Среда, 06 Мај 2015   
Мајски конгрес

majski-kongresМајскиот конгрес е конгрес на Реформско-демократското крило на Организацијата и е одржан во текот на мај 1908 година во Банско.

Развојот на македонското национално револуционерно движење по Илинденското востание се одликува со натамошна поларизација и на крајот со расцеп на силите во него.

Тоа е време во кое вооружените пропаганди на соседните држави на Македонија се во постојан развој, а нивните резултати се крајно тешки за македонскиот народ. Во исто време тоа е период во кој револуционерната организација трпи тешки загуби на кадрите. Под ударите на потерите паѓаат: Никола Карев, Даме Груев, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев и други истакнати револуционери.

Македонското национално ослободително движење на чие чело стоело раководството на Серскиот револуционерен округ по Рилскиот конгрес и уште повеќе по расцепот повела курс кон потполно вообличување на националната физиономија на македонското револуционерно движење кон негово прилагодување кон современите барања. По двете објавени писма по повод убиствата на Сарафов и Гарванов таа ги разобличува сите непријатели на македонската слобода и ја декларира својата готовност со сите средства да ја брани Организацијата од секакви посегнувања.

Одржување на конгресот

Во едни такви околности посебно внимание заслужува заедничкиот конгрес на националното крило на организацијата одржан при крајот на месец мај 1908 година, на кој присуствувале делегати од серскиот, струмичкиот и солунскиот револуцонерен округ. Овој когрес одржан непосредно пред Младотурската револуција има вонредно значење. Тој не само што ја потврдува генералната линија за одбрана на независноста на револуционерното движење, туку отвара перспектива за соработка со другите напредни движења на Балканот и за прв пат го истакнува прашањето за балканска федерација. Под раководство на Јане Сандански oрганизацијата за себе го зела името „Македоно-одринска револуционерна организација“, без зборот „внатрешна“.

Соработка со други политички движења

Како резултат на одржаниот конгрес не само што дошло до релативно потесно сплотување на прогресивните струења во револуционерното движење, туку биле создадени и претпоставки за соработка со младотурците и со други политички движења во Македонија што би пројавиле за тоа интерес. Овој момнет посебно го потврдува изработувањето и потпишувањето на таканаречената „Неврокопска програма“ во јули 1908 година помеѓу Комитетот на младотурците, Револуцинерниот комитет на Организацијата и грчкиот комитет во Неврокоп.

Трансформација на МОРО

Во август 1908 година новата организација упатила манифест до сите народности во османската империја. Во него се изнесени програмските цели за кои МОРО ќе се бори во условите на Младотурскиот режим. По ова МОРО презела чекори за трансформирање во легална политичка партија која е наречена Народна федеративна партија, која по извесно време е забранета од страна на младотурскиот режим.

Извори

  • Историја на македонскиот народ том ||| издание на ИНИ 2003 год. Скопје.
  • Историја на македонскиот народм изданија 1972 и 1988 год. Скопје.
  • Спомени од Јане Сандански

Спомени од Ѓорче Петров

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.