|
|
Кралската Српска влада заклучи договор со мене за издавање дело за Македонија |
МЕМОРАНДУМ НА СПИРИДОН ГОПЧЕВИЌ ОД ВИЕНА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НЕГОВОТО ДЕЛО ЗА МАКЕДОНИЈА “Кралската Српска влада заклучи договор со мене за издавање дело за Македонија. Во овој договор Кралската (Српската) влада се обврза, дека ќе депонира сума од 11.000 динари во злато кај Виенското пратеништво со цел обнародување на делото и дека ќе ми исплати 12. 500 динари во злато во месец ноември 1888...но за жал морам да констатирам дека Кр. Срп. влада не депонирала ниеден динар кај Виенското пратеништво... Без пари неможам ништо да направам... Ако владата не сака делото да се обнародува во 1889 год. или уште подоцна, така што ќе се осуети целта на издавањето - тогаш е неопходно да добијам барем половина од договорената сума што побрзо. ...Почнав да го пишувам делото и имам готови 130 страни од ракописот. Морав да ја прекинам работата бидејќи најдов за нужно да ја исправам, генералштабната карта и да ја пишувам статијата за “Петермансс Миттеилунген”. На првата поправив 1800 имиња, избришав 50 имиња а упишав 200 нови имиња; освен тоа ја констатирав во Картата величината од речиси сите места, Начелникот на ц. Кр. војничко-географски институт (Фејдмарцхалл-Леутенант вон Њанка) ми честиташе што толку сум поправил, и рече дека австриската влада морално ќе ги потпомогне картите за моето дело така ефтино како што е можно... ...Од карти моето дело ќе го добие следново: 1) етнографска карта , 1: 300.000, во 10 бои, два листа од по 56 х 49 см, а два од по 56 х 36 см. Оваа карта ќе биде меродавна за дипломатијата и за целиот свет, бидејќи никој нема да може да направи поголема или подобра карта. Кога ќе биде разделена Турција според Конгресот тогаш само мојата карта ќе служи како те- мел. 2) прегледна карта 1:750 000, во исто време лингвистичка карта, и како таква во 6 бои: еден лист од 44х40 см... ...Во текстот за оваа Карта (1: 1750.000) - 80 ракописни страни - докажував дека Македонците се Срби. Г. Милан Богиќевиќ (кому му го прочитав овој труд и му ја покажав Картата) беше многу задоволен и рече дека не мисли дека тоа може подобро и попосведочено да се докажува отколку што е направено во мојот труд. Сега мора да ги читам сите книги во кои се зборува за Македонија; значи 2 од Хахн, 2 од Мацкенсеие-Ирбѕ, 2 од Грисебацх, 3 од Леак, 5 од Цоисинерѕ, 2 од Боуе, 1 од Бартх, 1 од Офејков, 6 од Милојевиќ, 1 од Протиќ, сите години на “Српство” неколку свески на руски “Из-вестија”, 2 книги од Пулевски, 3 од Поугуелл, значи цела библиотека. Делото, значи, нема толку брзо да напредува и нема да се печати пред февруари. Сепак делото може да се обнароди на 1 април ако владата постапува според договорот. Трошокот околу издавањето нема да биде мал. Ако ја посматрам огромната граѓа за делото, број на слики, карти и красната “Аусстаттунг” тогаш се сомневам дека 11.000 динари ќе бидат доволни; по своја прилика делото од 640 страни 40 слики и 5 карти во 8-10 бои ќе чини околу 13.000 динари. Кога се гледа целта на обнародувањето и користа, тогаш оваа сума е смешно мала - Бугарите му платиле на Лавеллаѕе 60.000 дин. За неговото незнатно дело! - но во Србија се штедат парите често токму тогаш, кога треба дсе жртвува со полни раце... ...Ако владата реши делото да се издаде на француски и англиски превод... Во тој случај треба природно да има 45.000 динари на располагање, за да нема подоцна неприлики и забуни. Бугарската влада жртвува секоја година преку 2 милиони за целта да ја побугари Македонија, да го купува јавното мислење и да подготвува идна анек-сија на Македонија; зарем Србија нема маленкост од 45.000дин. за оваа иста цел. Спиридон Гопчевиќ Архив Србије, МИД ПО ф: И, досије ИВ, Пов. бр. 107/1889; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т. ИВ, кн.3 док. 83, стр.205-208; |