Историја

Легенди за Александар Велики Македонски запишани од Марко Поло

Во нашата јавност е малку познато дека легенди за Александар Велики Македонски запишал светски познатиот средновековен море­пловец и патеписец Марко Поло.

Марко Поло се родил некаде околу 1254 година во Венеција. Неговите татко и чичко биле познати трговци. Поради својата трговија, во 1260 година, тие тргнале на пат од Узбекистан за Кина, од каде се вратиле по девет години. По две години го зеле со себе и Марко Поло и повторно тргнале за Кина. Поминале низ многу азиски земји. Тие биле првите европјани за кои се знае дека ги посетиле пустината Гоби и висорамнината Памир. Марко Поло се сретнал со Кублај-кан и се вработил во неговата администрација. Три години бил управник на еден кинески град, а неговите татко и чичко исто така работеле во служба на Кублај-кан. Тројцата останале во Кина до 1292 година, по што заминале за Иран. Претходно ја посетиле Суматра и Индија. Во Венеција се вратиле во 1295 година. Во 1298 година Марко Поло бил затворен поради учество во војната помеѓу Венеција и Генова. Во затворот на затворениците им раскажувал за целото свое пате­шест­вие.

Следната година бил ослободен и се вратил во Венеција. Неговите  записи се објавени во 1300 година во делото „Патувањата на  Марко  Поло“ и  тие се сметаат за најпознатите патеписи во исто­ријата. За прв пат средновековните европјани се сретнале со поде­тални записи за животот во Кина и другите далечни азиски зем­ји. Се смета дека таа книга го предизвикала интересот и кај Хрис­тифор Колумбо да ги преземе своите патувања. Марко Поло починал во 1324 година.

Каква е поврзаноста на Марко Поло со Македонија и Маке­донците?

Најнапред да кажеме дека тој поминал непосредно крај македонскиот брег во Егејското Море пред да се врати во Венеција во 1295 година. Крај маке­донскиот брег претходно поминале и неговиот татко и чичко Николо и Мафео Поло, за време на нивното прво патување за Кина во 1260  година.

Но, тоа не е се. За време на своето патување, Марко Поло запишал четири легенди за Александар Велики Македонски и истите ги објавил во својот труд во 1300 година.

Првата легенда носи наслов „Осаменото дрво” и била запишана некаде во северниот дел на Иран. Таму на Марко Поло му било кажано дека во тие земји постоело едно осамено дрво среде огромна пустина. Наводно тоа дрво изникнало на местото на голема битка помеѓу Александар Македонски и персискиот цар Дарие.

Поло пишува дека тоа дрво било со огромна големина и дека од едната страна имало зелени лисја, а од другата бели. Она што е многу интересно е фактот дека на најстарата зачувана претстава на битката кај Ис (мозаикот од Помпеј од 80 година пред Христа) и навистина во позадината (над главата на Александар, кој е првата фигура од лево) се гледа едно осамено дрво.

Втората легенда за Александар Македонски што Марко Поло ја запишал во Азија носи наслов “Наследникот на Алек­сандар”.

Според оваа легенда, Александар се оженил за ќерката на Дарие некаде на територијата на денешен Авганистан. Од тој брак тие добиле деца, кои пораснале се ома­жиле и ожениле и така нивното потомство стигнало се до 13 век, т.е. до по­се­тата на Марко Поло на тие краеви. Тој запишал дека стигнал во земјата Ба­дак­шан, чии владетели себеси се сметале како директни потомци на Алек­сандар и на неговата персиска невеста. Во чест на својот наводен пре­док, тие ја носеле титулата „Зул-карнијан”, што рековме дека претставува исламско описно име за Александар Велики Македонски, под кое се смета дека тој е спомнат во Куранот.

Третата легенда носи наслов „Последниот еднорог”.

