Фељтон

Дел од студиите на Лефтер Манче на Факултетот за физичко воспитание (21)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Новата 1958 година ја дочекавме во станот на Илдико со другите пријатели на Мара. Тогаш мислев, ако не успеам да станам лекар, пак е добро, зашто имам убава девојка и почнав да чувствувам самодоверба, зашто знаев дека ако завршам за професор по физичка култура пред да се запознам со Мара, ќе мораше да одам да предавам во некое гратче далеку од Будимпешта.

Во последната година на студиите, требаше да избереме еден вид спорт и да станеме тренери. Јас, сонувајќи да станам спортски лекар, сакав да се специјализирам за фудбал, но професорот ми рече дека н знам добро да играм фудбал, а ваму сакам да станам тренер. Така, се специјализирав по пливање. Секоја недела одевме во националниот базен на островот Маргарета и таму пливавме следени и насочувани од стручњак по пливање.

По Нова година, писмата меѓу мене и Мара продолжија да одат во двете насоки, а секој месец еднаш одев во Дебрецен. Тогаш се запознав со Тибор Нагуази, кој одеше во Дебрецен да ја посети Марија Нанаши, инаку најдобра пријателка на Мара. Таа живееше во истата зграда како и Мара, само еден кат подолу. Тибор беше од Дебрецен и беше на последната година од студиите по архитектура на Универзитетот во Будимпешта.

Секојпат кога ќе се сретневме на железничката станица, купувавме билет за втора класа, но цело време седевме во вагон-ресторанот и јадевме. Тогаш таму храната не беше скапа и ние можевме да си платиме. Мара веднаш ми рече дека не е добро за нејзиното семејство таму да сум сместен без никакви обврски, на што и´ реков да ми стане свршеница. Таа мојот предлог со голема радост го прифати и се сложи, како и нејзините родители.

Во Будимпешта со тешкотии најдов два прстена од злато, а собарката е во Студентскиот дом ме упати како да и´ ја побарам раката на Мара, од татко и´. На 29 март 1959 год., мајка и´ на Мара беше подготвила богат ручек по тој повод и јас пред родителите, Ева и роднините Тибор и Марија, станав и му реков на татко и´ дека ми е голема чест и радост ако Мара ми стане моја невеста. Тој се согласи и Мара тогаш стана, а јас и´ го ставив прстенот на нејзиниот прст, потоа и на мојот, додека таа седна и почна да плаче од радост.

Таа имаше 18, а јас 23 години. Во мај, Тибор ме однесе кај татко му кој имаше канцеларија во барокната зграда во центарот на Дебрецен да ме запознае и да побара помош од него, како јас можам да се запишам на медицински факултет и да станам спортски хирург. Татко му на Тибор веднаш му телефонира на секретарот на Партијата и му кажа кој сум и го замоли да ме прими. Тој одговори со радост, но бидејќи првиот секретар бил на обука во Будимпешта, а тој е втор секретар, ќе ме чека.

Зградата на Партијата беше околу 300 m од зградата на железничарите и таму пристигнав за неколку минути сам, без Тибор. Тој ме прими љубезно, како да го најдов мојот втор д-р Домби. Се претстави како Михал Валко, а јас му кажав зашто сум тука. Тој знаел за моето семејство од татко му на Тибор. Ми рече да се вратам во Будимпешта, а тој ќе ми се јави со писмо.

По две недели, добив писмо од него, во кое ми пишуваше дека моето барање е исполнето. Не знаев што значи тоа. Во возот секогаш мислев колку сум среќен, зашто најдов толку убава девојка и семејство, а сега можеби сум примен на студии на Медицинскиот факултет. На мојата радост и´ немаше крај…

Во мај таа година, Факултетот цела вечер имаше програма во зградата на операта со разни видови гимнастика. Јас бев во групата што вежбаше гимнастика, чии вежби беа стари од пред 50 години што се вежбале во Будимпешта. На свеченоста беше Мара и мајка и´. Во јуни целата моја класа, кои бевме пред полагање на државниот испит, одевме напред во сите згради на Факултетот, и за последен пат во салите каде што поминавме 4 години.

Таму беше и Мара, но овој пат без мајка и´. Држав- ните испити ги положив успешно и во јули како предавач, со унгарска група младинци, со воз преку Букурешт, отидов во Бугарија на море, крај Бургас. Одморалиштето тогаш се отвори за групи од другите социјалистички држави и имаше голема кафетерија и многу шатори во кои бевме сместени по четворица.

Таму бев повеќе од 10 дена и еден ден со автобус отидов да ги видам моите роднини Дукови, кои живееја во Варна. Во автобусот до мене седеше еден поп и кога му кажав од каде сум, тој почна да ми плаче, зашто во Унгарија имало духовна слобода, а во Бугарија немало ништо од тоа.

