Фељтон

Будимпешта – Метрополата на животот и иднината на Лефтер Манче (13)

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ 

Од селото Диг со воз допатувавме во Будимпешта и нè сместија во една голема стара зграда на два ката, што се наоѓаше на левата страна од реката Дунав. Тука бевме сместени над двeсте деца, собрани и донесени од разни села од Егејска Македонија. 

Во големите спални имаше по 30 до 40 деца во соба и немавме можност да си ги чуваме нашите лични предмети, така што ни стоеја под леглата, од каде што мене по неколку дена ми беа украдени.

Долу, во подрумот на зградата, секое попладне имаше топла вода, така што можевме да се тушираме. До зградата имаше и големо игралиште за фудбал, каде што по вечерата се шетавме и игравме.

Еден ден нè донесоа до еден мал стадион, каде што беа собрани младинци од многу држави, зашто тогаш се одржуваше првиот светски младински фестивал. За нас тоа беше голема радост, кога меѓу групите на стадионот се појави група облечена во партизански униформи на ДАГ. Преку микрофонот кажаа дека тоа се борци на ДАГ, кои дошле на фестивалот од слободната територија на Грција. Ние тогаш не знаевме дека тие борци се составени од ранети партизани кои се лекувале во Будимпешта и од повозрасни прогонети деца-бегалци.

За нас, на трибините, радоста беше огромна што повторно можеме да видиме партизани. Гледав дали меѓу нив има некој од моите браќа и сонував и јас да им се придружам и да заминам со нив да се борам против грчкиот фашизам.

На почетокот на септември 1949 година, прво нам ни дадоа униформа, специјално направена за децата коишто ќе учат да работат во фабрики. По нас, таква униформа им дадоа и на унгарските младинци. Од нашата група ги одделија нашите мајки (веќе реков, така ги нарекувавме одговорните жени и девојки кои беа задолжени да се грижат за групите деца).

Така, Тана Сугарчева и Вета Которенчева, кои беа повозрасни од нас, ги пратија да учат унгарски јазик и да се запишат подоцна на факултет, без да завршат четиригодишна гимназија. Подоцна, Вета заврши факултет и стана инжинер агроном.

Нас нè пратија да работиме по разни фабрики. Една група од околу 25 деца нè определија за фабриката „Ганз Хајо“, каде што се градеа бродовите на Советскиот Сојуз, како казна затоа што Унгарија учествувала во војната како сојузник на Хитлерова Германија.

Во „Ганз Хајо“ само јас и Спиро Кала бевме од нашето село; други три поголеми деца беа пратени да работат во фабриката „Ганз Маваг“, во која се правеа мотори за локомотиви. „Ганз Хајо“ беше сместена на левата страна на Дунав и таму одевме со трамвај. Многупати трамвајот беше полн и ние висевме на вратите.

Мене ме предложија кај еден унгарски техничар, да учам да станам машин-бравар, а другите деца беа распределени да станат електричари. Претпладне учевме на часовите унгарски јазик и физичко образование, што го изведувавме во една сала на фабриката, а попладне одевме да работиме во фабриката што беше сместена на брегот на Дунав.

Бродовите се градеа на вода. Тогаш и´ го напишав првото писмо на мајка Јана, фалејќи се дека работам и дека правиме бродови за тогашниот Советскиот Сојуз.

Храната во домот, кој го носеше името на генералниот секретар на Грчката комунистичка партија (КПГ) Захаријадис, беше доста добра и доволна. Дури носевме со нас храна во фабриките не само за нас, туку многупати и за Унгарците. Во тоа време, по Втората светска војна, Унгарија беше во многу тешка економска состојба.

Со Иљо Шабанов како ученици во 1950 година

Еден ден, во ноември 1949 год., нè построија и сите отидовме пешки до центарот на Будимпешта на прослава на пуштањето во употреба на новоизградениот мост Ланц хид, што значи мост на синџирот, повторно подигнат по уништувањето на стариот од Германците. Тој беше првиот мост, изграден во далечната 1848 година, кој го поврзува Будим со Пешта.

Архитект бил инженерот Кларк од Лондон. Од страна на Германците сите мостови на Будимпешта биле дигнати во воздух со динамит во ноември 1944 година, една сабота во 4 часот попладне.

Германците, како сојузници, без да им кажат на Унгарците, ги кренале во воздух мостовите во време кога голем број луѓе се движеле по нив. Тогаш многу народ паднал во Дунав, некои заедно со колите, автобусите или трамваите, при што многумина и загинале. Тоа го сториле Германците за да не може Црвената армија да влезе од Пешта во Будим.

Тие не знаеле дека Црвената армија го поминала Дунав уште во август истата година во Романија и дека веќе е на десната страна на Дунав, значи во Будим, и дека стигнала преку Белград, така што Германците биле заобиколени во тврдината на Будим, каде што страшни борби се воделе до февруари 1945 год.

Значи тогаш, при прославата околу повторното пуштање на мостот за сообраќај, видов колку голема е реката Дунав, иако Будим беше тотално разурнат во однос на Пешта. Од местото од каде што ние бевме собрани за прославата, се гледаше дека Будимпешта е сместена на идеално место покрај Дунав, почнувајќи од Германија, па сè до Романија. Будим е сместен на ридови со зеленило, а Пешта во рамнината.

До 1848 година, населението од Пешта со помош на мали бродови одело во Будим и тоа се сметало за место за одмор. Имињата на Будим и на Пешта се од словенско потекло. Пред тоа, Римјаните имале изградено мал град северно од Будим, а Дунав го дели градот на два дела: на Будим и на Пешта. Богатите вили се изградени во Будим. На средината на градот, на самиот Дунав, има еден голем остров кој се вика Маргарета

Продолжува

Најново од: Фељтон

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

Дел од патувањата на Лефтер и Мара на Балканот (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Една недела пред 26 јули 1963 год. со воз отидовме во Опатија. Кога излеговме од автобусот, зашто од Риека до Опатија патувавме со автобус, цела Опатија сјаеше од светилки. Секаде по улиците се движеа западни коли – од мерцедес до бе-ем-ве – а во Унгарија […]

Дел од животната сторија на Лефтер и Мара (24)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче По третата година од студии мораше да одиме еден месец на обука во болници по интерна медицина. Јас решив да одам во туристичкото село на северниот брег на Балатон, кое се вика Балатонфуред. Селото Фуред има значење како Охрид и Охридското Езеро за Македонија. Таму, […]

МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ НА ЛЕФТЕР И МАРА МАНЧЕ (23)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче Во летото 1960 година, кога повторно бев преведувач на една бугарска група на Балатон, таму на одмор престојуваше и Мара со своите родители и со Ева. Ја поканив да дојде со мене со брод до Бадацон, каде што требаше да ручаме со групата составена од […]

To top