Среда, 10 Јуни 2015   
За влегување во редовите на МРО се давала клетва

sloboda-ili-smrt

Павел Христов (1874 - 1922)

pavel-hristovПавел Христов е роден 1874 г. во битолското село Цапари кое се наоѓа во подножјето на Баба планина.Тој бил одличен ученик. Завршил гимназија во  Лом во 1894 година и се вратил во Македонија како учител. Учителствувал во Прилеп,Битола,Кичево и други градови. Во првите години од неговата полнолетна младост ( 20-21г.) додека неговата родна земја се наоѓа под турско-османлиска власт, Павел Христов „под клетва во 1895 година активно се вклучува во редовите на Македонската  Револуционерна Организација (МРО).

За влегување во редовите на МРО се давала клетва изговараќи ги следните зборови:

СЕ КЛНАМ ВО ИМЕТО НА БОГА, ЧЕСТА И ТАТКОВИНАТА ДЕКА ЌЕ СЛУЖАМ ЧЕСНО И ВЕРНО ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЌЕ ГИ ИСПОЛНУВАМ СИТЕ НАРЕДБИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА ДОБРОТО НА ТАТКОВИНАТА. АКО И НАПАКОСТАМ СО НЕШТО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ИЛИ АКО ГИ ПРЕДАДАМ ДОВЕРЕНИТЕ ТАЈНИ, ГОТОВ СУМ ДА БИДАМ КАЗНЕТ СО КАМА ИЛИ СО РЕВОЛВЕР, ЗА ПОТВРДА НА КОЕ ШТО ГИ БАКНУВАМ. АМИН ! “   

Времето и условите во кои живеел овој роддолуб биле идеална почва за делување на неговата интезивна Македонска патриотска и револуционерна дејност. Револуционерната дејност на Павел Христов во Битолскиот округ на ТМОРО во периодот 1898 - 1906 година е во тесна врска со дејноста на Дамјан Груев. Имено во овој период, се до неговата смрт тој бил еден од неговите најблиски соработници, човек во кој Даме имал потполна доверба и држел клучна раководна функција во Костурскиот реон.

Напредок во хиреархиска поставеност на ТМОРО

По влегувањето во редовите на МРО, Павел Христов брзо напредувал во нејзината хиреархиска поставеност. Од 1898 - 1901 година тој е Раководителна  револуционерната организација во Костурската околија, а во својство на помошници му помагале Кузо Стефов, Лазар Младенов и Михаил Николов.може д асе каже дека павел Хрситов и војводите Васил Чакаларов и Пандо Кљашев биле браникот на македонското население од турските,арнаутски и грчки андартски банди во Костурско. Во овој период животот во Костур и околијата бил многу тежок, неподнослив за живеење. Селаните биле сурово малтретирани и плачкани од разни качачки банди но, и немилосрдно експлотирани од беговите. Поплаките од селаните биле се почести. Поради оваа состојба Битолскиот револуционерен округ побара од костурските војводи да дејствуваат, да преземат акции - следуваше ликвидација на турците силеџии и лошите бегови. За ТМОРО односно за Битолскиот револуционерен округ тоа претставуваше прва фаза во развојот на македонската револуционерна самодоверба. Убивањето на злосторниците беше од интерес за организацијата, бидејки на тој начин се губеше стравот кај селаните и навиката за покорност и стрпливост односно се разбудуваше патриотскиот и револуционерен дух. Тоа придонесе да се зголеми бројот на четите. Дејците од Битолскиот револуционерен округ го имаа во предвид овој факт. За разлика од беговите во другите околии,  Костурските бегови беа најлоши.

kostur
Костур распространет на брегот од Костурското езеро еден од најубавите Македонски градови

Смртни казни за лошите бегови

Со назначувањето на Павел Христов за Костурски раководител на ТМОРО, Организацијата ќе го зајакни својот углед и авторитет. Тој ќе воведи ред и дисциплина во редовите на Организацијата во Костурската околија. Павел Христов со потесното раководство ќе изречи неколку смртни казни. За две од нив ќе дадам краток опис, кој народот во костурско ги именува по името на егзекутираното лице.

Абединбеговата афера

Во месец јули 1900 година, по заповед на Павел Христов беше извршено убиство на Абедин бег, покрај езерото кое се наоѓа во близина на Костур.

Кој е Абедин бег, кој се причините за изречената смртна казна ?                                                                                                                                         

Абедин бег беше блудник, насилник и сексуален манијак кој ги силуваше убавите Македонки по костурските села, а ако некој маж се спротиставеше ќе го убиеше со помош на својата придружба и башибузук. За овој изрод Павел Христов изрече смртна казна. Егзекуцијата беше извршена еден тмурен ден кога падна мракот, покрај Костурското езер, поради што немаше оставено траги и докази. Бидејки немаше докази за убиството беа уапсени некои бегови поради меѓусебното непријателство. Ова убиство е познато како Абединбегова афера.

