Среда, 04 Февруари 2015   
Надворешно политичката активност на ТМОРО за време на Илинденското востание

zname-ohrid-cheta-peter-chaulev

Надворешнополитичката активност на ТМОРО за време на востанието претставува битен момент, не само поради пропагандниот ефект и запознавањето на јавноста на Европа со ситуацијата во Македонија, туку и поради тоа што го поставува прашањето за меѓународното признавање на Организацијата и нејзината борба, а преку тоа и за меѓународно-правно субјективизирање на нејзината борба.

Од друга страна, надворешнополитичката комуникација на ТМОРО, пред се`, документите што се упатени до големите сили, претставува и негација на "настојувањето на бугарскиот двор да му придаде на ослободителното движење во Македонија пробугарски карактер. Наедно, со овие интервенции, бугарската дипломатија е исклучена од воспоставувањето односи меѓу Македонија и европските држави, т.е. таа се исклучува од тогашните и идните евентуални преговори во врска со промената на статусот на државно-правната положба на Македонија".

Преку активноста на ТМОРО на меѓународен план, се поставува барањето за признавање на статусот на завојувана страна на востаниците. На тој начин, "македонските востаници со ова ја истакнаа наедно и потребата дека само нивните претставници можат непосредно да стапуваат во меѓународни односи по повод и во врска со решавањето на македонското прашање, независно од тоа што во овој период Македонија не е конституирана како посебна држава". Во барањето да им се признае статусот на завојувана страна, востаниците "својот субјективитет го изведуваат врз основа на тоа што тие го отфрлиле суверенитетот на султановата врвна власт во овој дел на Турција, прогласувајќи востаничка држава, односно, формирајќи нова држава". Турција одби да ги признае вооружените востанички формации како завојувана страна, а Организацијата остана и без очекуваната поддршка од големите сили. Тоа повлекува, практично, одврзани раце на Турција своите "внатрешни" проблеми да ги решава на свој начин, што подразбира невидени крвави репресалии и ѕверства. 

Makedonski-dokumenti
Извор: Македонско братство

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.