Среда, 20 Мај 2015   
Милутин Гарашанин до кралот Милан Обреновиќ: На Србија иж е нужно во провинцијата на Турција да има сигурни центри за својата политичка акција и ширењето на српската идеја

(Белград, 12 јули 1885 година)

milutin-harashanin

“Господару

Во правец на предлогот, кој имав чест да му го поднесам на Вашето Величество во март оваа година и кој се однесува на нашата работа во стара Србија и Македонија, си земам слобода Вашето Величество со понизност да го информирам, за она што од тоа време до сега е сработено за оваа работа.

Како што на Вашето Величество му е познато, досега кај нас немаше систематски план, ниту некаква организирана работа за одржување и ширење на српската идеја преку границите на денешна Србија. Се работеше во одделни прилики како кога се можело. Постојани врски преку границите немаше никакви. Тие што ги имаше од порано, пропаднале, не добивајќи од Србија ни морален  ни материјален интерес. Секаде преку границата, српската идеја морала да отстапува и да се ограничува на стеснет од туѓинскиот наплив терен, кој во туѓина според смислениот план и со обилни средства постапно го завојуваа.

Меѓутоа работата не може за Србија да се смета како бесповратно изгубена. Вистинското и следственото дело на Србија, без сомнение, ќе сочува во тие предели на Турското Царство, сеж она што уште како српско само себе се брани од туѓиот наплив, а ќе оживее и сеж она што досегашното неработење на Србија направи да замре.

Иманентна опасност за Српството во стара Србија и Македонија е да не подлегне на истовременото дејство на бугарската, римската и грчката пропаганда и на неконтролира-ното насилство на Арнаутите. Нашата стихија таму бројно е сла-ба и не е речиси никаде константна. За неа таму опасноста е дотолку поголема, доколку на Србите досега не им е дадена ни од која страна ни најскромна помош, ниту е дадена било каква директива во нерамната борба со туѓинската навала...

Во правецот на овие идеи, а согласно со спомнатиот мој предлог, кое Вашето Величество благоволно го одобри, за време на Вашето отсуство од земјата е направено е  ова што следи. На прв ред доаѓа:

Конзулска конвенција со Турција

На нашето пратеништво во Цариград му дадов налог и упатство да се обиде со Турција да заклучи по образецот на такви конвенции, кои ги заклучила Србија со останатите европски држави со оглед на особеностите на турското законодавство, но без барање права, кои на големите европски сили во Турција, по капитулациите, им се осигурени. Ова право Србија не треба да го бара од повеќе причини. Прво, затоа што Србија досега не го ни  имала, а со ништо не иж е дадена можност ни причини на него да претендира. Додека и Сан Стефанскиот и Берлинскиот договор на Романија иж го признаа тоа право, дотаму и обата уговора на Србија изречно иж го одрекоа... Портата таквото барање извесно би го одбила  и ние  со неа не би можеле да дојдеме до заклучување на конзулска конвенција.

...Трговските интереси на нашите поданици во Турција засега се малубројни. Тие на секој начин ќе станат многу поживи, посериозни, кога еднаш железнички врски ќе се остварат....

Меѓутоа за нас не се главна цел дадениот трговски, туку политичкиот интерес. На Србија иж е нужно во провинцијата на Турција да има сигурни центри за својата политичка акција. Дури кога тоа Србија за себе ќе го осигури, ќе може вистински и успешно да дејствува на засилувањето и ширењето на српската идеја и ќе иж помогне да ги спречи освојувањата на туѓата пропаганда.

Тоа се причините кои ме раководеа кога се решив да побараме од Турција признавање на правата, која таа по капитулациите им ги призна на други земји.

Во оваа смисла нашиот пратеник во Цариград почна преговори со турскиот Министер за надворешни работи, кои од Поратата поволно се прифатени...

