Среда, 04 Февруари 2015   
Древните Македонци, предци на денешната македонска нација

Drevni-Makedonci

Историските податоци, но и обичната логика, јасно укажуваат дека древните Македонци целосно ја внеле својата крв и култура во денешната макендонска нација.

Древните народи не исчезнувале од лицето на земјата и не испарувале во воздух (освен доколку не постојат податоци за нивно масовно иселување и сл.).

Древните народи во најголем дел ја внесувале својата крв и култура во посовремените етникуми што се појавувале на нивната територија.

Ова денес е прифатено од речиси сите историографии во светот. Таков е случајот и со балканските историографии. Така, на пример, грчката историографија смета дека денешните Грци се директни потомци на древните Хелени, т.е. на народот што во антиката живеел на територијата на денешна Грција (иако ќе наведеме податоци дека не е сосема така). Според ова, токму древните Макендонци се древните предци на денешната македонска нација.

Но, поради извесни познати дневно-политички причини, до не така одамна, во Република Македонија (додека се наоѓаше во рамките на Југославија) беше оневозможувано да се истражуваат етно-културнните врски помеѓу древните Макендонци и денешните Македонци (со исклучок на поедини инциндентни случаи). Македонската и југословенската официјална историографија за време на комунизмот (а, по инерција, и подоцна) исклучиво ја форсираше теоријата според која денешните Макендонци се 'чисти Словени' со 'прататковина' од заткарпатските мочуришта.

Вистината дека древните Македонци не биле никакви Грци денес е с# поприфатена во светската наука, наспроти жестоките напори на грчката историографија и пропаганда да го докаже спронтивното. Во пошироката јавност во светот е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот 'грчки карактер' на древните Макендонци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.

Познатиот американски историчар д-р Јуџин Борза, (Eugene Borza) кој денес се смета за еден од најголемите авторитети во светот во однос на историјата на древна Македонија и чие име се среќава во голем број енциклопедии (во поглавијата за древна Македонија), како и во голем број американски документарни емисии посветени на оваа тема, во својата извонредна книга 'Во сенките на Олимп - појавата на Макендонците' (In the Shadow of Olympus, The Emergence of Macedon, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990) - книга, која поради својата објективност во презентирањето на аргументација, прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото потекло на древните Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај древните Македонци.

Д-р Борза смета дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древен јунак 'обединител', на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков 'обединител' тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги 'обединил' Грците.

Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како 'обединител на Грците' германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како 'обединители') на грчките градови-држави, нарекувајќи ги 'барбари' и 'тирани'.

Со текот на времето, компаративните научни истражувања од разни области, с# повеќе почнаа да приложуваат докази дека древните Македонци не биле никакви Грци.

Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже спротивното претставува само дефанзивен рецидив од германската пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-политичките и стратешки национални грчки интереси, какво што е задржувањето на приграбениот крупен дел од Македонија од страна на современата грчка држава во 1913 година и сл.

За ова денес се свесни сите сериозни истражувачи на древна Македонија во светот. Самиот д-р Борза пишува:

'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'. (Борза, стр. 6).

Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори.

Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас. Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', овој грчки археолог,
пишува: 'Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден). Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци? Одговорот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праисторискиот период. Македонски извори не се зачувани. За Македонците имаме информации главно од непријателите на Македонците: од Атињаните, како Демостен; од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска окупација, како Полибие.

'Голем дел од податоците за Македонците доаѓа од писатели кои живееле во грчките градови-држави, полиси. Животот и историјата на Македонците честопати им биле туѓи на Грците'. (D-r Synthia Syndor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pennsylvania State University, 1988, стр. 8).

Познатиот француски научник Виктор Берар (1864-1931). Во изданието 'La Revue de Paris', тој напишал:

'До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците. Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци'. (Подетално кај: Т. Л. Поречки: 'Истина о Македонији кроз докунментацију', Белград, 1992, стр. 62).

Уште подециден е д-р Борза, кој во врска со ова пишува:

'...Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина. За несреќа, на древните Македонци им недостасуваше некој како Полибие кој ги расветли институциите што подоцна ги направија Римјаните славни. Оние што ги спомнувале македонските обичаи или им биле непријатели на Македонците, или биле подоцнежни биографи на Филип, или пак биле дилетантски собирачи на гласини и егзотика. Секој обид да се реконструира внатнрешната историја на Македониците со помош на вакви фрагменти е крајно тежок'. (E. Borza, In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon..., стр. 232).

Од друга страна ни современите археолошки ископувања во денешниот дел на Македонија под Грција не се отидени којзнае колку далеку, а да не зборуваме за веројатниот субјективизам во презентирањето на археолошките наоди од страна на грчката држава пред светот.

Д-р Словиковски во својот споменат труд ја потенцира незадоволителната активност на грчките археолози на тлото на Македонија под Грција, па вели:

'С# до пред десетина години археологијата во северна Грција (Македонија) беше игнорирана за сметка на плодоносните наоди во таквите области како што е Атина'. (Исто, стр. 8).

И д-р Борза (стр. 12) пишува дека за ископините од древна Македонија се дознава главно преку годишните извештаи на грчкиот археолошки сервис и од понекои странски списанија. Сепак, и покрај сите овие моменти, денес има пронајдено доволно докази за самобитноста на древните Македонци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.