Среда, 28 Јануари 2015   
Аријан за владеењето, смртта и славата на Александар

НЕНАДМИНАТ БЕШЕ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ВОЈСКАТАН И ВО КРЕВАЊЕТО НА ДУХОТ НА ВОЈНИЦИТЕ

1024px-Battle of Gaugamela

 „Александар умре во сто и тринаесеттата Олимпијада...Тој живееше триесет и две години и осум месеци... Владееше дванаесет години, и споменатите осум месеци... Многу беше бистар, мошне храбар, желен за слава и за опасности и водеше многу грижа за божеските работи... Најсјаен беше да постапи правилно дури и во најнејасните ситуации... најсреќен беше во предвидувањето за тоа што ќе се случи. Ненадминат беше во рас-поредувањето на војската, за да ја вооружи и да ја уреди. Нај-доблесен беше во кревањето на духот на војниците и во исполнувањето со добри надежи; стравот од опасностите го потиснуваше со соспствената бестрашност. И најсмел беше кога се наоѓаше во неизвесност. Мошне беше вешт брзо да го нападне непријателот и да го зграпчи пред некој и да помисли што ќе го снајде. Беше сосема доследен во одржувањето на ветувањата и договорите... Беше многу штедлив за парите што ги арчеше за сопствените задоволства, а најдарежлив кон другите.

 И да направи Александар некоја грешка затоа што  беше брз или кога беше лут, или ако сеж и се приближил на ароганцијата својствена за истокот... Знам дека за разлика од кралевите од постар ков, кај Александар се јавуваше каење за неговите греш-ки, зашто беше благороден...

Тоа пак што од бога сакал да го изведе своето потекло... за да остави впечаток кај поданиците и да се прикаже како повозвишен. Јас всушност и не сметам дека бил помалку прочуен крал од Миној, Ајак или Родомонт. Тие се поврзуваат со Зевса по однос на потеклото... згора на тоа, мислам дека прифа-ќањето на персиската облека беше итрина, и за Персијците, за нивниот крал да не биде целосно различен од нив, и за Маке-донците, за да попуштат малку во нивната грубост и возгордеаност. Заради истата причина... ги внесол во војската персијските војници... и персијските благородници во нивните одреди на коњицата.

Оној што зборува за Александар нека зборува, но не само за неговите грешки, туку за целокупните негови постапки и подвизи... нека се запраша самиот... за неговиот сопствен живот и потоа да го спореди сето тоа со Александар, што стана тој, до кој степен тој постигна успех за еден човек, откако постигна да стане крал, и покрај сите противречности на обата континента  се прочу неговото име најшироко што е можно... Јас верувам дека во тоа време немаше народ, ни град, ниту пак човек што не го знаеше името на Александар... И честа и спо-менот за него беше повеќе одошто за обичен човек. Дури и сега, по сето ова изминато време има пророчишта кои му биле пос-ветени на народот на Македонците и сите се во негова најголема чест...”

Исто, Аријан, Александровата Анабаса, кн.ВИИ, стр. 233-235

Д-р Иван Алексов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.