Дијаспора

Семејното стебло на фамилијата Стамевци (8)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад

Семејната приказна на Светле (Стив) Стамевские интересна и уникатна, Затоа ќе ја почнам сагата за семејството Стамевци од селото Одри, од дедо-прадедо, од оние времиња кои се вгнездени во незаборавот, од имињата кои се столбот на оваа прекрасна тетовска, одриска, детроитска фамилија.

Инаку,  селото Одри со своите 1.600 жители, од кои само стотина жители се Македонци, спаѓа на територијата на општината Теарце, која се наоѓа во северозападна Македонија, односно Горни Полог. Општината се наоѓа на левата страна на реката Вардар и припаѓа на неговиот слив посредно преку реката Бистрица. Како подпланинско подрачје на југоисточната страна на Шар Планина има различна релјефна структура. Се граничи со општините: Вратница, Јегуновце, Џепчиште, мал простор со Тетово и со поголема должина со границата со Србија, односно денес Косово.

Според информациите што ги добив од Светле во разговорот што го водевме во неговиот дом во Детроит, неговиот прадедо се викал Димо и тој бил од семејството Цареви од селото Лешок. Ka­ко што бивало во тоа време, отишол домазет во Вратница. Таму и ја бендисал прабабата на Свето, убавата Менка, со која и се оженил и така почнале да се градат темелите на неговата фамилија.

И Димо и Менка, биле скромни, биле многу вредни луѓе. За да се знае дека тука во Вратница го почнале својот заеднички живот, прадедото Димо засадил во дворот маслиново дрво, кое им донело касмет на Стамевци, и ете и ден-денес тие наследниците како Светле и неговите деца, ја продолжуваат оваа интересна приказна за самите себе. 

                                              

Инаку, селото Вратница е сместено во областа Полог во подножјето на планинскиот врв Љуботен. Во близина на селото се наоѓа и реката Ракита која се влева во Вардар. Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од градот Тетово до граничниот премин Јажинце, денес на македонскокосовската граница. Од градот Тетово е оддалечено 22 километри и е на само 5 километри од Јажинце.

Порано, селото претставувало општинско средиште на истоимената општина, во која влегувале и селата ЈажинцеРогачевоСтаро СелоБеловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.

Димо и Менка силно ќе им се израдуваат и на својата втора машка рожба, на дедото на Светле, Крсте (1898 – 1976). Да се роди син, и тоа уште еден, во фамилијата значело многу, бидејќи тоа, тогаш било гаранција дека ќе се продолжи семејната лоза.

Како што се сеќава денес Светле (Стив) Стамевски, дедо му Крсте бил со среден раст, но многу добро граден, и како што вели, цврст човек. Ама, сите го паметат како многу личен. Судбината била сурова кон него. Уште како мало детенце на тригодишна возраст, дедо му Крсте останал сирак. Татко му настрадал, погинал, и немајќи друг избор за да може да преживее, мајка му се премажува во скопското село Свиларе. Таму ги носи со себе од Вратница и постариот син Ристо и секако, помалечкиот Крсте

Очувот прави се’ што може за да бидат добро згрижени двете дојденчиња, неговите присинови, и секако нивната мајка Менка. Тој дури и на грбот по реката Вратничка ги носел тие кревки дечиња, на кои им бил далек и напорен патот од Свиларе до Вратница, кога требало да одат на визита за празник или делник.

Арно ама, повторно, се случува трагедија. Сега веќе кобна за малите братчиња. Само по нецела година, умира нивната мајчичка, која толку многу ce трудела да ја најде својата и среката на двете нејзини синчиња. Кога веќе така се случило, и кога немал од што да живее и да го прехрани семејството, тогаш очувот ги зема нив и ги враќа назад во Вратница.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Слогата во семејството – карактеристика за Стамевци (16)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит При мојата пријателска средба на семејството Стамевски во Детроит, меѓу другото, разговарав […]

Иван Трпоски: Илинден прославен во Сиднеј

Македонскиот верски и национален празник Илинден традиционално се одбележува на 2 август во сите градови и држави ширум светот каде што живеат и работат Македонци. Бидејќи Илинден е и национален и верски празник, Македонците најмасовно го одбележуваат во црковните храмови. Покрај богослужбите посветени на светиот пророк Илија, на свеченостите се говори за Илинденското востание од […]

Срдечна средба со Тврдомир Стамевски – татко и дедо (15)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше При мојата посета на семејството Стамевски се […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Средба со Тврдомир Стамевски – почитуваниот татко и дедо (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше  Моето патување од Чикаго го продолжив за Детроит со летот […]

Формиран Македонскиот национален сојуз во Србија: Обединети 29 македонски организации

Илинденска прослава во Јабука – архивска фотографија На Илинден, во Јабука, беше одржано Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што започнува ново поглавје во организираното дејствување на македонската заедница во Република Србија. Во новоформираниот Сојуз се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, не сметајќи го Националниот совет на македонското национално […]

На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци

Секој Македонец е важен: На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци Македонската заедница се мобилизира пред пописот на 11 август: Целта е официјалната бројка да достигне најмалку 200.000 лица со македонско потекло „Во графата за потекло напишете ‘македонско’, за земја на потекло ‘Македонија’, за јазикот што го зборувате дома ‘македонски’, а за религија […]

Стирлинг Македонија оди по трофејот!

Стирлинг Македонија оди по трофејот! Младите фудбалери на Стирлинг Македонија до 18 години се пласираа во големото финале на Државниот куп на Западна Австралија! По одличните настапи и заслужената победа од 2:0 над Перт Ред Стар во полуфиналето, младите „лавови“ ги очекува уште една пресметка – борбата за шампионскиот пехар против Перт Глори. Финалето ќе […]

To top