Среда, 26 Април 2023   
Смртта на војводата Христо Узунов – случајност или предавство

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Во пантеонот на македонските револуционери значајно место зазема и прочуениот охридски војвода Христо Узунов,неприкосновен борец за слобода,јунак кој го даде својот живот како саможртва заедно со животите на неговите четници.

Сепак до ден денес во македонската историја не се знае дали смрта на војводата Узунов била предизвика од случајно откривање на неговата чета од турските власти или пак тој го изгубил животот како резултат на предавство.

И за едната и другата теорија има доста докази,најпрво ќе ја разгледаме можноста за случајно откривање на четата од страна на турските власти.

Клучни моменти за разврзувањето на овој настан се случувањата што се случувале од 4 до 11 април 1905 година. Во истиот период во Крушевско се наоѓал османскиот жандармериски полк со заменикот командант, поручникот Изрет. Самиот Изрет известува дека од османскиот информатор добил податоци за четата "која се појавила во селата Журче и Белино и се префрлила во Годивје, а оттаму заминала за Селце. Макар и да имав намера од почетокот, известува Изрет, да заминам лично за Селце и да се информирам на самото место, нашиот посматрач ме разубеди во тоа, кога ми рече дека, востаниците демнат и дека нивното уништување е тешка работа... Во недела утрина, рано, посматрачот пак дојде кај мене и ми соопшти со најголема сигурност дека истата чета минала низ Арилово, а приквечер оттаму за Цер..."

Иако името на османлискиот доушник останало непознато,тој го известил поручникот Изрет за движењето и бројноста на четата,па така четата која воопшто немала намера да го прогонува Узунов сега се впуштила во сериозна потера.

Другата верзија односно теорија е дека војската не ги открила случајно четниците преку својот извидник,туку дека тоа тоа е предавство кое произлегло од самата револуционерна организација а во која главната вина се префрла врз сарафистите Алабакот и Лигушев.

Во овој период од Бугарија со 18 четници ќе пристигне Иван Алабакот кој бил краен сарафист и заедно со Петар Лигушев го преставувале,сарафистичкото крило во Битолскиот револуционерен округ а Христо Узунов бил краен противник на истите. Алабакот постојано се борел да добие свој реон на дејствување но никако тоа не му успевало. Па затоа заедно со Петар Лигушев ќе сковаат план за Алабакот да го превземе реонот на Христо Узунов.

Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала утрината на 11/24 април. Четата направила обид да го пробие обрачот, но откако во битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник - Наумче, четата се вратила во куќата на Костадиница Стојанова Паунова, која куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи се до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себе си, несакајќи живи да се предадат на османлиските власти. Сето ова дејствие оддалеку било надгледувано од Иван Алабакот кој пак стоел на сигурна оддалеченост и си гледал сеир. Иако правилата на Организацијата строго одредувале дека при опасност и при опсади четите мора да се помагаат меѓусебно а отстапката од овие правила се казнувала со смрт.

Иван Алабакот никогаш и не бил казнет за оваа постапка поради тоа што на чело на Битолскиот Револуционерен Округ се наоѓал Петар Лигушев, негов искрен подржувач и истомисленик окоравен сарафист. За овој настан војводата Aтанас Митрев ќе каже:"оформениот и докажан предавник и шпион Петар Лигушев. По наша увереност, вели Митрев, ако тој шпион и предавник немал никакви врски со Алабакот, последниот не би смеел да гледа сеир кога аскерот одел во Цер, и кога ја опкружуваше четата на Узунов, зашто како стар војвода, тој знаеше што го очекува за таков сеирџилук"'. Бидејќи Алабакот не претрпел никаква казна за кршењето на еден од основните принципи во организациониот живот, тоа може да значи дека стореното или било наредено од Лигушев или одобрено од него. Истиот за жал ќе биде предавникот и на Узуновиот другар - Ѓорѓи Сугарев. Кон ова би го кажале и додатниот аргумент, дека, Лигушев во својство на претседател на Окружниот комитет имал можност да го определува движењето и маршрутите на четите, така што можеби тој (или преку свој човек, османлиски шпион) можел точно да го предаде движењето на четата на Узунов за таа да биде сосема уништена.

Од се наведено можеме да заклучиме дека се работи за смислено предавство од страна на Алабакот и Лигушев а не за случајно откривање од страна на османлиите,па дури оваа можност ја смета за веројатна и самиот Христо Узунов.

Со ова предавство македонскиот народ изгубил еден голем херој. Револуционерното движење заслабнало и се отворил терен за продор на туѓите интереси врз Македонија.

Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе Лодди кој запишал: "На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. - Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв... Ја видов Македонија во тој момент - маченица, велика, непобедива!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.