Работа со Цариградската Патријаршија

Бидејќи со укинувањето на Српската Патријаршија Српската црква престана да претставува засебна индивидуалниост, за сега мора да се оди со тоа, во епархиите, во кои Српскиот народ е во мнозинство, да бидат владици од српска национал-ност. Ако ова би се постигнало би се одбележал голем успех во животот на српскиот народ во оние земји. Во овој успех би лежела и (иднината) на српските школи и нивното корисно вли-јание. Кај несрпските епископи е мачно во Турција, со оглед на несигурната состојба, која таму владее, да се смета на тоа, српските општини да имаат толкава сила, за да можат како што треба да ја издржуваат и одржуваат српската школа. Влија-нието на српските владици во Ст. Србија и Македонија би имало за следственост и цел, за српските школи да се подготват срп-ски учители, а за српските цркви српски свештеници. Ширењето на српските школи и српските цркви би било главна задача на српските владици и во нивниот авторитет ова ширење би нашло најмоќен импулс.

За оваа цел Цариградското пратеништво беше упатено да ги отпочне преговорите со Цариградската патријаршија, како барем засега би се поставиле српски владици во Призрен и Скопје, но намерно да се изрече и тоа дека српските владици ќе се поста-вуваат со време и постапно и во другите епархии на српската народност. Во оваа работа на Патријаршијата засега прави мошне голема пресија бугарскиот егзархат, кој со султановиот ферман во раце ги штити поставените бугарски владици во епархиите, во кои не се Грците во мнозинство. Под овој наплив Патријаршијата би сакала да ја прими Србија за сојузник сметајќи ја за помалку опасна. Затоа таа дотолку повеќе покажува склоност со нас да се спогоди, што во случај на поставување српски владика и се ставаат по 1000 динари годи-шен принос од секоја епархија и со тоа уште и (не)прекинато давање на приноси од страна на Србија - се разбира под друга титула.

Овие преговори со Патријаршијата досега дотолку успеаа, доколку веќе се утврдени најважните точки од оваа спогодба. Овие преговори можеби досега би довеле до вистински резултати, Патријаршијата да не поставува за српските владици услови (впрочм многу умесни), кандидатите мораат да бидат свршени богослови, да се турски поданици и да знаат да говорат и да пишуваат грчки. Заедно со овие услови спомнатите личности треба да даваат уште и  безусловна доверливост и оданост на српските интереси, а освен тоа треба да имаат и доволно образованост да можат тоа потполно да го појмат и политичкиот дел од својата мисија, тоа во сето тоа се наоѓаат доволно објаснувања за тешкотиите во изборот на овие лица. Засега јас го имам во вид исклучиво архимандритот Фирмилијан...

Преговорите и натаму се водат со Патријаршијата и тоа прашање од страна на нашиот пратеник во Цариград (наидува) на отпор против претензиите на бугарскиот егзархат.

Во исто време  се обидовме во иста смисла да се дејствува и на Портата и обете овие дејствувања изгледа дека не останаа без успех, бидејќи досега Портата не му дала берати на ниеден од бугарските владици, кои Егзархот ги именувал за Битола и Охрид.

Старешинството во Хилендар нема помала важност од еден епископски стол, а во извесен поглед ова прашање има за целокупното Српство далеку поголема важност и од самите владици во Призрен и Скопје. Српската победа во Хиландар би значела српска победа над Русите и Бугарите во Света Гора.

За ова место е земен во вид епископот Мојсеј. Со него се веќе водени претходни разговорри и тој  во принцип се согласи да се прими за оваа работа. Тој при поаѓањето доби точни упатства, како би се вратил српскиот карактер на оваа српска задужбина и како од Хилендар да се  создаде нов потпор за политичката акција на Србија во тие краишта. Епископот Мојсеј би повел со себе два архимандрита, за кои стана погоре збор, и оттаму да се оспособат за кандидати за епископските места во Призрен и Скопје, кога работата сосем ќе се уреди со Пат-ријаршијата.

Призренска Богословија

Голема незгода беше досега со снабдувањето на српските школи во Ст. Србија и Македонија со српски школски книги. Книгите кои беа наменети за школите во Србија се прилагодувани за овдешните потреби и прилики; затоа нивниот влез во Турското Царство досега им беше отежнуван; а тоа што таму на разни начини е праќано, даваше често поводи на српските непријатели, оние луѓе кои ги пренесуваат српските книги да ги денуцираат (поткажуваат) кај турските власти и да ги компромитираат. При таквите незгоди нашите школи во Турција не можеа да успеат.