Според оваа ле­ген­да, познатиот коњ на Александар по име Букефал, до својата чети­ринае­сетта година од животот, наводно бил еднорог. Според тоа што го запишал Марко Поло во претходно спомнатата земја Бадакшан, наводно постоело едно  стадо еднорози, кои наводно потекнувале од Букефал. Ова стадо било во сопственост на некој богат член на кралското семејство во таа област. Кралот посакал да добие барем еден еднорог од тоа стадо, но богаташот го одбил. Поради тоа кралот наредил тој да биде убиен. Но, жената на бога­ташот, за да се одмазди на кралот, наредила на своите слуги да ги убијат сите еднорози што ги имале. Така била прекината лозата на коњот Букефал.

Четвртата легенда за Александар Македонски што ја запишал Марко Поло носи наслов „Александровата преграда”.

Оваа легенда се однесува за еден настан што наводно се одиграл на територијата на денешна Грузија. Спо­­ред оваа легенда во оваа земја напредувањето на Александар било зап­ре­но затоа што пред него се појавил опасен теснец. Од едната страна се нао­ѓа­ло мо­рето, а од другата имало непреодни планини со густи шуми пред нив. Овде Александар решил да изгради преграда во теснецот помеѓу двете пла­ни­ни. На тој начин  Александар ги спречил племињата што го напаѓале и ги отсе­кол од цивилизраниот свет. Таа преграда го добила името „Железна порта“.

Интересно е што мнозина истражувачи подоцна се обидувале да ја про­најдат таа „Же­­лез­на порта”. Така, на пример, некои средновековни арапски географи сметале дека таа преграда всушност е Кинескиот ѕид, а други сметале дека се наоѓала во Дагестан.

 

 

 

 

 

Александар ДОНСКИ

Најново од: Историја

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Документот сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како македонска светиња, со верба дека еден ден ќе бидат положени во престолнината на независна Македонија Овој редок документ на ВМРО претставува писмена благодарност упатена до македонскиот револуционер Михаил Чаков за неговата улога во пронаоѓањето, прибирањето и зачувувањето на посмртните останки на Гоце Делчев. Документот […]

ГОЛЕМОСРПСКАТА ВООРУЖЕНА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА

По Илинденското востание, Владата на Кралството Србија активно се зафатила со формирање, финансирање и раководење на четничка организација, чие дејствување било целосно насочено кон Македонија. Формирањето на Српската четничка организација и нејзината активност претставувале нова фаза во пропагандното дејствување на српската влада. За разлика од дотогашната пропаганда, спроведувана преку црквите и училиштата, сега била создадена […]

Британски документ од 1901 година: Во Бугарија живееле 600.000 Македонци

Британскиот амбасадор сер Франсис Планкет известува дека Македонците имале големо општествено, воено и административно влијание во Бугарија, а нивниот стремеж бил создавање независна македонска држава. Во писмо од 9 март 1901 година, сер Франсис Планкет, британски амбасадор во Виена, известува дека во тогашното Кнежество Бугарија живееле околу 600.000 Македонци. Документот претставува значајно дипломатско сведоштво за […]

Манифестот на Привремената влада на Македонија од 1881 година – повик за единствена и обединета Македонија

Документите донесуваат силно сведоштво за стремежот на македонскиот народ кон политичко обединување, автономно уредување и возобновување на сопствената државност по Берлинскиот конгрес На 11/23 март 1881 година во Ќустендил бил прогласен Манифестот на Привремената влада на Македонија – „Единство“. Тој претставува еден од значајните документи во развојот на македонската политичка и националноослободителна мисла во XIX […]

Сведоштвото на Асен Богданов: „Сите останати се чувствуваа како Македонци“

Опис под фотографијата: Асен Богданов, меѓу припадници на бугарската војска и полиција и нивни домашни соработници за време на окупацијата на Македонија. Точниот датум и местото на фотографирањето не се потврдени со наведен архивски извор. Бугарскиот полициски началник на Скопската област на судењето во 1948 година признал дека населението во Македонија не се чувствувало како […]

Јуџин Борза: Античка Македонија долго била прикажувана низ призмата на грчките автори

Античка Македонија долго време била разгледувана низ призмата на грчките автори, кои за неа пишувале главно кога се судирала или се поврзувала со интересите на грчките градови-држави тврди американскиот историчар Јуџин Н. Борза. Поради тоа, историјата на Македонија треба да се проучува како историја на посебна држава и народ со сопствен развој, а не само […]

To top