеток на политиката на национални отстапки и компромиси што подоцна […]

Париската мировна конференција

Париската мировна конференција, на која се разгледувале прашањата поврзани со Македонија и положбата на Македонците од Егејска Македонија, се одржувала од 1946 до 1947 година во Парис. Главните седници започнале на 29 јули 1946 година, а мировните договори со поранешните сојузници на нацистичка Германија биле потпишани на 10 февруари 1947 година. Прашањето за националните права […]

Гоце Делчев бил напаѓан во бугарските весници

И покрај тоа што, веројатно поради прагматични причини (како учител во егзархиско училиште) Гоце Делчев го користел туѓото бугарско етничко име, во суштина цело време дејствувал во полза на Македонија, а не на Бугарија. Така, во една прилика напишал: Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија,  тој може […]

1992 – Падот на Владата на Кљусев и враќањето на старите комунистички структури

Во 1992 година, во раната фаза на независноста на Република Македонија, доаѓа до значајна политичка промена со падот на првата експертска влада предводена од Никола Кљусев. Оваа влада, формирана во период на распад на Југославија и прогласување на независноста, имаше клучна улога во стабилизирањето на државата во нејзините први месеци, но се соочи со силни […]

Иван Богоров: „За да ја направиме Бугарија, најнапред треба да направиме Бугари“

Во процесот на создавањето на современата бугарска национална идеја во XIX век, значајна улога имале преродбениците, книжевниците, јазичарите и публицистите кои настојувале да изградат заедничка национална свест и стандарден книжевен јазик. Еден од најпознатите меѓу нив бил Иван Богоров, кого бугарската историографија го смета за еден од основоположниците на современиот бугарски книжевен јазик. Тој бил […]

Како настанала денешната македонска нација?

Во однос на тоа како настанала македонската нација ќе се воздржам од сопствени толкувања и ќе ги пренесам официјалните ставови во врска со настанокот на македонската нација презентирани од партијата СДСМ (која често ја обвинува ВМРО ДПМНЕ за „антиквизација“, „романтизам“ и сл.). Официјалните ставови на СДСМ ќе ги презентираме од училишните учебници по историја објавени […]

Русот В.В. Водовозов – првиот биограф на Јане Сандански

Во историјата на македонското револуционерно движење постојат бројни странски интелектуалци, новинари и дипломати кои со големо внимание ги следеле случувањата во Македонија. Меѓу нив особено место зазема рускиот публицист и новинар Василиј Василијевич Водовозов, кој останал запаметен како првиот автор што напишал биографија за легендарниот македонски револуционер Јане Сандански. Во периодот кога Европа внимателно ги […]

To top