Среда, 24 Март 2021   
Преживеаните борци од Граѓанската војна во грција: Ристо Малов

НЕ ДОЗВОЛИВ НИЕДЕН МОЈ БОРЕЦ ДА ЗАГИНЕ!

risto-malov

Дедо Ристо Малов ја живее деветата деценија од својот живот. Иако годините си го направиле своето, тој се’ уште многу добро се сеќава на борбите во кои учествувал. Тој бил и на Албанскиот фронт за време на Грчко-италијанската војна, но и во Граѓанската војна. Роден е во село Сетина, Леринско, во далечната 1916 година.

Потсетувајќи се на минатите времиња, вели дека живеел скромен живот. Учел училиште на грчки јазик. Како дете, заедно со неговите другарчиња Македончиња, зборувале на македонски јазик. Дедо Ристо раскажува за случката кога некој офицер ги прашал каков е тој јазик на кој зборуваат, а кога децата му одговориле дека тоа е македонски, офицерот категорично им рекол: „Нема македонски јазик, тој е мешавина од бугарски и турски јазик“. Евоцирајќи спомени на војничките денови ја пееле песната која потекнува од 1821 година, а во која се зборувало за Македонија. За своето учество во Грчко-италијанската војна вели:

„На 28 октомври 1940 година на албанскиот фронт се судривме со Италијанците. Борбите се водеа во Курица, Елбасан... На албанскиот фронт загинаа осумина борци од нашето село. Всушност, од Сетина на албанскиот фрон имаше околу 50-60 луѓе. Кога завршија борбите на фронтот, од јуни 1941 година отидов во ЕЛАС. Во 1945 година во Варкиза имаше некој договор да го предадеме оружјето. Во 1946 година бев воен референт. Тогаш повторно почнавме да се организираме за Граѓанската војна“.

Во грчко-италијанската војна со него се борел и дедото на сегашниот македонски премиер Никола Груевски, Коле Груевски. Тој му бил роднина на нашиот соговорник Ристо Малов, кој во оваа прилика ни кажа и неколку збора за Коле Груевски.

„Коле и Павле Груевски беа двајца браќа. Тие ми беа роднини. Овие деца се прибраа кај нас. Постариот Павле подоцна замина за САД, а Коле остана во нашето семејство како наше дете. Со него седум години спиев во една постела. Беше добро дете, ме учеше да зборувам на грчки јазик. Заедно бевме и на Италијанскиот фронт. Тој таму загина“, посочува Малов.

Во селото Сетина грчката војска била до 1936 година, потоа повторно се вратила, а во 1945 година кога почнала Граѓанската војна се повлекла. Тогаш се формирала и ДАГ, која го продолжила дејството на ЕЛАС. Во 1946 година Малов бил воен референт, а неговата задача се состоела во тоа да ги собира младите од селото и да ги подготвува за Граѓанската војна. Од Сетина ги носеле во Албанија каде се подготвувале за борба. Во куќата на Коле Груевски во Сетина, која тој му ја отстапил на неговиот чичко, бил и главниот штаб на партизаните. 

„Во текот на целата војна најжестоките офанзиви се водеа на Грамос. Имаше борби на Вичо, Малимади, Костурско... Освен едно дете од мојот вод, кое беше рането, не дозволив да загине ниту еден од моите триесеттина борци, зашто знаев како да дејствуваме, бев добро војнички подготвен“, вели нашиот соговорник.

Кон крајот на војната Малов се разболел од жолтица. Бил пренесен во болница во Македонија.

„Прво дојдов во Прилеп, потоа во Козле, па на Матка... Се подготвувавме да се вратиме назад, но додека да се подготвиме, тоа го направи другата страна и ги ликвидираа нашите борци. Тогаш падна и Грамос“, вели Малов.

Во текот на војната грчките команданти, како што потенцира Ристо Малов, ништо не им ветувале во однос на нивните права.

„Тоа не е ваша работа, ќе видиме потоа, ни велеа. Повеќето не знаеја зошто се бориме. Од борците во ДАГ повеќето беа Македонци, а Грците не беа ниту десет отсто. Јас знаев зашто ние Македонците се боревме, за јазик, за школо, за црква. Но, за тоа не можеше да се дискутира, зашто Грците н# нарекуваа Бугари, 'славомакедонци', а можеа и да н# ликвидираат“.

Животниот пат го продолжил во Скопје, а неговата сопруга била во Свети Николе. Сепак, судбината ги споила во главниот град.

Од книгата Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните

Жаклина МИТЕВСКА

Ташко Јованов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.