|
|
Штипската општина ја изнесува тешката положба (1883 година) |
ШТИПСКАТА ОПШТИНА ЈА ИЗНЕСУВА ТЕШКАТА ПОЛОЖБА ПОД ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ И БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА И РЕШИЛА ДА ГО ПРИМИ КАТОЛИШТВОТО ИЛИ ПРОТЕСТАНСТВОТО „Пред војната (1876-1878 год., н.б.) нашиот град беше еден од најдобрите градови во Македонија; училиштата таму беа толку уредени што доаѓаа ученици од околните места да учат; трговијата беше доста жива и од ден на ден се развиваше. Но по војната (која наместо полза му донесе штета на овдешново население) градот сосем западна во секој еден поглед од големите злоупотреби на власта и на турското населенеие и од отворениот грабеж на судовите и разни злонамерни личности. Примерите и случаите се неброени... За објаснување ќе наведам само еден вид од нив. Пред една година беше грабнат ноќно време владичкиот намесник и претседателот на бугарската општина, Иконом по Анастас, 80-годишен старец, божем комита и бунтовник, предаден од потурчениот Влав Омер ефенди и прогласен за таков, кој и до денес лежи тешко болен во Канли-Куле (затвор во Солун, н.б.). По пет до шест месеци спомнатиот Омер ефенди објави дека сите наши попрви граѓани и трговци биле соучесници на комитите и оти кога тој бил христијанин, тие работеле заедно со него против владата. Клеветата беше јавна за секого и за самите владини чиновниици, но без да се гледа на тоа, поголемиот дел од нашите граѓани и трговци беа земени од нивните дуќани, пре-дадени во воениот суд (орфието) што е во Приштина, гниеја во затворите четири месеци и најпосле се спасија откако дадоа голем поткуп... Само браќата Станчови дадоа 1 200 турски лири; од Х. Ѓорѓи Дуков, Пане Голупчев, Димитар Пенушли и Андон Убавкоцов зедоа близу 2000 турски лири; а од малешевци, радовишани, кочанчани, виничани, кратовчани и паланчани се зедоа незнајни суми во лири, а безбројни луѓе по затворите изумреа. Од овие јавни пљачкања, нашите трговци, западнаа, духот се уби и кај сите се јави еден мрачен и безнадежен очај. Не помина многу време, клеветникот потурчен си отиде и ете сега нов клеветник - Мухаџир од Радомир, по име Мустафа, кој по своето прво доаѓање се објави дека ги видел нашите попрви граѓани и учители во Софија, оти отаде ги познавал. Како последица на сето ова негово клеветање, на 6 февруари овој месец, 10 души заптии водени од спомнатиот Мустафа, нападнаа на новоселската црква Света Богородица, кога сите граѓани со своите деца се беа собрале да ја слушаат божествената литургија. Тие наредија жните и децата да го напуштат храмот. Плач и пискотници се дигнаа до небо, зашто си мислеа тие дека колежот почнал за кој порано се беа пофалиле нашите сограѓани Турци. Мажите беа опколени во црквата до 6 часот... Во тоа време неколку заптии влегоа во олтарот и служабата запре. Под изговор дека бараат оружје, ги расфрлаа сите работи од светиот престол, ја истурија причесната, со еден збор се пошегуваа со нашата вера на најварварски начин.... Потоа ги пуштија мажите од црквата и на излегување, заптиите фрлија две пушки. Кога го чуја гласот на пушките, жените и децата помислија дека колежот почна и од тој уплав жената и децата на поп Димитрија Соколов што служеше, пометна и умре, а сопругите на Ѓорѓи Витларов, Тасе Кираџијата, Коцо Златаров, откако пометнаа, сега се во голем степен болни. Потоа ги претресоа куќите на учителите Костадин Алексиев, Александар Орушов, Андон Орушов и браќата Хаџи Јаневи, од кои последните беа по еден ден ослободени, а другите откако лежеа во затворот околу 20 дена им зедоа 100 турски лири и ги пуштија под лична одговорност. Од друга страна, скопскиот митрополит Пајсија кога шета низ спомнативе кази го заплашува населението дека до кога ја признава Бугарската егзархија сеж ќе ги претставува пред владата како комити и бунтовници и ќе ги праќаат во азиските краишта на заточение. Од сево ова населението овдека се исплашило дотаму што, за да си ги запази животите, имотот и честа, решило да прибегне кон крајни возможни средства, мислејќи дека сите притисоци и лошотилаци што му паѓаат на глава идат отаде што ја ис-поведува православната вера и што ја признава Бугарската егзархија; кога гледа, од друга страна, дека неговите собраќа што го примиле католиштвото и протестанството сосем спокојно живеат и ако некој малку ги закачи, нивните заштитници здраво се застапуваат за нив, а злосторниците строго се накажуваат. По тие причини населението како од нашата каза така и од гореспомнатите кази, решило да го прими католиштвото или протестанството само и само да се избави еднаш засекогаш од неиздржливите маки и страдања. Не е возможно понатаму да се запре населението од овие постапки, освен ако му се исполнат во ова време овие желби: 1. Да се крене воениот суд; 2. Да ни се прати бугарски владика како што беше пред војната кога бевме во составот на Ќустендилската епархија; 3. Да ни се отворат сите училишта без никакви пречки од каде и да е. Ополномоштени од казите: Штипска, Кратовска, Кочанска, Виничка и Кривопаланска, за потврда го пишуваме ова. Претседател: Поп Стојменов Членови:... “(следат потписи) М. Арнаудов’, К’м истоијата на Б’лгарската екзархија, Годишник на Софискија университет’, ЏИ, стр.40-42; Љ. Лапе, Одбрани текстови, ИИ, стр 273-276; |