|
|
Весникот „Вардар” - весник за народните и просветните интереси на Македонските Срби |
(Белград, 6 август 1885 година) СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО МИЛУТИН ГАРАШАНИН: ВЕСНИКОТ „ВАРДАР”- ВЕСНИК ЗА НАРОДНИТЕ И ПРОСВЕТНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СРБИ „Драги Гарашанине, Работата околу цариградскиот весник за нашата македонска работа јас со Д. Алексијевиќ потполно ја средив... Весникот ќе има наслов „Вардар”, весник за народните и просветните интереси на Македонските Срби. Претходната програма т.е. онаа која уште пролетоска е напишана му е дадена на уредникот да ја препише и да ја има во препис. За публикацијата и за турската цензура јас му напишав кратка и проста програма, во која се избегнува сето она што би можело да предизвика било каква закачка... Само простиот факт што во Цариград почнува да излегува српски весник, каде што никогаш ништо српско не се печатело, и што тој весник сака да ги застапува интересите на Македонските Срби повеќе вреди отколку сто громопукачки програми. Содржината на весникот ќе зависи од материјалот, кој мора и одовде да се испраќа, и ќе се корегира од број во број, додека видиме како ќе тргне. Тука сега би можело само да се нагаѓа. Јас сум на мислење, само песните, приказните итн., Во литературата македонска весникот да ја донесува со нивниот говор но сето останато да е на српски. Што се однесува со правецот и држењето на весникот сопрема останатите, ова е утврдено: а) Спрема Грците и грчкиот печат да заземе што повеќе пријателски став. Ако нешто од нивна страна би предизвикало полемика или неодобрување, да премолчува, а кадегоде може отворено да ги помага и од нив да преведува. Уредникот да побара познанства во грчките журналистички кругови во Цариград и лично да работи, за да се основа заедница во јавната борба како и мислите и мислењата да се изменуваат, рашират и по потреба да се исправат. б) Спрема бугарскиот печат да води полемика, но одбрана и достоинствена и да не ја прима на секоја ситница. Ред е во текот на полемиката со Бугарите да се спознае дека ние сме посилни во културата и дека нашата книжевност и образованост е понапредна. Инаку, на весникот му е главна задача да полемизира со Бугарите. в) Спрема рускиот печат да се држи апсолутно пасивно, поаѓајќи од гледиштето, дека таму не е место за борба со Русите. Сето тоа што Русите би атакувале на “Вардар” во Цариград треба само да се посматра и да се одбива од тука од Белград. г) Спрема Србија мора да има став ладнокрвен и објективен. Ништо да не јавува за нашите прегонети, туку внимателно да го регистрира она што се направило или случило и за тоа да ги држи во патриотски дух своите читатели. д) спрема Турција - најголема лојалност, која јас ја внесов во програмата за печатење. Со волку, што е направено и што и ти самиот уште ќе речеш и препорачаш, мислам дека ќе може во името на Бога да се појде, и да се почне, а после по старински ќе притискаме и буткаме како се може и мора”. Со поздрав Ст. Новаковиќ М. Но 56/85 Архив Србије-Београд, фонд: МИД, ППО И 56/1885; Архив на Македонија-АрхивСрбије, Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, т. IV, кн.И (1879-1885), док. 195, стр. 335-337; |