Среда, 06 Мај 2015   
Тодор П. Станковиќ до Милутин Гарашанин: Програма за работа во ширењето на српската идеја и просвета во Македонија и (во) Стара Србија

(1885 година)

Milutin Garasanin1. Пред сеж нужно е да се состави одбор, кој ќе биде најмногу од три лица, кои се способни за оваа работа и се запознати со луѓето и околностите во Македонија и Стара Србија, на кој одбор ќе му биде доверена исклучиво оваа работа. На овој одбор постојаното седиште треба да му е во Врање, како најзгодно место според положбата. Одборот за својата работа ќе го известува Министерот за надворешни работи, а за работите кои треба да се преземаат ќе бара упатства... Оваа работа треба да им се довери само на тројца и затоа, да може во својот почеток да се држи во најголема тај-ност додека се успее,  противниците да не може да му наштетат. Оттаму и ако овие три лица составуваат впрочем “одбор” не треба јавно да биде познат како одбор за оваа цел.

2. Веднаш да се изберат три лица кои ќе патуваат по Македонија и Стара Србија за да ја сознаат сегашната состојба и да можат да стапат во врска и договор со наши луѓе кои подоцна со врањскиот одбор ќе бидат во договор. Овие три лица  своето патување ќе го започнат преку Цариград, да му се претстават на Цариградскиот Патријарх и да му дадат збор, дека ќе работат на тоа Србите  во Македонија и Стара Србија да прејдат на страната на грчката Патријаршија, а да се одречат од Бугарската егзархија, за да добијат препораки за грчки владици и поедини познати лица, кои воќе ги помагаат и заштитуваат во нивната работа...

3. Штом овие лица во Македонија и Стара Србија стапат во договр со нашите луѓе и го подготват земјиштето за наши школи, одборот ќе се грижи веднаш со препорака да праќа учители спрема потребите на местото.

4. Бидејќи немаме соодветни школски книги за Македонија, кои не би биле противни на турската држава, нужно е, особено школските книшки да се пишуваат на Србо-македонското наречје, што ќе се печатат во Цариград и оттаму ќе им се испраќаат на нашите книжарници, кои треба да се востановат во Призрен, Скопје и Битола, а подоцна и во другите места. За сега повеќе од потребно е работата на митинзите во Белград, Ниш и Врање да се печати во посебни книшки, изземајќи го тоа што би ја нав-редувало Турција. Овие книшки треба да се разделат во Македо-нија и Стара Србија, а и на одделни луѓе, кои се родум од Македонија и Стара Србија, а се наоѓаат во Кралството Србија, па до некаде да ги потсетиме на својот род и татковината, за да и натаму работат во тој правец.

5. За да европското  мислење се информира за народносното прашање во Македонија, нужно е да се востанови еден весник на Српски и Француски јазик, кој ќе се издава во Цариград. Бидејќи немаме друго лице, кое е запознато со маке-донските работи и инаку подготвено за журналистика, и да е по род од Македонија, тоа би било добро, кога за уредник на овој весник би се поставил г. Димитрије Алексијевиќ, кој ќе ги корегира книшките.

6. Врањскиот одбор треба веднаш да се погрижи, да се востанови еден просветен фонд од страна на Старо-Србијанците и Србо-Македонците, кои живеат во Кралството Србија, и од кој фонд подоцна ќе се потпомага Српската книжевност во Македонија и Стара Србија.

7. Прека потреба е да се постави наш конзул во Битола или во Скопје или најпосле барем трговски агент, кој нашите луѓе ќе ги потпомага и воодушевува.

8. Нашата држава треба да ги направи годишно следниве издатоци:

а. За патување на 3 лица ....................................................................... 450.ц.

б. За 40 учители кои ќе се постават во Македонија и Стара Србија ................................................................ 6.000. ц.

в. За весникот, книги и книжари ...................................................... 5.000. ц.

г. За лични награди на поедини граѓани, свештеници и за непредвидени трошоци ........................................ 4.000. ц

Вкупно 15.450. ц

Оваа сума би се трошела тогаш, кога ќе се отворат 40 учителски места во Македонија и Стара Србија, а до тоа време ќе се востанови спомнатиот фонд, па од него многу издатоци ќе се подмируваат, па според тоа целокупната горна сума никогаш нема да падне на товар на државната каса.

Тодор. П. Станковиќ”

Архив Србије-Београд, фонд: МИД, ППО И 36/1885.; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т. ИВ, кн.И,  док. 201, стр.346-348;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.