Нурединовата афера

Во месец април 1901 година, група на селани дојдоа кај Павел Христов и се пожалија за однесувањето на Нуредин бег, на неговиот суров однос кон нив, пред се изразен во данок и лихва, а ако немаше можност да се плати следуваше котек, малтретирање и силување. Нуредин бег беше обичен плачкаш и крвник. Костурскиот раководител изрече смртна казна. Тој му даде задача егзекуцијата да ја изврши војводата Атанас Петров. Овој настан се случи август истатата година. Поточно, војводата со своите комити постави заседа на патот меѓу селото Хлупишта и градот Костур каде што Нуредин бег беше пречекан и убиен. Меѓутоа, во овој случај војводата направи грешка, што одма по убиството не ја искина наредбата дадена од раководителот а, при повлекувањето истата ја загуби. Писмото беше најдено и падна во рацете на власта. На писмото стоеше потпис на некое лице со атрибути П.Езеров, но и печат на Костурската ТМОРО. Власта во лицето П.Езеров го препозна Раководителот на Костурската револуционерна организација. Набргу по овој настан Павел Христов е уапсен, измачуван и осуден на 3 години затвор. За овој случај со него беа затворени и осудени и 7 други луѓе. Осудените беа заточени во затворот во Корча, но поради немање докази набргу беа пуштени.  На крајот власта за убици ги сметаше повеќе бегови кој беа соперници на убиениот. Случајот е познат како Нурединбегова афера.

Верен на Илинденските идеали

Според Христо Силјанов, по задушувањето на Илинденското востание - 1903 година, откако била објавена демобилизација голем број на видни дејци ја напуштиле Македонија и емигрирале во соседните држави претежно во Бугарија. Од поистакнатите и поавторитетните раководители во Македонија останале: Дамјан Груев, Анастас Лозанчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Ѓорѓи Сугарев, Христо Узунов, Петар Чаулев и др. Меѓу кои бил и Павел Христов.

По Илинденското востание во 1903 година, во најкритичниот момент за опстанокот на МРО Павел Христов бил избран за Раководител на Битолскиот револуционерен округ.                                                                                                                              

Кон крајот на 1903 година Дамјан Груев, Анастас Лозанчев, Пере Тошев, Аце Дорев и Павел Христов донеле одлука за реактивирање на Битолскиот револуционерен округ.

Од почетокот на февруари 1904 година, Павел Христов учествувал во неколку советувањакој се одржани во Битолскиот окружен комитет. Во почетокот на февруари 1904 година како резултат од овие советувања Битолскиот окружен комитет донесол неколку одлуки-заклучоци: Битолскиот окружен комитет изразил критики за пасивноста на на некои окрузи за време на востанието.

Во првата половина на мај до средината на јуни 1904 година се одржа Прилепскиот конгрес. На него требаше да присуствува и Павел Христов но, по совет од Даме Груев тој одлучил да не присуствува на овој конгрес и не допатува во Прилеп. 

На  Рилскиот  конгрес  кој  се  одржа  во  месец  Октомври  1905  година,  во  Рилскиот манастир Павел е избран за делегат. Поточно, на Рилскиот конгрес 1905 година биле избрани 22 делегати, а од Битолскиот округ биле Пере Тошев, Ѓорче Петров, Борис Сарафов, Ѓорги Поп Христов и Павел Христов.

Спречен да ја изврши егзекуција над Петар Лигушев

Дамјан Груев во ликот на Павел Христов гледал идеален патриот и револуционер.

Оваа привилегија ја добил поради неговата чесност во борбата за идеалите за Македонија и Македонската кауза. Од него Даме никогаш не бил разочаран, до крајот на неговиот живот Павел бил човекот од највисока доверба.

Во летото 1906 година, во Софија Павел Христов имал чести средби со Даме Груев, а некои се одржувале во хотелот „Македонија“ во кој во тој период престојувал Груев. Во овој период актуелен бил проблемот кој го направил Петар Котев Лигушев во Битила со предавството на војводата Ѓорги Сугарев. Оваа подлост премногу тешко ја прими, не можеше да верува. Поради овој настан Даме Груев изразил желба да замине во Битола во придружба на Павел Христов за да се казни виновникот – кодошот, на самото место. Даме имал сигурни факти-докази дека предавството го извршил Петар Лигушев. Но оваа одлука на Дамјан Груев и Хрстов била тешка за реализација бидејќи Лигушев се криел и извесен период немал трага.  Павел Христов за довербата која ја уживал кај Даме. Заради мир во Организацијата не дојде до егзекуција на кодошот Лигушев, но казната не била укината-останала во сила и била реализрана во 1908 година кога Лигушев е ликвидран од атентатор на ВМОРО.

