|
|
Битола балканскиот Верден во Првата Светска Војна |
Битола како вилаетски центар а пред тоа и ејаетски центар на целиот Румелиски ејает во втората половна на 19 век преставувал и преставува еден од нејпознатите гградови на Балканот а можеме да кажеме дека тој е и неформален втор “главен” град на република Македонија. Како конзулски град Битола бил и центар на европската култура во османлиска Македонија што било реткост во тоа време и слично влијание во Македонија можело да се забележи само во Солун. По Балканските војни, Битола останува окупирана од србите,крајно разорена,економски и архитектонски е руинирана но за време на Првата Светска Војна таа потполно ќе биде разорена од илјадниците гранати кои ќе паднат врз нејзиното тло. Со самото стапување на Бугарија во војната во есента 1915 година година Битола е веќе окупирана од бугарските војски и таа ќе преставува важен етапен центар за напредувањето на Централните сили во поглед на Македонија и Балканот. Бугарските позиции во овој предел ќе бидат загрозени од продорот на силите на Антантата преку Леринската офанзива која што ќе се изведе како начин за заробување на териториите кои што биле под бугарска власт односно да се постигне ослабување на позициите на Централите сили на територијата на Македонија. Силите на Антантата напаѓаат и тие го заземаат Кајмакчалан на 2 октомври и продолжуваат кон Битола.Откако Централните сили го изгубиле Кајмакчалан, формирале заедничка команда за германските и бугарските војски на ова подрачје, со седиште во Скопје на чело со генералот фон Белов, за подрачјето на завојот на реката Црна-заедничка германско-бугарска дивизија под команда на генералот фон Хипел. На 6 октомври француските и српските воени сили извршиле силно бомбардирање врз германско-бугарските војски, а потоа во реонот на реката Црна од село Скочивир до Брод дошло до мошне жестоки борби, по кои сојузничките војски успеале да ја преминат Црна Река.По битката на Црна Река на 26 октомври 1916 бугарските војски полека почнуваат да ги губат своите сили и почнуваат да се повлекуваат преку Ивени,Тепавци се до битола и да се стационираат на падините на Баба Планина и на месноста Црн Врв од каде што во една крајно безизлезна состојба ќе го започнат тешкото бомбардирање на Битола кое што ќе го направи втор град по бројот на бомбардирањата, веднаш после францускиот град Верден. Бомбардирањата започнуваат во пролтетта 1917 гоидна и преставуваат еден од најтешкиот и најкрвавиот период за Битола во историјата.Бомбардирањата се одвиваат во следниов хронолошки ред: • 04 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 2000 гранати со бојни отрови. Покрај другите загинати и осакатени Битолчани забележани се 50-тина од нив кои умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови. • 19 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 60 гранати повеќето пак со бојни отрови. Пак има загинати и осакатени Битолчани • 20 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 350 гранати пак повеќето со бојни отрови. Загинуваат 47-мина Битолчани, ранети 20-тина а забелеѓани се и 76 разурнати згради. • 04 октомври 1917 год. , Битола се бомбардира повторно со непознат број гранати но кој е собран со бомбардаирањата од о7 и 08 октомври и севкупно изнесува 1057 гранати. И повторно се збирни и жртвите од трите бомбардаирања – 7 лица и 37 згради разурнати. Овој период станува еден од најжестоките и еден од најкрвавите во македонската историја во кој Битола беше гранатирана со повеќе од 2000 гранати и изгубила многубројни свои жители. Васко Гичевски |