Историја

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Славе Катин

Славе Катин

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел

Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било надвор од овие градови и нивните територии, тој го покорувал под своја власт. Александар не дошол како опустошувач, туку како иден владетел, а во покорените народи гледал свои поданици.

Тој настојувал да ги помири народите со новата власт, притоа водејќи сметка за нивните традиции, онолку колку што можеле да се вклопат во неговата империја и во новите услови.

Веднаш по навлегувањето во новите земји, Александар Македонски започнал да владее како нивен нов крал. По битката кај Граник ја организирал управата во намесништвото на Хелеспонтинската Фригија, чиј дотогашен намесник Арсит избегал по борбата.

На негово место го поставил македонскиот благородник Кала. Особено интересно, а можеби и изненадувачки за неговите Македонци, било тоа што на Кала не му дал македонска титула, туку ја задржал старата персиска титула сатрап – назив на кој населението веќе било навикнато.

Со титулата Кала добил и функции слични на оние што претходно ги имал Арсит. Александар Македонски не направил големи измени во обврските на новите поданици: данокот што дотогаш му го плаќале на Големиот крал, отсега требало да му го плаќаат на новиот владетел.

Истовремено, Парменион бил испратен да го заземе Дасцилиум, седиштето на сатрапијата. На тој начин Александар Македонски почнал да навлегува во правата и власта на персискиот Голем крал, чија круна подоцна ќе ја преземе.

Овие мерки покажуваат дека Александар Македонски не ги присоединил новоосвоените земји непосредно кон своето Македонско Кралство, туку ги оставал како посебни управни области под своја власт. Тоа укажува дека неговите планови веќе ги надминувале рамките на едноставно територијално проширување на Македонија.

Непосредниот ефект од победата кај Граник бил огромен. Соседните делови на западна Мала Азија почнале да паѓаат во рацете на Александар Македонски речиси без борба.

Кога пристигнал во Сард, седиштето на лидијанското намесништво, му биле предадени не само градот, туку и тврдината, која се сметала за речиси неосвоива, заедно со големото богатство што се наоѓало во неа. За командант на тврдината поставил Македонец.

И тука Александар покажал дека не дошол само да освојува, туку и да воспостави нова власт која ќе ги почитува особеностите на населението.

На Лидијците, народ со стара цивилизација кој имал значително влијание врз античката грчка култура, особено во религијата и музиката, Александар Македонски им ги вратил старите лидијски закони што важеле пред нивното потпаѓање под Персија.

Истовремено, покажал и дека неговиот поход има панелинистичка димензија. Во тврдината на Сард наредил да се изгради храм и олтар посветен на олимпиецот Зевс.

Откако го именувал Македонецот Асандер за намесник на Лидија, а финансиската контрола му ја доверил на еден од своите офицери, Александар продолжил кон брегот и пристигнал во Ефес. Таму, во согласност со својата панелинистичка задача, започнал со ослободување на античките грчки градови од персиската власт.

Од Ефес испратил воени единици кон ајолските и северните јонски градови, додека на југ Магнезија и Трал на Меандер ја изразиле својата приврзаност кон кралот.

Александар Македонски ги отстранувал олигархиските управи и воспоставувал демократски уредувања со обновување на старите закони. Тоа го правел како противмерка на персиската политика, која во овие градови најчесто ги поддржувала олигархиите.

Истовремено било укинато плаќањето данок кон Персија од страна на античките грчки градови. Ослободувањето од персиската власт на многу места било поздравено со одушевување, а Александар Македонски бил славен како ослободител.

Положбата на античките грчки градови во Мала Азија имала и големо економско значење. Нивниот развој и материјалните услови во голема мера биле поволни, особено во споредба со честите политички и меѓусебни судири во античкиот грчки свет.

Во изминатите и во наредните продолженија, преку „Македонска нација“, ќе се обидеме да го претставиме историското дело „Александар Велики“ од германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrich Wilcken, Alexander the Great), преведено и приспособено од англиски на македонски јазик од Славе Николовски-Катин како „Александар Македонски“, во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје во 1988 година.

Преводот на „Александар Македонски“ претставува едно од раните дела посветени на Античка Македонија објавени на македонски јазик и своевремено бил добро прифатен од читателската публика.

Александар III Македонски и неговото место во светската историја, според книгата на Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top