Среда, 24 Јуни 2015   
Писмо од пратеникот Стојан Новаковиќ до Министерот за надворешни работи

(Цариград, 30 јануари 1888 год.)

Stojan Novakovic

Господине министре,

Со службен акт Ви праќам... два екземплара од книгата на Офејков:La Macedoine au point de vie ethnographique, historique et philologique, Philippopoli 1888, која деновиве е публикувана....

Како што таму истакнав, автор на книгата е г. Шопов, секретар на овдешниот бугарски егзархат, кој и инаку во меѓународниот печат се бори за етнографските бугарски права во Македонија....

Заедно со книгата е препечатена Лежановата етнографска карта на Балканскиот Полуостров, печатена, ми се чини, уште пред 20 години...во основата и се оние граници, кое едно време беа постевени за граници на бугарскиот егзархат, а кои подоцна се покажаа во границите на познатиот Сан-Стефански мир.

Истата книга овие денови од книжарницата им е испратена на сите овдешни странски застапници. Имав прилика да забележам, дека овдешниот англиски и австриски пратеник се сомневаат, дали во издавањето на книгата во овој миг нема (замешано, н.б.) руски прст. За тоа мислење би се нашла една причина во тоа, што навистина сиот Егзархат се движи во руски води, и ако внимателно и со голема умереност, но од друга страна во македонските работи Бугарите не знаат за партиски поделби, и мошне се сложни во работата. Порадо тоа кај нив гореспом-натата книга се прима со голема љубов насекаде....на неа почна да обрнува внимание новиот полуофицијален Софиски весник Ла Булгарие, кој некои места во целост ги препечатува.

Поради тоа јас мислам, дека во во нашите должности спрема оваа појава не можеме да се раководиме од политичкиот опортунизам заради нашето гледиште за прашање-то за независниот развиток на балканските држави, туку би требало нешто и од наша страна да се прави и да се бранат нашите етнографски права, бидејќи ни онака за нашето гледиште по главното политичко прашање нема и не може да има сомнение. Јас од моја страна со денешната пошта му испратив еден ег-земплар од таа книга на претседателот на друштвото Св. Сава г. Св. Николајевиќ, а вториот на географот г. Вл. Кариќ во намера да им го свртам вниманието. Одговор или слична објек-тивна книга за нашите етнографски права би требало да се изработи на француски. На оној кој би можел да даде француска обработка би било добро повеќе од нив да дадат материјали и мисли, секој по својата струка, бидејќи доказите во наша ко-рист мора да се соберат од разни полиња, како: од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традициите,од географската положба на оние предели сп-рема српските земји.

...пред неколку дена англискиот пратеник г. Њхите ми говореше, навистина патем, дека би било добро ние и Бугарите меѓу себе да се спогодиме за Македонија, и за тоа да нема борба. Спогодбата би теребало да гласи: и од наша и од нивна страна во сите делови да се поддржува статус љуо, то ест турската управа, додека не дојде до прилика за тоа да се зборува. Г. Њхите сакаше да знае, до каде се нашите ет-нографски граници, но бидејќи немаше карта при себе, остана тоа прашање за друг пат. Потоа ми говореше, дали ние би трпеле бугарски епископ во Скопје. Јас реков, дека тоа за нас е апсолутно неможно, и тоа не само за Скопје, туку и за цела Македонија, дека јас овде секогаш и во секоја прилика против тоа станував најенергично, и дека во тоа и со Грците и со патријархатот сме согласни, и дека имаме и други начини, да работиме против тоа. Претпоставувам, дека Бугарите нешто прашале на таа страна, па поради тоа, можеби, и она прво пра-ша-ње влегло во разговорот. Натаму ништо не е зборувано во таа прилика.

Со најодлично почитување Ваш Ст. Новаковиќ”

Архив Србије-Београд, МИД ПО ф: И, досије II, Пов. 22/1888;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

од Архивот на Србија..., т. IV, кн.3, док. 9, стр.46-48;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.