Среда, 06 Мај 2015   
Пратеникот на Србија во Лондон до Министерот за надворешни работи

greek troops of the balkan wars

(Лондон, 29 септември 1885 година)

“Господине Министре,

Денес го посетив  Г-дин Трикупис, бившиот грчки премиер и имав со него подолг разговор за ситуацијата.

Резултатот од нашиот разговор не е ни малку охрабрувачки.

Г. Трикупис вели  сосема е јасно дека сите големи сили сакаат и работат да се одржи мирот. Беше зборот за тоа Австрија да ја привлече Србија со испраќање еден корпус на српската граница, а Англија да ја привлече Грција со испраќање една ескадрила во грчките води. По своја прилика ни Австрија, ни Англија нема да прават што се бара од нив. Но факт е дека во Европа  е толкава  загриженоста од источниот заплет што не само ниедна сила нема да сака на Србија и на Грција да им дава ни морална помош, но дека моралната помош на сите нив ќе биде на страната на Турција како страна која никого не предизвикува и се напаѓа.

Сепак, главното и суштествено прашање е: дали Србија и Грција, двете сами, можат со изглед на успех да се впуштат во борба со Турција? Г. Трикупис се сомнева. Тој вели дека Грција нема генерали ни виши и штабни офицери, и дека неј-зината војска нема никакво воено искуство. Тој се сомнева за реултатот од нашата евентуална акција. Сепак смета дека Грција и Србија треба да одат заедно, заеднички добро да размислат за ситуацијата, па заеднички било да влезат во акција, било да демобилизираат.

Јас му го свртев вниманието на неизбежната последица од бугарска унија, т.е. на експлозијата од руско-бугарските агитации во Македонија. Ние токму сега и да се повлечеме назад пред пресијата на големите сили ние за година-две ќе се најдеме во иста, и уште полоша дилема кога бугарските агенти во Македонија ќе прогласат унија на тие земји со Бугарија. Г. Трикупис призна дека е мошне веројатно дека руско-бугарските мини во Македонија ќе прснат уште порано одошто јас мислам, но не знаеше што друго за таквата евентуалност да каже.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.