|
|
Аријан за битката кај Гавгамела меѓу војските на Александар и Дареј |
ЦЕЛАТА ВОЈСКА НА АЛЕКСАНДАР СЕ СОСТОЕЛА ОД 7.000 КОЊАНИЦИ И 40.000 ПЕШАЦИ. Целата војска на Дареј броеше: 40.000 коњаници, 100.000 пешадинци, 200 борбени коли, неколку слона...Со ваква војска Дареј се залогори кај Гавгамела крај реката Бумод... …А Дареј, пак, кога му беше јавено дека Александар веќе тргнал, ја распореди војската како за битка. И Александар ја водеше војската распоредена во боев ред... А Александар ... во таа битка, нагласи тој, не станува збор ни за Долноземска Сирија ни за Феникија, дури ни за Египет, туку дека таа ќе биде пресудна за превласта над цела Азија. Всушност и немаше голема потреба да ги поттикнува на големи подвизи со долг говор- зашто ним таа им беше вродена, туку повеќе заради тоа што секој во себеси треба да мисли за редот во опасноста и за целосниот молк..., и за силниот боев вик... Мудро да ги следи заповедите и брзо да ги пренесува до боевите редови; најсетене, да си има на ум секој..., дека од неговото невнимание зависи опасноста за сите, а дека од неговата доследност зависи целосниот успех. Со овие зборови и слични ним, тој накратко ги охрабри, а војсководците му одговорија да има верба во нив. Потоа заповеда војската да се нахрани и да си отпочине... Перманион дошол кај него во шаторот и го посоветувал ноќе да се нападнат Персијците... А дека Александар пак одговорил дека е срамно да се краде победата, и дека Александар треба да победи отворено и без измама... Александар по правило ризикувал во неговите битки, но сепак сметал дека ноќта е премногу опасна, а исто така при поразот на Дареј, скришниот напад под превезот на ноќта би бил оправдување за Дареј да не признае дека е по-лошиот кломандант на полошата војска... А војската на Дариј беше распоредена на следниов начин: на нејзиното лево крило стоеја бактријските коњаници и со нив Даите и Арахотите. По нив се построија Персијците, следеле Сузуците, а по нив - Кадусијците... Од десното крило пак, биле построени коњаниците од Којлесирија и од Месопотамија и Мидијците, Партите и Саките, Тапурите и Хирканите и Албаките и Сакесините. Во центарот во кој се наоѓал самиот цар Дариј и неговите роднини, застанале телохранителите... Слоновите и пе-десет српоносни коли кои биле сместени близу царскиот одред на Дариј... Грчките наемници биле построени од двете страни на царот и Персијците во близина, токму спроти македонската фаланга... Војската на Александар била построена на следниов начин: нејзиното десно крило го зафаќала македонската коњица на хетајрите, а пред неа застанал царскиот одред, под водство на Клејт... Командант на целата коњица на хетајрите бил Филота, син на Парменион. Напред со фалангата на Македонците застанал првиот помошен одред на штитоносците на македонската коњица, а по нив други штитоносци, предводени од Никанор, син на Пар-менион... На левото крило од македонската фаланга стоел од-редот на Кратер, син на Александар, а и самиот Кратер заповедал со левото крило на пешадијата построени коњаниците на сојузниците, на чело Еригиј, син на Ларих. До нив биле Тесалијците, под водство на Филип, син на Менелај. Со целото лево крило раководел Перменион, син на Филота, а околу него биле распоредени фарсалските коњаници... Таков бил распоредот на александровите сили од страната на фронтот. Но тој поставил втора линија, за да биде неговата фаланга двострана... Александар им заповедал на командантите од вториот боев ред, штом ќе забележат, дека Персијците ги оп-кружуваат нивните луѓе, да се насочуваат спроти нив и да преземаат удар на барбарите. Онаму, пак, каде што фронтот правел свиок... било да се повлече фалангата во длабочина, или да се стесни, на десното крило биле построени половината од Аргијаните од царскиот одред... Натаму доаѓале македонските стрелци и стрелци од т.