Среда, 22 Април 2015   
Стелите од Полог говорат дека овој крај му припаѓал на Македонија

Македонска нација

PologИлирите се индоевропски народ за кој сеуште не е јасно дали му припаѓаат на западниот, источниот или некој посреден тип. Се смета дека својот продор на северозападен Балкан го направиле најкасно во четиринаесетиот век пред нашата ера, потиснувајќи ги старобалканските народи на југ и исток. На источниот јадрански брег ги спомнува грчкиот логограф Хекатеј од Милет (околу 500 г. п.н.е.). Век и половина подоцна Псеудо-Скилакс неведува имиња на некои илирски племиња и ги локализира покрај брегот од реката Крка до Валона во Албанија.

Се смета дека припадници на една група, која се викала Илири била населена на границата на Епир и оттука името се проширило на останатите племињата кои живеат на северозападниот брег и во внатрешноста до Драва и Дунав. Околу 1.000 година п. н.е. дел се префрлиле во јужна Италија и го населиле југоисточниот брег. Исто така стигнале и на Пелопонез, а северно од Епир населиле делови од денешна Србија и Македонија. Античките писатели (Херодијан, Ливије, Плиниј, Страбон, Теопомп и др.) Илирите ги опишуваат како високи, силни, добри војници, кои сакале да пијат и не внимавале на чистотата. Живееле во патријархални заедници, биле политички разединети и во меѓусебни борби, но и во постојано непријателство со грчките колонисти и со Македонците.  

Во науката сеуште не е позната генезата за потеклото на Илирите. Непосредни сведоштва за нивниот јазик се скудни и се сведуваат на пронајден краток натпис и личните имиња. Анализите на имињата од натписите во Полог, кичевскиот и охридско-струшкиот крај, области кои се сметаа за илирски, покажуваат дека тие имаат бројни аналогии во М. Азија, што значи дека не мора да се илирски. Овие имиња се поврзуваат со Бригите кои биле главна компонента во етногенезата на Македонците. Исто така, античките извори за племињата од овие области кои уште од времето на Филип II се во склоп на Македонија, укажуваат дека повремената доминација на Илирите не значи дека овие простори се илирски, што пак е резултат на слабата информираност на античките автори, како и римската политика раздели па владеј (divide et impera). Покрај ономастиката (потекло на името), потврда дека постојат разлики уште од железно време дава споредувањето на материјалната култура во Македонија и Албанија.

Во својот труд „Ономастика и етничка структура на Западниот дел на Македонија во античкиот период“ објавен од страна на Центарот за балканолошки истражувања во Сараево во 1991 година (Годишник на Академијата на Науки и Уметности на Босна и Херцеговина), проф. Наде Проева една од водечките македонски историчари која се занимава со антиката, се осврнува на овој проблем и ги побива тезите дека Западна Македонија им припаѓала на Илирите или Дарданците. Врз основа на извршената анализа на натписите на надгробните споменици, како и на податоците од античките извори Проева ќе го напише следново:   

„По повод новооткриената стела (надгробна плоча) во село Градец, Гостиварско, извршена е ревизија на натписот од Полог (Гостиварско-Тетовски крај), а порано извршената ревизија во кичевскиот крај, како и прелиминарната студија за имињата во охридскиот крај, покажаа дека бројот на илирските имиња во овој т.н. илирски дел на Македонија, или македонски дел на Илирија е многу мал.

Во Полог досега се откриени осум надгробни споменици, еден на латински, четири на грчки јазик и два без траги на натпис. ...Новооткриените стели кај Јагуновце, Градец, Челопек, Лешок и во Тетово, со јазикот и типолошко-иконографските карактеристики го потврдија мислењето на C. Truhelke дека овој крај му припаѓал на Македонија, а ономастичките податоци овозможуваат да се води расправа за етничката структура.

Од шест стели со натпис, две (и двете од Тетово) немаат ономастичко значење... Останатите четири, ни носат 12 имиња: Anthimos, Ammia, Getas, Genthiane, Euridike, Eusebes, Chares, Kallityche, Nikephoros, Nikanor, Neikeratos Rhedon. Од три имиња од стелата на село Градец: Anthimos, Eusebes и Kallityche’ непотврдена во нашиот дел на провинцијата, во Македонија е ново само Anthimos. Ова име, освен на еден ранохристијански натпис од Рим, се сретнува само во источниот дел на Царството, а во Кападокија е посведочен женски пандан Anthime.

