|
|
Активноста на кружокот и весникот „Македонија“ (Софија, јуни 1888 год.) |
КОСТА ШАХОВ И ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗИРААТ КРУЖОК И ГО ИЗДАВААТ ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА” „Првата грижа ми беше да се запознаам со некои наши сотатковинци тука. Покојниот Миле Манче ме запозна првин со господин Д. В. Македонски и потоа со некои други. Уште тогаш јас ја објаснив мојата цел со издавањето на весникот и се посоветував што да се прави за едно загрупируваање. Решивме да се свика едно собрание од повидните Македонци во хотелот Конкордија... Заедно со г. Македонски ние направивме список на лицата... Им објаснив дека ние Македонците сме должни да се загрупираме и да работиме колку што е можно за да ни се олесни положбата во Македонија и затоа сум го почнал весникот. Реков дека овој весник сум го почнал не да ми биде мој личен орган, а да биде македонски, општ, и дека од парична поддршка нема потреба, зашто имаше 1500 претплатници и беа достатни. Собра-нието ми заблагодари и реши да се згрупираат привремено сите околу Редакцијата, имајќи ја предвид положбата тука под Стам-болова, па избра меѓу себе уште четворица, покрај мене, коишто го составуваа Редакциониот комитет. Тие петмина бевме: Д.В. Македонски, А. Икономов, Хар. Анастасов, Кирил Стојанов и јас. Меѓутоа уште утрото „Свобода почна со своите заплашувања, та во редакцијата зеде учество само Д.В. Македонски со мене и така теравме до крајот на годината”. ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА ПЕЧАТНИЦАТА „МАКЕДОНИЈА” „Тајните и јавните агенти го заплашуваа редакторот и му предлагаа барем името „Македонија” да го замени со друго, бидејќи покојниот Стамболов, иако го дразнеше содржината, избегнуваше да го запре официјално под тоа име за да не остави лош спомен пред Македонците. На крајот тогашниот кмет Петков се досети за да ги заплаши Македонците што работеа во „Македонија” со отпуштање од службата за ги дигне против редак-торот Шахов. И навистина, исплашени за својата положба, тие, иако немаа никаква омраза против него, најнапред го молеа да го смени името на весникот, а кога тоа не им успеа, му се за-кануваа дека ќе му ја растурат печатницата... и дека ќе го претепааат. Пред да се исполни оваа закана, се појави заговорот на мајорот Паница и власта презеде крупни мерки и вооопшто и против печатот, па ја затвори печатницата “Македонија”, и со тоа го спречи понатамошното издавање на весникот. Не се појави потреба официјални агенти да стапат во дејство. Скоро цели 2-3 месеци весникот „Македонија” не можеше да излегува...” Редакцинија Комитет (К. Шахов), Објаснение, „Македонија”, XXIII, 9 (497), од 6.ЏИ.1910, стр.4; Д. Шахов, Едно осветление на нашите работи, „Глас Македонски”, II, 50, од 26 ноември 1895, стр.3-4; |