н. наемници-ветерани... Пред Аргијаните и пред стрелците со лак, биле построени извидниците коњаници... и Пајонците... Но пред целиот боен ред стоеле коњаниците-наемници на Менид... Пред царскиот одред застанале половината на Аргијаните и стрелците на Балакрос. Овие делови од војската зазеле позиција спроти спасоносните коли... Вој-ските од целиот десен табор беа распоредени од Александар на следниов начин: на левиот крај... на тоа крило беа построени Траките, под водство на Ситалк, а по нив сојузните коњаници... Пред сите војски од тој сектор од фронтот била построена наемничката коњица под водство на Андромах. Тракијските пешаци биле додадени како засилување. А целата војска на Александар се состоела од 7.000 коњаници и околу 40.000 пешаци. Откако двете војски се приближиле една до друга, можело да се види како Дариј и персиските телохранители и Индијците и Албанците и Криријци се наоѓале токму наспроти Александар и неговиот царски одред. Тогаш Александар откако го поттикна своето десно крило да оди се понапред, ја поведе својата војска, а Персијците тргнаа напред, давајќи му најголема тежина на своето лево крило... Кога виде дека Македонците се преместуваат на испресечен, стрмен терен, Дариј се уплаши да не излезат бесполезни неговите српоносни бојни коли, па му заповеда на предниот дел од десното крило да го нападне со ко-њаниците левото крило, со кое заповедаше самиот Александар и да му го попречи натамошното движење... Потоа Александар им заповеда на Пајонците... и на наемните одреди да влезат во борба против Скитите, како последица на што барбарите беа одбиени... Меѓутоа Бактријците, а и другите делови, прибли-жувајќи им се на Пајонците и на странците и успеаа да ја продолжи борбата на коњицата. И паднаа многумина војници на Александар, потиснати од големиот број Персијци... Но Македонците ги издржааа и нивните напади и напаѓајќи ги според борбените единици, го растурија нивниот борбен ред. Во меѓувреме, Персијците ги пуштија нивните српоносни борбени коли директно на Александар, да го растурат борбениот ред на фалангата. Но, тука најмногу се излажаа: зашто веднаш штом се приближија започнаа да ги гаѓаат со копје Аргијаните и копјоносците под водство на Балакро... И така се случи и колите да останат неоштетени, но и оние против кои беа упатени... Но подоцна и овие коли беа совладани од коњаниците на Александровата војска и од кралската телесна стража. Кога Дареј веќе ја донесе целосната фаланга, тогаш Александар заповеда Арет да ја нападне коњицата што вртеше во кругови околу нивното десно крило. Самиот тој ја водеше во колона својата војска; но кога коњицата беше испратена да им помогне на оние што се вртеа околу десното крило и некако оставија празнина во боевиот ред на Персијците, се зададе накај нив празнината и правејќи клинообразен боев ред од коњи-цата на Придружниците и од делот на фалангата што беше распо-реден на тоа место, ги поведе двојно и со силен боев вик директно на Дареј... дојде до борба гради в гради; но тогаш коњицата на Александар и самиот Александар силно нападнаа на непријателот, всушност, тепајќи ги со тупаници и сечејќи им ги со копја лицата на Персијците. А македонската фаланга, збиена и застрашувачка со македонските копја, веќе се нафрли врз нив и на Дареј... Сеж наоколу му се стори страшно и самиот тој прво се заврте и бегаше. Се преплашија од силниот напад на Аре-товата војска и оние Персијци, кои се обидуваа да го блокираат десното крило со коњите. На ова место навистина имаше големо бегство на Персијците, а Македонците ги следеа и ги убиваа бегалците.... Беше јавено дека левото крило на Македонците е во неволја и таму дојде до жестока акција самите Персијци заробеници, кога навлегоа Персијците им се придружија во акцијата и се нафрлија врз Македонците. Сепак, командантите на војските што ја сочи-нуваа резервата за првата фаланга мудро се повратија на челото, според првичните наредби и така се појавија во по-задината на Персијците; и таму убија многумина од оние што ги беа опколиле животните со опремата. Некои пак се отклонија и избегаа. Персиската војска пак на десното крило, немајќи претстава за тоа дека Дареј веќе избегал, јавала околу левото крило на Александар и нападнала на војската на Парменион. На ова, Македонците пред сеж беа меѓу два огна. Парменион му испрати на Александар... гласник...