Стелата од Лешок дава четири во нашиот дел исто така непотврдени имиња: Getas, Genthiane, Rhedon и Chares. Антропоним Getas (а не етникон) потврден е уште во V век п.н.е. на монета на едонскиот басилеус. Името Редон е ретко, прв пат потврдено на монета на Lissos (I п.н.е). ...Бидејќи е јасно дека се работи за божество или за херој очигледно е дека Редон на натписот од село Лешок е nomen sacrum (свето име). Што се однесува за потеклото на името, за едни е грчко, за други илирско, а можеби и келтско... Во прилог на келтското потекло е гентилициј Raedonius, Raedonija, потврдена меѓу домородните имиња на натписите од северна Италија (област Anaunia). Бидејќи ова или другите имиња од коренот ред не се потврдени кај Илирите, не може сигурно да се смета за илирско и за сега добро е да се смести меѓу старобалканските имиња од типот Батон. Давање боженствени имиња на смртниците не е познато ниту кај Илирите, ниту кај Трачаните кај кои се раширени грчките теоформни имиња, а бидејќи обичајот не е ни грчки, не е ни римски и дека nomina sacra се чести во Мала Азија, како и во Македонија, јасно е дека се работи за локален обичај. Chares е потврдено име секаде во грчката културна сфера, а Genthiane, кое за разлика од машкиот пандан Genthianos, се јавува за прв пат, би било единствено илирско име на натписот како и во целиот Полог.

Со ревизија на стелата од селото Јагуновце, прочитано е името Au(relius) Nikephoros Nikanoros, староседелец со римско граѓанско право од 212 година, додека читањето на имињата Синтија (Sintia) и Noniou погрешно. Во прв ред може да се дополни уште името Neikeratos. Сите три имиња се потврдени во Македонија уште пред римско време. Македонското „кралевско“ име Еуридике (Euridike) како и Амиа (Ammia) {која има аналогија во М. Азија} посведочена е на неодамна регистрираната стела во село Челопек, тетовско.

По долината на реката Радика, на чиј брег е регистриран сега изгубен натпис со името Alexandros, Полог комуницира со Дебарскиот крај (кој археолошки е неистражен, и пред војната сигнализираните натписи на подот на црквата Св. Недела се покриени со модерно поплочување), а преку него по реката Црн Дрим со Охридско-струшкиот регион.

На југ од Полог, одвоена со планината Буковица на источната страна на планината Бистра се наоѓа Кичевската котлина. Досега регистрираните натписи дадоа пет имиња: (H) Ameilos, Apo(l)lodoros, Asandros, Eubia, Lykos и почеток на името Ale. Во Македонија името Ameilos не е посведочено досега..., освен латинската варијанта Hamillus и женскиот пандан Ammeila. По J. H. Mordtmanu се работи за македонска основа со грчко-латински суфикс – eil(l)a. Една Ammila, односно Hammila посведочена е на манумисија од Леукопетра, а друга (Ammila) на изгубената ari (листа) од Солун. Argiro B. Tataki го става во истата група со имињата Ammia, Amin, Amianos, кои имаат аналогија во М. Азија. Eubia за сега е потврдена само во Рим, додека машкиот пандан Eubios се сретнува само еднаш во Чепигово (Stuberra), а потврдено во Египет и М.Азија. Другите имиња се добро потврдени во Македонија.

Доле на југозапад се наоѓа охридско-струшкиот регион кој со Кичевската долина комуницира со долината на реката Сатеска, а со Полог по долините на реките Радика и Ц. Дрим. Епиграфските наоди од оваа област се најбројни и повеќе пати објавени. Деталната анализа на ономастиката покажува дека таа се состои од 49 лични имиња, 8 гентилиции и 19 когномени и преномина. Илирски имиња би било пет: Annia, Dazos, Genthios, Epikados и Plator. Онолку колку што во отсуство на епиграфски корпус може да се види, Annia не е потврдена во јужноилирското подрачје, додека како гентицилиј повеќе пати е потврдена во Македонија... Меѓутоа, Annia, како и Annios  се посведочени како лични имиња на Тасос, Крит и Киренаика, како и во Рим. Како лично име Annia во нашиот регион се јавува два пати во грчко-македонската ономастика. На стелата со метрички натпис од селото Опејнца подигната на синот (Democritos) Annia има патронимик изведен од неправилен суперлатив, аналогно на имињата Bilos, Bilistos итн. Annia на стелата од Охрид е ќерка на Платор (Plator), додека мажот и децата имаат македонски имиња (Alexandros татко и син, Ariston Neikopolis). Платор обично се зема како илирско име. Меѓутоа, Хесијевиот коментар „platur: doulos e demos“, Платор од натписот на Делфи, кој бил “genos Italos’, потоа натписот од Дрмно на некој Platorius „natione Hispanus“, етрурското име „splatur“, како и месапските облици Plator, Platur, покажуваат дека облиците Plator, Platorius, Platura, не се изворни илирски имиња.

