Среда, 01 Април 2015   
Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878 (3 дел)

The Stamp Of The Kresna Macedonian Uprising 1878-180

Граѓанска управа

140. Во востаничките ослободени места се воведува привремена граѓанска управа, која ќе го управува општествениот живот на населението, а ќе се состои од највидните луѓе избрани од народот.

141. На чело на граѓанската управа ќе стои едно централно политичко тело - Централен комитет од петмина членови.

142. Во секое населено место ќе има месни комитети, кои се состојат од по петмина членови, кои ќе бидат зависни од Централниот комитет.

143. Надлежноста на Централниот комитет е политичка, додека на месните комитети е граѓанска.

144. Централниот и месните комитети не се мешаат во воените работи на востанието. Централниот комитет е задолжен да го претставува македонското востание пред туѓите влади и пред народот. Месните комитети управуваат со народот како граѓанска власт.

145. По ослободувањето на татковината Централниот комитет ќе подготви Устав за уредување на македонската држава како автономна со политичка и културна автономија во Отоманската Империја или надвор од неа, ако тоа го дозволат европските велики сили.

146. До ослободувањето Централниот комитет ќе изработи привремени правила за управување на ослободената територија.

147. За да се воведе ред во востаничките места, месните граѓански комитети се должни да водедат нужни реформи согласно со целите на македонското востание.

148. Граѓанските власти - комитетите ќе им ја гарантираат на селаните приватната сопственост на земјата и имотот.

149. Никој не смее да посегне на туѓ имот, освен ако сопственикот на имотот го напуштил без причина или е осуден на конфискација.

150. Секој сопственик ќе ја обработува земјата слободно со семејна работна сила, без право да држи повеќе од еден момок.

151. Чифлигарењето се забранува најстрого, така што сегашните чифлигари стануваат сопственици на земјата што ја обработуваат доколку сопственикот не може да ја обработува со своето семејство.

152. На чифлигарите што остануваат без работа ќе им се даде бестопанствена земја со сите посеани површини од бившите сопственици.

153. Бестопанствена земја ќе им се даде и на селаните што имаат за обработка малку сопствена земја.

154. Приносот од бестопанствената земја ќе биде во корист на малуимотниот селанец, откако ќе се издвои семето за потребите на македонската војска. Исто така ќе се издвои извесно количество и за други плодови за прехрана на македонската војска.

155. Месните власти - комитети ќе водат строго сметка за запазување на турксите имоти на Турците што не згрешиле со ништо кон востанието, а со чесен труд си го заработуваат својот леб. Секој што ќе направи штета на имотот на таков Турчин, ќе биде суден и осуден со најстрога казна - смрт.

156. Најстрого се забранува ширењето на омраза на религиозна основа, да не се прави делење на националностите, бидејќи секој е рамноправен граѓанин и е под заштита на законите на македонската граѓанска управа.

157. За редовното снабдување на востаничките ослободени места се потребни продукти и друго, па се дозволува непречена трговија со соседните градови кои се под турска власт, ако тие чесно си ја вршат својата трговска работа.

158. Секој трговец најнапред ќе се јави во комитетот и, откако ќе добие дозвола, може слободно да се движи низ населеното место.

159. Ако некој ограби трговец по каков и да било начин или му нанесе штети, ќе биде строго казнет со ќотек и ќе му ја надомести штетата во двоен износ.

160. Ако некој трговец поради воената ситуација им продава на селаните стока по повисока цена, ќе му се конфискува целата стока во полза на македонската војска, а тој ќе се изгони и повеќе нема да се допушта на ослободената територија.

161. Секој што ќе дава стока на вересија или пак дава пари под лихва, а бара поради тоа повисока цена за стоката или надвор од вообичаената лихва, ќе се казни со најстрогата казна - смрт.

162. Најстрого се забранува од кои и да е причини да се обесчести верска установа (црква или џамија) или грабеж на вакафски имот.

163. За бесчестење на црква или џамија казната е смрт, а за грабеж на вакафски имот надомест на штетата во двоен износ и ќотек.