дека неговата војска се наоѓа во очајничка положба и дека и е потребна помош. Кога му беше тоа јавено на Александар, престана со бркањето, и откако се сврте со коњицата од Придружниците, се зададе кон десното крило на Персијците. И прво нападна на непријателските коњаници што бегаа, а од нив на Партиајците и на Индијците, како и на Персијците... И тука се одви една од најжестоките ко-њички борби од целата битка... Персијците се свртија и челно се судрија со Александровите војски. Секој гледаше да си го пробие патот низ сеж што ќе му се испречеше… Без прошка сечеа и беа пресекувани како борци кои не се борат за победата на друг, туку за сопствениот спас. И тука паднаа околу 60 придружници на Александар и беше ранет и самиот Хефајстион, како и Којнос и Менида. Но Александар притоа се додржа. И оние Персијци што се провлекоа низ војските на Александар се разбегаа како без глави. Но Александар сега беше подготвен да се судри со непри-јателското десно крило. И тука Тесалиската коњица, славно борејќи се, не беше подолу во борбата од Александар, но бидејќи веќе беа побегнале барбарите од десното крило, кога Александар се судри со нив, Александар се поврати и повторно почна да го гони Дареј... И војските на Перменион ги гонеа противниците што бегаа пред нив.... Од Александровите војски загинаа над стотина луѓе, а од рани и од стрес при гонењето на илјада коњи… А од барбарите се велеше дека загинале триста илјади, но дека поголем од умрените бил бројот на оние што биле заробени, како и слоновите и борбените коли што не биле уништени во битката... И се оствари пророштвото на Александар, дека во истиот месец во кој месечината ќе се помрачи, ќе дојде и до битката на Александар и до неговата победа... Веднаш по битката Дареј се зададе кон Медија, а со него избегаа бактријските коњаници… Персијците од кралското семејство… 2.000 странци платеници. …И не се излажа Дареј, зашто откако замина од Арбела, Александар веднаш тргна кон Бабилон. Кога Бабилонците масовно го пресретнаа, со свештениците и главатарите, секој од нив со дарови - го нудеа и градот и тврдината и богатството. Кога Александар пристигна во Бабилон, им заповеда на бабилонците да ги изградат повторно храмовите што ги беше урнал Ксеркс... …Од Бабилон до Суса Александар стаса за дваесет дена. И откако пристигна во градот и го зеде богатството - околу 50.000 таленти од сребро - и сето останато од кралската сопственост и сето она што Ксеркс го беше донел од Грција... Откако се покрена од Суса и мина преку реката Паситигар, ја нападна земјата на Уксијците... По ова тој се упати кон Медија-беше разбрал дека Дареј е таму… А Александар, кога узна дека не може со брзото гонење да го стаса Дареј, остана таму пет дена и ја одмори војската... Кога го слушна тоа, Александар поита уште побрзо... за Дариј разбра дека е навистина заробен и дека е носен во затворена кола и дека власта му била предадена на Бесос… Оние што го заробија Дареј, решија, дека ако разберат дека Алексан-дар ги гони, ќе му го предадат Дареј на Александар, за да се здобијат со неговата наклонетост. Ако разберат дека Александар се вратил, ќе соберат што е можно поголема војска за да можат здружено да го одбранат кралството... Откако го чу тоа Александар реши да продолжи со најголема брзина... Аријан, Александровата Анабаса..., кн.ИИИ, ВИИИ-ЏВИ , стр.75-85; ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ Д-р Иван Алексов |