Името Dazos  се сретнува насекаде во грчката културна сфера, многу често со етниконите од јужна Италија, а во Македонија и во соседните области со македонски имиња. Така на ari од Св. Наум  Дазовиот син носи македонско име Lennatos. Спред објавената епиграфска документација во јужноилирската област, посведочени се само облиците Dazaios (натпис) и Dazios (монета на Дирахиум), а во северната Daza(s), многу поретко Dazas, потоа латинско Dazius..., како и изведените имиња Dasantis и Dasimus, кои веројатно ги покриваат сродните илирски имиња. На монетите на апулските градови (Arpi, Salapija) се јавува Dazos... Во М. Азија Dazas е посведочено име како домашно име, додека кај Панонците чест облик Das(s)ius. Според тоа ниту Dazos не би било изворно име.

На најстариот натпис на овој регион, покрај македонските имиња Machatas, Nikias и Philipos, само Genthios би било илирско име. И ова име се јавува во повеќе форми: Genthis, Genthion, Genthon, Genthena, ...при што уште од најраните времиња е посведочено во грчката културна сфера, додека во северноилирската е сосема ретко. ...На Апенинскиот Полуостров Gentus и Gentia се секогаш гентилни имиња, при што е посведочен и когномен Gentianus, како и во Шпанија. Бројни аналгиии во М. Азија има и женското име Tata од сребрениот прстен од село Делгожда, посведочено само во Дирахион и поради тоа без резерви сметано за илирско...

Очигледно е дека имињата Anna, Dazos, Plator и Tata (можеби дури и Gent(h)ios, Genthiane и Genthena), кои се сметаат за илирски, а се јавуваат во Македонија, треба да се врзат за бригискиот слој бидејќи Бригите, покрај во Македонија се споменуваат и во позадината на Епидамнос (Epidamnos - Драч), каде е потврден антропоним Brigos. Така може да се објасни и фактот дека имињата на илирските кралеви Agron, Budarlis и Sirras (ако е илирски крал) воопшто не се посведочени во јужноилирската област, центарот на илирската држава, што е неразбирливо ако се спореди со Македонија, каде таканаречените кралевски имиња биле носени многу рано не само од членовите на кралската куќа, туку и од обичните Македонци.

Имињата Glaukias, Grabos, Kleitos, Pleuratos и др. многу се ретки, а северно од Lisos ги нема. Кралските имиња Агрон, Грабос и Глаукиас имаат аналогија во М. Азија. Така Агрон е лидијски крал, Глаукиус е име на лидијскиот војсководец под Троја, а Клејтос е Хомерско име. L. Robert смета дека Агрон и Грабос се јонски имиња, а  G. Dumezil, за разлика од  N. Hammonda ја отфрла врската меѓу името на богот Grabovio и етниконот Grabei. Ф. Папазоглу мисли дека Глаукиас и Клеитос се грчки имиња кои ги покриваат сродните домородни имиња. Според тоа, имињата Агрон и Глаукиа(с), кои се посведочени како митски имиња, вреди да се приклучат кон старобалканските имиња Батон и Редон. Оттука, т.н. илирски имиња не само во најзападниот дел на Македонија, туку и во цела Македонија (нивниот број е ист и во другите горномакедонски области Derriopos, Lyncestis и др.) кои имаат аналогија во М. Азија не можат да се сметаат за илирски, туку треба да се поврзат со Бригите и Енхелеите, кои во наративните извори се споменуваат баш во овие краеви“ – пишува проф. Наде Проева во својот труд  „Ономастика и етничка структура на Западниот дел на Македонија во античкиот период“.

Што се однесува пак до Бригите во Македонија, проф Проева вели: „Тие се посведочени од Струма, преку Термајскиот залив до Еригон и тие мораа да учествуваат во етногенезата на Македонците. Кај Steph. Buz, Бригите се дадени како македонско племе во соседство на Илирите. Кај Хесихија еден град во Македонија се вика Бригиас (Brigias). Податокот на Ксант дека Бригите дошле во М. Азија после тројанската војна покажува дека дел од Бригите биле потиснати од таканаречената „дорска преселба“, а сродноста на македонскиот и фригискиот јазик, како и наведените аналогија во ономастиката на Македонија и М. Азија, епихорските имиња во сите делови на Македонија чиј број со новите пронајдоци постојано се зголемува, суфиксот – ата, кој се сретнува и кај Фригијците, потврдуваат дека Бригите биле една ако не и главна компонента во етногенезата на Македонците... Зачестеноста на поедини имиња како Ammia, Ammion, Amianos и т.н. доказ е стопување на бригиската со останатите компоненти во текот на етногенезата на Македонците“.

Инаку Бригите, кој го населуваат балканскиот простор, од планината Пангај (источно од реката Вардар) до централниот, југоисточниот и јужниот дел од денешниот албански простор, Епир, Охридскиот регион и Пелагонија, се сметаат за најстар народ на светот (Херодот), за изумители на вештини (обработка на метали, ковење пари, изум на тркалото, музиката на Марсијас). Еден дел мигрираат во Мала Азија, каде се среќаваат под името Фриги, пред и по Тројанската војна. Но, оние кои остануваат, нивниот јазик и ономастика, како и елементите на материјалната култура, остануваат во културата на античките Македонци.

продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.