Дијаспора

Монографија посвета на претците на Стив Светле Стамевски (18)

Славе Катин

Славе Катин

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина.

Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква “Света Богородица” во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле – Стив Стамевски

Во продолжение ќе ги претставиме личните мислења и тврдења на бизнисменот Светле (Стив) Стамевски. Така, во разговорите што го водевме во неговиот дом во Детроит, меѓу другото тој ми го исјави следното:

„Дедо ми имаше една филозофија според која, како што ни велеше: ако дојде некој да бара нешто, дајте му. Услужете го. He враќајте го. Друга филозофи-мудрост му беше дека иако бевме околу петнаесеттина деца и толкумина постари, ете, толку народ на едно место, во една куќа и на  една софра, тој ќе ре-чеше дека прво мора да се нахранат децата, а потоа  останатите, повозрасните.

Мислам дека и наопаку да засадеше нешто тоа ќе изникнеше како што треба. Мераклија, таков беше. He го биваше книги да пишува или администрација да брка, ама затоа пак, каков мераклија беше за нивјето, за бавчите, за земјоделството. Се сеќавам дека дури и некои сорти тикви носеше од Америка. A носеше те бостани, те разни калеми, па дури и машини. Ние први в поле машина за жнеење внесовме.

Низ сиот тетовски вилает вршевме, а имавме воденица со три камења. Над 37 села носеа жито кај нас да мелат. He можевме да престасаме. Значи три камења имавме на вода и еден на струја. Тоа, всушност, беше млин.

Сега од сето тоа има по нешто останато ама поделено низ фамилиите, воденицата стои како магацин. Инаку, садевме и ориз во Јегуновце и Раотинце. Многу ориз садевме во Полог. Имавме и машина за чистење, за лупење ориз.

Продолжува

 

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top