164. Православните се должни да ги почитуваат и да не ги газат муслиманските обичајни права; никој не смее без дозвола да влегува во муслиманската куќа; да открие муслиманска жена; да пушта свиња во муслиманските имоти и др.

165. Муслиманите исто така не смеат да газат по православните обичаи и да вршат самоволија што ги вршеа и вршат и сега во неослободените места. Таквите акти ќе се казнуваат строго според тежината на делото.

166. Најстрого се забранува стапување во брак меѓу муслимани и христијани и обратно, особено ако некој муслиман на сила жени мома христијанка. Ќе се казнува со ќотек и момата ако доброволно сакала да се омажи за муслиман.

167. Ако некој посака да си ја мени верата, тоа може да го стори откако ќе отиде самиот при својот верски старешина и изјави дека ја напушта верата и преминува во друга, меѓутоа за тоа треба да поминат 15 дена, бидејќи може да се покае.

168. Секоја капетанија ќе си избере од народот тројца судии, кои привременот ќе ги заменат турските судови по граѓанските работи. Во секое село ќе има и мировни судии, избрани меѓу селските старешини, кои ќе судат ситни спорови меѓу селаните.

169. Бидејќи немаме пишани закони, народните судии ќе ги судат сите граѓански дела според обичајното право откако најнапред ќе пристапат кон измирување на странките што се спорат.

170. Незадоволниот од пресудата на селскиот суд има право на жалба до капетанатскиот суд, а ако пак не е задоволен, ќе оди пред војводата па се` до Македонскиот востанички комитет, одностно Централниот комитет.

171. Потешките дела, кражби, тепачки, убиства и слично се во надлежност на воените власти, односно војводите и Востаничкиот штаб. Војводскиот суд се состои и уште од тројца старешини од селото, а судот на Востаничкиот комитет ќе има петмина членови, од кои двајца граѓански претставници.

172. Најтешките дела што повлекуваат смртна казна ќе имаат право на апелација до политичкиот Централен комитет.

173. Селските мировни судии и капетанатските судови ќе судат јавно во присуство на двете странки, а судењето ќе се запишува во судската книга, подговена за таа цел.

174. Ако дојде до помирување меѓу странките, тогаш нема ништо да се запишува како пресуда, а ќе се каже дека е направено помирување.

175. Ако се судат христијани и муслимани, тогаш составот на судот ќе има по половина мировни судии од двете страни, за да биде судењето праведно.

176. Во секое ослободено место капетанатот ќе организира селска милиција, која ќе се грижи за редот и мирот, а таа ќе биде под власта на капетанатот. Милиционерите ќе ја вршат службата како да се војници на македонската војска.

177. Задолжително во селото ќе има по еден милиционер, а по потреба ќе се задолжат и повеќе луѓе.

178. Во турските села селската милиција ќе биде составена од Турци, а во христијанските од христијани. Ако селото е мешано, по еден милиционер ќе биде од двете вери.

179. За чување на селските (полски) имоти ќе има по еден до двајца полски чувари (полјаци), кои селото ќе ги плаќа. Полските чувари за христијанските села ќе се христијани, а за муслиманските - муслимани.

180. Во секое село ќе има и по еден протуѓер (гласник) кој е задолжен да го известува селото за наредбите на граѓанската и воената власт и за селските потреби. Него ќе го плаќа селото според обичајното право. Протуѓерот не носи оружје како полските чувари, кои носат пушка.

181. Откако започнаа востаничките дејства, нашите села опаднаа економски, па во некои куќи владее беда и нечистотија. Таму членовите спијат како свињи и се поболуваат од страшливата болест. Заповедаме, во секое село да се организира лазарет и да се определи еден пописмен човек и две почисти млади девојки за да ги посетуваат куќите и штом ќе забележат болен од сомнителна болест, да го стават во лазаретот под стража, а потоа да го испратат во штапската болница, каде што има лекари да го лечат.

продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.