Среда, 01 Јули 2015   
Македонците ја заземаат преодната алка меѓу Србите и Бугарите (Цариград, 8 октомври 1888 година)

ПИСМО НА СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО МИНИСТЕРОТ ЧЕДО МИЈАТОВИЌ: МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ЗАЗЕМААТ ПРЕОДНАТА АЛКА МЕЃУ СРБИТЕ И БУГАРИТЕ

stojan-novakovic

“Господине Министре,

Веднаш по моето враќање имав чест да ве известам за вистинската состојба  на Македонското опрашање која е предмет на сегашната журналистичка кампања во печатот на балканските држави и во европскиот печат. Тоа го исложив во писмото од 2 ов.м. П Бр. 158. Тогаш имав прилика за таа работа да изменам мисли со сер Њхите  англискиот пратеник...

Сер Њхите скоро потполно ја потврди онаа моја претпоставка... И тој мисли дека почетокот на  движењето не е сега во Софија, туку дека треба да се става на почетокот на пролетта во Егзархатот во времето кога Егзархот почна да се  залага за пополнување на бугарските епископски столови во Скопје, Охрид и Велес... Бугарската влада, според кажувањето на сер Њхите знаела дека ништо не може да се постигне, и се впуштила во журналистичка кампања да му даде одушка на истото движење. Ние, велеше сер Њхите, им говоревме на Бугарите, дека тие ништо во Македонија не можат да добијат без вас Србите и дека тоа прашање мора да биде рапспавено со спогодба меу Србите и Бугарите. Мислење е, значи, на сер Њхите, дека сегашното македонско движење во Бугарија не е од бугарската влада туку од Егзархатот, а всушност е насочено против владата и сегашната состојба во Софија, и дека бугарската влада во него влегла со чисто диверзивни тактички намери. Дека од сето сега може да има некакви последици сер Њхите не мисли, но за тоа е  одвишно сега да се зборува.

Истиот ден се видов и со г. барон Каличе во Бујукдер. Тој се информираше за нашата етнографска положба јужно од Србија и во Македонија, развивајќи ја и картата што е печатена во книгата на Офејков за Македонија, давајќи му на разговорот турнир академски, бидејќи прашањето сега веќе и не може да има подруг интерес...Во главно му реков дека ние сметаме на оној ист народ таму, на кој сметаат и Бугарите, дека можеме што можат и тие, и дека наспроти бугарскиот мемоар и ние би можеле во наша смисла да подготвиме, потпишеме и дадеме  ист таков мемоар кога би биле безразложни и кога не би сакале да водиме сметка за опортунитетот воопшто и за она што е угодно или неугодно на силите пријателки кон нашата земја. А ако прашањето би се извадило од политичката сфера па да се погледа научно и академски би можело, според странската наука, да се најде дека Македонците ја заземаат преодната алка меѓу Србите и Бугарите, што значи дека за натамошна расправа, каде по-натаму со нив, треба да се земаат предвид други политички, историски и географски обзири, и дека во тоа Македонија личи на Малорусите, кои така стојат меѓу Русите и Пољаците и на Провансалците во јужна Франција кои така стојат меѓу Италијанците, Шпанците и Французите. И за конечната политичка судбина на двете места пресудувале други чинители. Овие мисли намерно ги нафрлив, знаејќи од друга сигурна страна, дека г. барон Каличе им нареди на своите конзули во Македонија да му поднесат извештај за положбата.

Преку нашиот агент за овие работи г. К. Групчевиќ се распрашував дали навистина се собрани илјада потписи на познатиот мемоар и каква е внатрешната вредност на пот-писниците. По неговото кажување изгледа дека потписници нема многу повеќе од тристотини; дека главни во тоа биле некој претприемач за градежништво Македонец, денешен бугарски агент, и еден меанџија, а останатите се прости луѓе, работници од бавчи и инаку од разни страни, од кои многуте и не знаат дека се потпишани, а најмногу од нив и не го познаваат значењето на таа работа.

Во турските пак кругови се трудам да обрнам внимание на врската на бугарската школска агитација со оваа политика, од која Турците назираат од старите времиња, а турската администрација е трома и мачно ги остава патеките по кои еднаш во движењето се пуштила. Со тоа нашето просветно движење секаде се задржува и запнува. Поради тоа што турските чиновници се тешки за вакви политички еволуции, г. Групчевиќ на некои луѓе од околината на султанот, со кои има врски, во иста смисла им говорел, обраќајќи им внимание на опасноста од Бугарите и нивното дејствување по турската царевина, предавајќи за тоа и писмена белешка. Кога неодамна со турскиот министер за просвета Муниф-паша зборував за нашите школски книги, на кои им се прават пречки по стара Србија и Македонија, иако во неговото министерство царската цензура ги одобри, споменав дека нивните школски надзорници повеќе им гледаат низ прсти на Бугарите и ги следат нивните агитации, и тој поради тоа вети дека ќе испрати, како што подоцна бев известен и навистина испрати, опширна телеграма од царските власти на тие наши краишта, во кои бара експликации за нивното постапување со српските книги. Таа работа е во тек, и за неа тука само патем проговорив, колку да ја допрам и нејзината политичка страна...”

Архив Србије-Београд, МИД ПО, ф. В, т (И-ИЏ) 1888 год;

Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија..., т. ИВ, кн. 3, док. 101, стр. 243-246;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.