Дијаспора

Дедо Крсто – првиот печалбар од семејството Стамевски во Америка – дел I (10)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин

Во ова продолжение  ќе ја претставиме печалбарската судбина на дедото на Светле Стамевски,  печалбарот Крсте кој заминал за Америка. Инаку, при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век печалбарството станало масовна појава во Тетовско и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села

За почетоците на печалбарството во Македонија, а со тоа и од Полог било карактеристично што селаните ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите на Турција во соседните земји: Србија, Грција, Бугарија и Романија, а понекогаш и во Австро-Унгарија, Франција и Египет.

Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна; од Струшко и Битолско најчесто се упатувале за Скадар; од прилепските села и од градот оделе во Србија и Бугарија; од Охрид и околината, како и од Полог оделе во Србија, Бугарија и Романија, а голем број печалбари имало од Велешко, Кичевско, Демирхисарско и други места. По некое непишано правило, печалбарите се враќале дома по неколку години и со спечалените пари најчесто купувале имот.

Инаку, развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред се`, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци од Тетовско и пошироко од Полог да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Така, при крајот на 19-от век и на почетокот на 20-от век Македонците од етничка Македонија, а со тоа и од Полог почнале да одат на печалба и во прекуокеанските земји, САД, Канада, Австралија и Јужна Америка (особено Аргентина).

Така, се знае дека првите печалбари од Македонија пристигнале на северно-американскиот континент во 1885 година. Во Австралија првите Македонци – печалбари пристигнале по Првата Светска Војна, а првите групи дошле во 1924 година, слично како и во Јужна Америка.

Печалбарството, односно преселувањето од Македонија во САД и  Канада е карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Тетовско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, и други делови на Македонија. Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата Светска Војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралска Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото во периодот од неколку векови, по Првата Светска Војна, за релативно кусо време во одделни делови на етничка Македонија настанале крушни миграциони движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население. Бранот на иселување од Македонија, главно, од традиционално иселеничките краишта како што беше Полог се засили по Илинденското востание 1903 година, особено во периодот по делбите на Македонија, во текот на Балканските и Првата Светска Војна.

Според Специјалната комисија на ОН за Балканот, во извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија вкупно се иселени 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселија и ја колонизираа Егејска Македонија со грчки бегалци од Мала Азија.Слична судбина имаше и северо-западниот дел на денешна Македонија во која се доселиле илјадници Албанци, Геги, Качаци и балисти.

Исто така, иселувањата од сите делови на Македонија биле интензивни меѓу двете светски војни, а особено по светската криза. Иселувањето се засилило по Втората Светска Војна, посебно по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од егејскиот дел на Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални и социјални права.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Кој е Славе Николовски-Катин

Пишува: Душан Ристевски-Македон Славе Николовски-Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа,Охрид и Скопје, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, […]

МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈАТА НА СОНЦЕТО

Фиданка ТАНАСКОВА МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈАТА НА СОНЦЕТО НИЗ МНОГУТЕ ПОЛИЊА И ПЛАНИНИ, ГРАДИНИ И ДОЛИНИ, СЕЛА И ГРАДОВИ ИМА РЕГИСТРИРАНО НАД ШЕСТ ИЛЈАДИ АРХЕОЛОШКИ НАОЃАЛИШТА СО ДОСЕГА ПРОНАЈДЕНИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ АРХЕОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРАИСТОРИЈАТА ДО ДЕНЕС Македонија, земјата на сонцето и во Библијата запишана, со над шесте илјади археолошки локалитети и пронајдените десетици илјади археолошки предмети […]

Конкурс за македонски автори од Австралија: раскази и поезија за возрасни и деца до 30 ноември 2026 година

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА> Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј распиша традиционален конкурс: ПРЛИЧЕВА НАГРАДА за поезија и проза Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави традиционалниот годишен литературен конкурс за избор на најдобри прозни и поетски дела од македонските автори кои живеат во Австралија. Конкурсот е отворен во четири категории: Расказ на […]

Славе Катин е добитник на наградата „Клучевите на Преспа 2026“ за животен придонес во афирмацијата на Македонија и иселеништвото

Славе Катин е добитник на наградата „Клучевите на Преспа 2026“ за животен придонес во афирмацијата на Македонија и иселеништвото Годинешната награда „Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на истакнатиот македонски публицист, новинар и аналитичар Славе Катин, како признание за неговите достигнувања во публицистиката, науката и новинарството, за повеќедеценискиот придонес во афирмацијата на Македонија во […]

Birthright Macedonia: викенд на наследството во Скопје и Битола

Програмата „Birthright Macedonia“ продолжи овој викенд со посета на едни од најзначајните историски, културни и природни знаменитости во Македонија. Учесниците имаа можност одблиску да ја почувствуваат убавината и слоевитоста на Скопје, од прекрасните пејзажи на кањонот Матка, преку вековното Скопско кале, Старата чаршија и центарот на градот, до местата што ја раскажуваат богатата историја и […]

Ташко Јованов: Македонците во Албанија не се сами во борбата за својот идентитет

  Ташко Јовановски Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија даде поддршка за МАЕИ и Васил Стерјовски во Корча, во пресрет на судското рочиште по тужбата од Фондацијата „Бугарска меморија“. Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија од Скопје престојуваше во Корча, каде […]

КОРЕНИТЕ НА ФАМИЛИЈАТА НА СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад Инаку,  бабата Менка која била најмала, немала брат, а сите сестри и биле омажени, па дечињата и немале каде да […]

Одбележани 165 години од „Зборникот на браќата Миладиновци“ – епохалното дело и живиот глас на Македонците

Свеченото одбележување на 165-годишнината од „Зборникот на браќата Миладиновци“ беше посветено на делото што останува траен симбол на македонската народна мудрост, традиција и идентитет. На свеченоста, посветена на значењето на делото на Димитар и Константин Миладиновци, присуствуваше и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојен. Во своето обраќање, Анета Механџиска, директорка на ЈУ […]

To top