Минатата година, договорно со управителот на Призренската Богославија е уреден начинот за подмирување на горната потреба. Костиќ одовде ги понесе српските шк(олски) книги во цариград и и ги поднесе на турската цензура. За таа работа тој целата зима ја проведе во Цариград и успеа таму школските книги да бидат цензурирани. Во месец мај Костиќ дојде повторно во Белград и во државната печатница е довршено препечатувањето на овие книги, според забелешките на турската цензура. За основните училишта се подготвени (по) 10.000 парчиња книги; за средните (по) 2000, а за Призренската Богословија (по) 1000 парчиња. Дел од овие книги е испратен во Цариград..., а се наменети од  Цариград преку Солун до Скопје да бидат донесени, а оттаму во Призрен, од каде ќе се раздаваат спрема потребите на разни школи.

Трошоците околу печатењето на овие книги и нивното доставување се подмирени од делот на партијата која овогодишната Скупштина во април ја изгласа за Ст. Србија и Македонија, и од делот на буџетот на Министерството за просвета и црквени дела, кој исто така е определен за просветните и црквените работи во Ст. Србија и Македонија...

...За да се олесни набавувањето на српските книги за училиштата, препорачано му е на нашиот пратеник во Цариград, да се обиде да најде (во Цариград) еден од постојните книжари, на кој би можеле да му се дадат српските школски книги на стовариште, па потоа, според потреба, оттаму да се земаат и испраќаат. Во исто време да се обидеме такво слично стовариште да се отвори во Скопје или таму да се отвори вис-тинска книжара исклучиво за српските школски книги. Веднаш потоа е земено во вид тоа истото да се стори и во Призрен, Солун и Хилендар.

Во врска со тоа, штом управувањето со Хилендар прејде дефинитивно во српски раце, таму треба да се основа српска печатница за српските школски книги и други, кои би ги одобрила турската цензура. Подигнувањето на оваа печатница е важно политички, затоа што српскиот карактер на овој манастир уште би се обележил; што и на најоддалечениот крај на Македонија би имале силен просветен апарат и најпосле што распространувањето на книгите од Хилендар во сите српски и македонски краишта полесно би се вршело по железница.

Разни работи

Освен овие работи, кои имав чест досега да ги изложам, не се пропуштени ни оделни пригоди, кои тука тогаш се јавуваа за да се поработи на српската идеја  во Стара Србија и Македонија.

Така есенва е печатен во Белград календарот, Вардар, во 4000 примероци. Растурени се од тој календар до 2500 парчиња. Овој календар со својата добра содржина толку сензација направи, што беше предмет на зборување во бугарската и руската журналистика, а неговата главна статија се преведуваше по руските весници, како и во многу словенечки и германски весници. Речиси сите српски весници го препечатија, а органите на останатите Словени со него многу се занима-ваа...

Секако треба да излезе овој календар и во 1886  година.

За истата цел се откупени 600 примероци од книгата Српски свет од белградскиот учител Петар Никетиќ и е растурен по Стара Србија и Македонија.

Исто така се печатени 500 примероци од книгата  Рад Збора Србо-Македонаца во март о.г. во Ниш и состанок на великошколците по Македонското прашање. Сега тоа се дистрибуира.

Сега во 1500 примероци се печати книгата „Рад свију зборова у Србији по питању Македонском”, која е така редигувана, што ќе може без сомнение да се растура по Турција.

Бидејќи од нашиот пратеник во Цариград се барани претходни објаснувања, за условите под кои  може да се основа и издава еден весник во Цариград, кој ќе ги застапува српските интереси во Македеонија, против бугарските претензии, овие денови ќе замине за Цариград г-н Димитрије Алексијевиќ директор на пиротската гимназија, да ја преземе редакцијата на весникот во Цариград и да почне да го издава весникот.

