Коментари

Ако сме „ист народ“, зошто Бугарија се однесува како најголем противник на Македонија?

Изјавата на бугарскиот претседател  Румен Радев пред ннекој ден во Париз претставува уште една потврда дека официјална Софија со години води организирана и систематска политика насочена кон наметнување на своите национални позиции врз Македонија.

Радев без никаква задршка призна дека цела година ги убедувал европските лидери да го прифатат бугарското барање за внесување на Бугарите во македонскиот Устав како услов во преговарачката рамка за членство во Европската Унија. Тоа не е гест на добрососедство. Тоа не е европска политика. Тоа е класичен пример на политички притисок врз соседна држава.

Ниту една европска држава не го условува својот сосед со промена на Уставот, идентитетските прашања, историските толкувања и националното самоопределување. Такво однесување не е карактеристика на пријател, туку на држава која се обидува да наметне политичка доминација врз послабиот сосед.

Најголемиот парадокс е што токму оние кои најгласно зборуваат за „братство“, „заедничка историја“ и „ист народ“, истовремено работат на блокирање на европскиот пат на Македонија. Наместо да бидат мост кон Европа, тие станаа пречка на европската интеграција на македонската држава.

Признанието на Радев всушност ја разоткрива вистината која со години се обидуваше да се прикрие.

Бугарското вето не било недоразбирање, туку внимателно планирана стратегија.

Не станувало збор за човекови права, туку за политички условувања.

Не станувало збор за европски вредности, туку за наметнување на национална агенда преку институциите на Европската Унија.

Македонија има право да биде дел од Европа, но никој нема право да бара од Македонците да се откажуваат од сопствената историја, идентитет и достоинство како цена за тоа членство.

Изјавата на Радев треба да биде предупредување прво до Филипче и СДС и  за сите во Македонија. Таа покажува дека зад реториката за „добрососедство“ често стои сосема поинаква политика.

А кога еден сосед вложува цела година дипломатски напори за да наметне услови врз друга држава, тогаш тешко може да се зборува за партнерство. Тоа повеќе наликува на однос каков што би очекувале од политички противник, а не од сосед кој тврди дека ви е најблизок пријател.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Кој да го сопне Мицкоски

Пирамидата на македонското национално чувство! Кој и како може да го сопне ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кога пред сé со духовната, а бога ми и со телесната градба, ако сакате, стои гордо исправен напред пред својот народ. Го крчи и трасира патот за кој што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД одамна се беше определил, за сега конечно благодарение на лидерот […]

Дали гробот на Александар Македонски не е откриен затоа што се наоѓа во Македонија?

Поминаа повеќе од два милениума од смртта на Александар Македонски, но едно прашање и понатаму останува без конечен одговор: каде се наоѓа неговиот гроб? Низ вековите се појавиле бројни теории и претпоставки. Некои истражувачи сметаат дека неговите посмртни останки биле положени во Александрија во Египет, други ги насочуваат истражувањата кон различни локации на Блискиот Исток, […]

Сè додека правосудството молчи, „Радио Милева“ најгласно зборува

Фактите сè уште се утврдуваат, но „Радио Милева“ веќе емитува најгласно. Венко Филипче повторно ја пушти во употреба старата тактика на СДС: сите се виновни, само тој и неговата партија се „цвеќе за мирисање“. Уште пред надлежните институции да ги завршат контролите, анализите и истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, Филипче и СДС веќе […]

Таму каде што има Бугари, ги нема во устав ниту како услов од ЕУ

Ова интернетов, значи, убива по поим и едноставно партали прави. Пред неколку недели излезе една убава шарена табличка со тоа што се кажува точно и каде колку Бугари има во комшилукот и малку пошироко. Ете, да ти имало: Романија: 5.975, заокружено околу 6.000; Албанија: 7.057; Србија: 12.918; Молдавија со Приднестровје: 79.520; Украина: 204.574; Македонија: 3.504, […]

Ацо Македон Крстески: Кога вистината ја изговори бугарски дипломат

Понекогаш една искрена реченица од другата страна вреди повеќе од години дипломатски молк. Понекогаш најголемите вистини не ги изговараат нашите пријатели. Ги изговараат оние што стојат од другата страна. Со години Македонија верува дека нејзината европска иднина зависи од исполнувањето на условите на Бугарија. Прво беше Договорот за добрососедство. Потоа протоколите. Потоа францускиот предлог. Потоа […]

Четиринаесет пресуди од Стразбур, а Софија и натаму ги замолчува Македонците

Бугарија не почитува 14 пресуди, Европа молчи, а полна уста ѝ е со Бугарите во македонскиот Устав – двојни стандарди на дело Европскиот суд за човекови права досега донел 14 конечни пресуди поврзани со правото на Македонците во Бугарија слободно да се здружуваат, да организираат мирни собири и јавно да ги застапуваат своите права. Шест […]

Уставните измени за влез на бугарите во уставот– последно барање или почеток на нови бугарски условувања?

Ајде реално да ги објасниме работите за влегувања на бугарите во уставот– без политичко и партиско навивање Внесувањето на Бугарите во Уставот е последниот непосреден услов за отворање на првиот кластер, но не е последната обврска поврзана со Бугарија. Затоа тврдењето на Венко Филипче дека со уставните измени завршуваат сите бугарски барања не е поткрепено […]

Ако правата на Бугарите во Македонија се европска вредност, тогаш и правата на Македонците во Бугарија мора да бидат европска вредност

Европските вредности не можат да важат само во една насока. Ако од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот во име на човековите и малцинските права, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето: зошто истите права не важат и за Македонците во Бугарија? Во Македонија секој граѓанин може слободно да се изјаснува како Бугарин, […]

Најнови вести

To top