Борец за Македонската кауза до крајот на својот живот

На 23 декември 1906 година убиен е Дамјан Груев, неговиот најблизок револуционерен сопатник. Овој настан тешко му падна на Павел Христов. Мегутоа, и покрај тоа ова уште повеќе го мотивира да продолжи да се бори за Македонската кауза, а таа борба траеше до крајот на неговиот живот.

kosturska-ceta
Една од бројните Костурски чети на ВМОРО

На Ќустендилскиот конгрес во 1908 година, Павел Христов е избран за членна Централниот комитет на ВМОРО заедно со Христо Матов, Тодор Александров, Васил Чакаларов и други револуционери.

Во периодт помеѓу 1910 - 1911 година бил задграничен претставник на ВМОРО и помагал во обидот за обнова на Битолскиот револуционерен округ.

Учесник во Балканските војни

Во Балканските војни Павле Христов бил доброволец во Македонското одринско ополчение Првично бил во четата на Панајот Каранфилов, а потоа ја предводел чета бр. 23, составена од 13 лица, која дејствувала во Битолско како поддршка на српските војници. Заедно со Крсте Маликов и над 400 четници, ја прекинал на неколку места железничката линија меѓу Лерин и предизвикал паника во редовите на турската војска кај Битола.

Во виорот на Втората балканска војна Хрстов е во зборната партизанска чета при  Македонското Одринско Ополчение.

Павел Хрисотв и Петар Чаулев предводници на Охридското востание

Во септември 1913 година Христов заедно со Петар Чаулев биле едни од главните организатори на Охридското востание.Веднаш по потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонсија помеѓу Србија,Грција,Бугарија и новоформиранта албанска држава ракововодство односно ЦК на ВМОРО предводено од Тодор Александров испратило,меморандум и протесни писма до големите сили и соседните балкански држави дека ВМОРО ќе ја продолжи борбата против новите окупатори на Македонија.Така Павел Христов и Петар Чаулев со одлука на ЦК на ВМОРО го организаираат Охридското востание,по доста тешки и крвави борби четите на Петар Чаулев и Павел Хрисотв го ослободуваат Охрид,српските војски биле протерани од градот,а српскиот артилериски полк бил заробен.Во ослободениот Охрид на 12 септември 1913 година  ВМОРО формирала привремена управа на чело со Петар Чаулев,Павел Христов,Лев Кецаков,Лев Огненов и други угледни староградски охридски фамилии. Павел Христов со четата требало да замине за Битола каде борбите против српските војски требало да продолжат,но српските војски координирани и во заедничка акција со грчките војски кои нападнале од Подградец се судриле со четите на ВМОРО.Во Охридското востание загинале голем број на комитаџии и македонски патриоти,востанието било крвавао задушено,а српските војски извршиле и репресии,злосторства и голем број на убиства на Македонци . По погромот на востанието, Христов се повлекува во Албанија каде се поврзал со албанските револуционери и пребегал во Бугарија.

zname-na-vmro
Знаме на ВМРО со познатите - впечатливи симболи

Учесник во Првата светска војна

За време на Првата светска војна  Павел Христов заедно со Петар Чаулев е на чело на голема чета на Организацијата и влегол во Крушево три дена пред доаѓањето на бугарската војска. Помеѓу 1915 - 1918 кога Вардарска Македонија е во рамките на Бугарија, Павел Христов е окружен финансиски раководител, а подоцна и окружен управник на Битола.

На 9 март 1919 година беше објавен Апелот на бившата ВМРО до Македонското население и до емиграцијата во Бугарија кој бил потпишан од  21 деец на Македонската кауза меѓу кои  Павел Христов заедно со Ѓорче Петров и Димо Хаџи Димов е еден од главните потписници за автономија на Македонија. По војната, Христов е во редовите на левицата и влегол во Временото преставнишво на обединетата поранешна ВМОРО. На крајот од 1921 година и почетокот на 1922 година овој голем патриот и револуционер за Македонската кауза се населува во Бугарија, во Софија каде има доста голем авторитет меѓу емигрантските кругови на Македонците.Павел Христов е еден од основачите на МЕФО-Македонска  емигрантска федеративна организација. Уморството робијашките голготи по затворите, истоштеноста од долгогодишната револуционерна борба за Македонија остава видливи траги и доаѓа до нарушување на неговото здравје. Тој се разболува од во тоа време од туберколоза,оболен  Павел Христов умрел на 6 јуни 1922 г. во Софија од  туберколоза.

Со својата револуционерна голгота и посвтена борба на македонската кауза Павел Хрситов се издигнува во еден безкомпромисен идеалст,посветен на македонското ослободително дело.Павел Хрстов треба да биде гордост на Битола,Цапари, Македонија и македонскиот народ.

ЃОРГИ ЧЕКУТКОВ-историчар

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.