Заради отворање и утврдување наши врски со поважни личности во Стара Србија и Македонија се правени повеќе обиди, (на ова се работи) преку окружните началници во Ниш и Врање...

…Бидејќи Цариградската патријаршија во своите преговори со нашиот пратеник изјави желба, од српскиот народ да се предизвикаат појави против бугарските владици, свештеници и учители, што би дошло во прилог на неговата борба со бугарскиот егзарх, а во исто време и во прилог на нашата цел, со која одиме во тие краишта, тоа му се обратив на Пајсиј и го замолив, тој со својот авторитет во овој правец да подејствува...

Со иста цел му е дадена таква порака и на некој Исајло Марковиќ од Тетово, за кого Упаравата на  градот Белград тврди дека е чесен и доверлив човек. Тој доби упатство тамошниот паша, со кој (Исајло) има лични врски, да го ангажира за заедничко дејствување со Србија против Бугарите. Како прво дело од ова заедничко дејствување треба Пашата да  протера еден или двајца бугарски учители или свештеници, што би ни послужило како доказ за неговиот пристанок. Од приватни соопштенија дознав порано дека во Тетово се истерани два учитела а исто така и една бугарска учителка. Последните денови е јавено во странски весници, дека повеќе Бугари во Тетово се затворени, меѓу кои и некој учител под обвинение, дека се фатени во бунтовни дејствија во Македонија во корист на Бугарите...

...Покрај овие работи особено внимание е посветено на спогодувањето со Арнаутите. Во овој поглед мошне корисно дејствува началникот на Нишкиот округ, г. Р. Бадемлиќ. Се работи на тоа, да се сознаат вистинските желби на Арнаутите и според тоа да се фати беса со нив за заедничка работа. Досега се созна толку, дека Арнаутите главно стравуваат од натамошниот продор на Австро-Унгарија на југ од Балканскиот Полуостров и дека се вољни на тој продор да му се спротивста-ват со сила. Дознавме понатаму доверливо, дека Арнаутите во овој правец ги поддржува и поттикнува Портата. Арнаутите покажуваат волја со нас до извесен степен да дојдат до спогодба.

Со нив работи преку некој Василие Филиповиќ, трговерц од Приштина, а заради истата работа доаѓал ваму и Махмуд Хусеин Спахиќ, богат Арнаутитн, кој е населен во Ниш, но чии браќа се во Призрен и луѓе од уплив во Албанската лига. Сојузот со арнаутските племиња може со мал трошок да се одржува помеѓу Приштина, Призрен, Пеќ, Ѓаковица и Митровица. Исто така за Дебар и за Црна Гора...

За интересите на Српството и Србија е многу важно и не смее да се пренабрегне, сериозно внимание да се обрне, во Српството да се остварат овие (средишта) центри со привлечна снага. Да се спречуваат црногорските тежненија во поглед на ширење на исток и југоисток е од капитална важност. Србија мора да најде начини, на таквото ширење да му застане на пат. Во овој правец на Србија можат да иж бидат од голема помош Арнаутите и незадоволните елементи во самата Црна Гора...

...При завршувањето на овој извештај, си земам слобода, да ја спомнам уште и таа околност, горните работи, кои се од доверлива природа, да се вршат на многу внимателен начин, така што ни во кој случај да не може да дојде до тоа, Кралската Влада да биде компромитирана.

За сето она што во овој извештај е изложено и што дозреало за извршување, се чека само на тоа Вашето Величество да се запознае со досегашната работа; и својата оцена и одобрување да ги донесе и веднаш потоа да ги издаде нужните наредби, па да се почне со извршувањето на работите (плановите) кои се готови за извршување, а останатите да се продолжат во веќе набележаниот правец.

Поднесувајќи го овој извештај на Вашето Величество, останувам во најдлабока оданост

На вашето Величество

Најпокорен слуга

М. Гарашанин”

Архив Србије-Београд, МИД ППО И 44/1885; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т.IV, кн.1, док. 190, стр. 322- 330;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.