Среда, 11 Март 2015   
Српскиот Министер за просвета и црковни дела Стојан Новаковиќ, до Министерот за надворешни работи: Предлози за ширење на српската пропаганда во турските предели (Македонија)

(1883 година)

Stojan Novakovic

Господине Министре,

Бидејќи ми е познато дека според Ваша наредба работи Комисијата, која има задача да промислува за средствата со кои би се поддржал српскиот елемент надвор од границите на Кралството, чест ми е за истата да Ви ги изложам приложениве предлози на г. Милош С. Милојевиќ, директор на лесковачката нижа гимназија, а поименично:

1. Предлогот да се основаат српски книжарници низ Турција;

2. Предлогот да се воспостави друштвото “Српско коло” за ширење на српските идеи надвор од границите;

3. Предлогот да се земат на работа личности кои во одделните турски предели би ги унапредувале и би раководеле со српските стремежи;

4. Предлогот за основање средни школи и богословии надвор од границата;

5. Предлогот за воспоставување на ИИ одделение на Богословијата;

6. Предлогот  лицата подготвувани за прекуграничните работи со сила таму да се упатуваат и да се отпуштат од служба во Србија;

7. Предлогот за организација на српска црква во Турција како средство за дејство против бугаризмот;

8. План за подигнување школи низ Турција;

9. Предлогот во Цариград да се основа печатница и весник за српските интереси...”

...Прилог бр. 115/И

До Господинот Министер за Просвета и Црковни Дела

Како што долу потпишаниот е известен, Бугарите не само што имаат намера во Скопје да подигнат едан печатница, во Призрен и Приштина итн., книжарници, како што ги имаат во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Охрид итн., туку уште и започнаа на тоа најживо да работат и благодарејќи на заземањето на рускиот конзул во Призрен, веќе имаат и доста силна партија во Призрен и околината за себе и својата цел; затоа предлогот на потпишаниот е што побрзо да се отворат:

И. Српски книжарници и тоа :

1.         во Велес

2.         Скопје

3.         Битола

4.         Охрид

5.         Призрен, и каде уште би било можно...”                                                                                          

...Директор на лесковачка народна гимназија

М.С.Милојевиќ”

...Прилог бр. 115/В

Доверливо

Господине Министре за Просвета и Црковни Дела,

Патувајќи во 1870 година по Србија под Турците, потпишаниот имаше прилика, а и должност му беше за сеж и за сешто да се допраша и дознае, што се однесува на познавањето на правата состојба на српството, тогашната и во минатото, но особено што се однесува на ослободувањето и обединувањето, под народната владетелска лоза на Обрениовиќите и со оние списи и двете мапи предадени на 24 јули 1880 година на госп. претседател на министерскиот совет... да во споменатото свое патување, со сите наши први лица во Србија под Турција дојде до уверување: дека без воспоставување на српската пеќка патријаршија, макар и во која положба, таму нема опстанок на српската народност, и дека таа конечно ќе се искорени со нафрлува-њето Словенофилско-бугарско како што порано се искоренувала, до пос-танокот на бугарската егзархија, од фанариотските Цариграѓани, па сега и нема цели бивши српски не само епископии, како: локвенската, патилската, черманичката, мирозвидската, кончулската, туку и цели митрополии, како: хвостанската, јањевската и чулската итн… На основа тие спогодби и договори, потпишаниот кон крајот на 1874 година, започна  најживо да ја привршува својата работа, привлекувајќи ги претходно на наша страна не само целите постоечки митрополии, туку и уште поважно и нивните митрополити, како: призренскиот г. Мелетиј, скопскиот г. Пајсиј, кој вети дека ќе потроши за горната цел милион гроша, дебарскиот г. Антим, охридскиот г. Мелетија зворничкиот г. Дионисија и напола: сараевскиот, елбасанскиот, битолскиот, велешкиот и бањскиот (Ќустендил бањски)...”        

Архив Србија -Београд, МИД, ПО, ф.ВИ, досије ИИИ, Пов. бр. 574/1883;

Архив на Македонија-Архив Србије, Граѓа за историјата на македонскиот народ

од Архивот на Србија, т. ИВ, кн.И (1879-1885),  док. 115, стр.183-184, 191;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.