(1889 година) „г. Миларов умее добро да го држи перото и тој е добро запознат особено со нашето Бугарско (прашање), она на нашите соседи и на целиот европски свет во многу погледи - политички и други. Но при сите тие добри квалитети ние ќе одбележиме, прво, дека тој го остава настрана самото прашање поставено од нас и го решава прашањето: како Македонија може да биде ослободена. Читателите помнат, па и г. Миларов, има прочитано дека ние разгледувавме: врз каква почва да се постават Маке-донците за дејствување - како Бугари ли, како Срби или Грци. Нашиот заклучок беше да се постават Македонците врз чисто македонска почва, т.е. за да ги убијат сите пропаганди во сво-јата татковина, следствено и г. М. требаше да го разгледува прашањето што го поставивме. Ние немаме ништо да зборуваме за поставеното пак сега од г. М. прашање што изгледа не е бесцелно разгледувано, ако во него го немаше совршеното игнорирање на правата и должностите на робот, ако не му го откажуваше самото право: борба за олсенување на својот живот... Русија и рускиот народ навистина е најголем и најси-лен меѓу Словените и треба и должен е да им помага на сите и секогаш и да ги покровителствува... Таа голема помош не им два и не може да им даде право по никакви закони на совршено по-робените за бездруго да го чекаат своето ослободување од сво-ите слободни браќа, па колку и да се силни тие. Ослободувањето на Македонија или начинот за тоа, ќе речеме само дека робот има право да работи и да се бори најпрвин за својата слобода, како и да ги вика или да ги принуди соседите или слободните браќа на помош. Востанието е неприкосновено право на робот. Тоа го признаваат сите закони и сите човекољубиви и разумни луѓе. Никој нема право да му наредува - па и не е во состојба да го направи тоа - на робот да чека или да го одлага водењето на борбата за човечки права, кога тој речиси веќе го загубил трпението и животот не му чини ништо”. Македонец, По македонскиот впрос, “Македонија”, И, 50, 18. Џ. 1889, стр.195; Блаже Ристовски, Портрети и процеси...стр. 394-395; |