Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви.
Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не правиме муабет.
Направија циркус невиден, со коски господ знае чии се, Грците ги изиграа дека се од Самоил после 1000 години, или со коски од орангутан, а уште не стивна циркусот и ете ти ја Ива. Како несовесен возач со одговорност за смрт на лице во сообраќајна несреќа, секаде низ светот се знае дека одговорност мора да се сноси. Но ете, Бугарија си зеде слобода: секој еден ако убие, ако е дилер, криминалец како Бендиков, неодговорна мајка како Спаска (Бог да ја прости) и било што да направи, едноставно ги брани и киднапира, со давање удобства на сите овие доколку се почувствуваат Бугари.
Изгледа секој еден криминалец, педофил, убиец и монструм, ако е роден во Македонија и специјално Македонец, има привилегија и среќа само да каже дека е Бугар и одма ќе си го најде рајот во Бугарија, без никаква одговорност и казна.
Европа си молчи и има само еден проблем: како да ги ставиме во Устав Бугарите, а на тој начин тие, ќе имаат сила и моќ на глава да ни се качуваат и врз нашите глави да уринираат и вршат голема нужда кога ќе им текне. И не дај Боже зборче да им зуцнеме, ќе треба милијарди да позајмуваме за отштета за вознемирување на нивните благонадежни татарски души.
Бугарското државјанство не смее да биде засолниште од правдата
Случајот со Ива Михаилова отвора сериозно прашање: може ли лице против кое се води судска постапка во Македонија да замине во Бугарија, да се повика на својата бугарска национална припадност и судскиот предмет да го претвори во приказна за национален прогон?
Каде тогаш остануваат бугарската, а уште повеќе европската правда?
Ива не е единствениот случај што заслужува внимание.
Нејзиниот татко, Симеон Михаилов, според објавените информации, е правосилно осуден на 12 години и шест месеци затвор во Македонија за обид за убиство. Баран е со меѓународна потерница, а тој јавно се појавува во Софија. Како е можно осудено и барано лице да биде видливо за телевизиските камери, а недостапно за органите што треба да постапат по потерницата?
Тука е и Владислав Тамбурковски, стечајниот управник осуден во отсуство за незаконска продажба на метали од велешката Топилница, кого постарите извештаи го наведуваат меѓу бараните лица што се криеле во Бугарија.
Спаска Митрова доби отворена дипломатска и политичка поддршка од Софија додека издржуваше затворска казна поврзана со попречување на контактот на таткото со детето. Нејзиниот случај беше претставуван како прашање на национална припадност, иако произлегуваше од семеен и судски спор.
Христијан Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија по нападот во Охрид и доби силна јавна поддршка. Истовремено, македонското обвинителство потврди постоење пријава поврзана со поседување кокаин. Пријавата не е пресуда, но ни политичката поддршка не смее да биде причина правните прашања да се премолчуваат.
Овие и многу други случаи имаат различни околности и не можат сите да се претстават како докажано одбивање на екстрадиција.
Секој има право на одбрана, лекување и правично судење. Но никој не смее да добие привилегија да ја избегне постапката затоа што има бугарски пасош или се изјаснува како Бугарин.
Националната припадност не е доказ за невиност, а државјанството не смее да биде штит од одговорност. Ако Европа се повикува на владеење на правото, тогаш тоа мора да важи еднакво за сите.
Редно е македонската јавност и Владата да реагираат дека вака повеќе не може и Бугарија да сноси одговорност за мешање во внатрешни работи и претерување со таканаречени Бугари кои се освестуваат како такви само после направен криминал.
ШТО Е МНОГУ, МНОГУ Е. ТАТАРИТЕ ЕПТЕН ЈА ПРЕТЕРАА И МОРА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА. ДОКОЛКУ ЕВРОПА ПРОДОЛЖИ ДА МОЛЧИ, ТОГАШ ДА СЕ МОЛИМЕ НА БОГА ТОЈ ЛИЧНО ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ И КАЗНИ И ДА СТАВИ КРАЈ НА ОВА ТАТАРСКО ЛУДИЛО.
АМИН!!!