Кога се враќав дома во Унгарија, на крајот на јули, во Универзитетот „Кошут“ имаше летен собир за странци-студенти кои учеа на универзитетите во Унгарија и мене ме запишале, а бевме сместени во новиот студентски дом во „Кошут“. Татко и´ на Мара почна да се секира што ќе правам понатаму, зашто се ближеше новата учебна година.

Ми рече дека во престижната гимназија „Арпад Тот“, која беше недалеку од станот на Мара, бараат професор по физичка култура. Мораше да одам, зашто немав никаква гаранција дека ќе ме примат на Медицинскиот факултет. Ме прими директорот на гимназијата и ми понуди да предавам по 1 септември.

Се вратив во Будимпешта, а таму ме чекаше писмо од деканот на Медицинскиот факултет дека на крајот на август мора да полагам приемни испити од физика и биологија. Јас имав многу заборавено по четири години од предметот физика, а од биологија не знаев многу. Како ќе се подготвам и од што, од какви книги ќе се учам? Ја имав тетратката за биологија од гимназијата, но немав книга. Почнав од неа да учам и си велев дека е невозможно да успеам пред Комисијата, составена од тројца универзитетски професори.

Знаејќи дека ректорот има право да прими 3 студенти по негов избор, а Министерството за здравство 7, решив со писмото на Партијата да одам во Министерството. Таму ме прими одговорната за Универзитетот, другарката Ногради. И реков сакам да станам спортски хирург и не барам никаква стипендија од државата, туку само сакам да учам на Медицинскиот факултет и ништо друго.

Таа ми рече да ја посетам во 16 часот, попладне. Тоа г´о сторив и таа ме израдува дека сум примен во прва година на Медицинскиот факултет во Дебрецен и уште ми кажа дека знае дека сум имал свршеница. Така, на 1 септември требаше да се јавам кај ректорот. За малку ќе почнев пред неа да плачам од радост, и´ се заблагодарив и со пликот што таа ми го даде, а кој беше адресиран за ректорот, излегов надвор.

Веднаш отидов на пошта и пратив телеграма до Мара со зборовите „Радувајте се, зашто се радуваме“, како што им рекол на атињаните човекот кој трчал 42 km и носел глас дека во битката на Маратон, Спартанците однесле победа.

Потоа, станав преведувач на последната бугарска младинска група во Балатон и Будимпешта, а на 1 септември се јавив кај ректорот со ковертот и така станав студент по медицина. Тој ме упати уште да се јавам кај директорот на Студентскиот дом, кој беше многу блиску, па одејќи така под зелените дрвја кон Домот, плачев како мало дете од радост. Сега само од мене зависи дали ќе станам лекар. „Ќе станам со црвена диплома“, си реков, а тоа значи со највисок успех, или „SUMMA CUM LAUDE“.

Продолжува    

 

Најново од: Фељтон

ЛЕФТЕР МАНЧЕ – СТУДЕНТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ (20)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Тој ден беше 27 јули 1957 година и јас решив идниот ден пак да ги побарам Унгарките и да се запознам со нив. Но, како да постапам, како да го направам тоа? И реков на онаа што седеше дека ја познавам од Гимназијата што беше […]

Дел од студиите на Лефтер Манче – на Факултетот за физичко воспитание (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ На факултетот немаше предавања сè до 4 ноември 1956 год., кога се разбудивме во 4 часот рано утрото и преку радио го слушавме Имре Наѓ како се обраќа до народот и кажува дека Црвената армија ја нападнала Будимпешта, а унгарската армија и народот се борат […]

ЛЕФТЕР МАНЧЕ – СТУДЕНТ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ НА СВЕТОТ- (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Факултетот за физичко воспитание беше сместен во Будим, во близинајужната железничка станица и до улицата „Јанош Киш“ каде што живеев во 1951/52 година во Домот како ученик во гимназијата „Шандор Петефи“. Главната зграда била изградена во 1925 год., а подоцна се изградени уште една сала […]

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ЛЕФТЕР КАКО СТУДЕНТ ВО БУДИМПЕШТА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Во тоа време, во Полска се формира македонската организација „Илинден“ и јас бев многу радосен, почнав да ја цртам од други мапи картата на Македонија, но во нејзините етничко-географски граници, пред поделбата во Букурешт, во 1913 год. Почнав да одам редовно и во Бугарскиот културен […]

Будимпешта – Метрополата на младоста и успесите на Лефтер Манче (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Островот е богат со зеленило и има само три згради – националниот базен и хотелите „Гранд“ и „Термал“. Каде и да продупчиш длабока дупка во Будимпешта, и на многу места во Унгарија, ќе најдеш топла минерална вода. Тоа го знаеле и Турците, кои иако биле […]

Будимпешта – Метрополата на животот и иднината на Лефтер Манче (13)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ  Од селото Диг со воз допатувавме во Будимпешта и нè сместија во една голема стара зграда на два ката, што се наоѓаше на левата страна од реката Дунав. Тука бевме сместени над двeсте деца, собрани и донесени од разни села од Егејска Македонија.  Во големите […]

Најнови вести

To top