Среда, 08 Јули 2015   
Состојбата на српските училишта во Македонија (26 мај 1889 год.)

ИЗВЕШТАЈ НА КОСТА ХРИСТИЌ, ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН ЗА СОСТОЈБАТА НА СРПСКИТЕ  УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

kosta-hristic“Господине Министре,

Во прилогов, чест ми е да Ви испратам список на  школи во Македонија и Стара Србија...

Од тој список ќе повелите да видите, како бедно стоиме со српските школи. Може да се рече дека во Македонија и немаме никакви школи. Напротив, Бугарите се вовлекле до под самата српска граница. Ние  не само со нив, но дури и со влашките школи не можеме да се споредуваме.

Бугарите работат живо и располагаат со огромни средства. Во самиот Солун и околината, како што известив, трошат на школите, и воопшто на својата пропаганда до 30.000 лири годишно.

Овде во Солун имаат своја печатница. И за да избегнат секоја неприлика, која би можела да им се направи од страна на тутрските власти, тие таа печатница ја водат на име на некој италијански евреин “Муратори”. Всушност печатницата е на некој Бугарин Самарџиев, кој овде има и своја книжарница.

Овие денови почнаа да го печатат месечниот часопис “Книжници” на кој  тенденцијата му се гелда од самата содржина. На тие “ книжници” првобитниот наслеов им беше “Св. Кирил и Методија”, но турците го забранија. Ви ја праќам на увид првата свеска од тој часопис.

Во мојот извештај за српските школи (П Н 44) јас ги изложив своите мисли за српските школи во Ммакедонија. Јас тоа морам да го повторам и сега. Не само во Солун, туку и во внатрешноста, би можел, држам, да се покаже успех, ако се обидеме да отвориме школи со сигурни наши луѓе, а турски поданици. Можеби тоа потешко би одело кај турската недоверливоаст  и страшните бугарски  интриги и денунцијации, но сепак би бил направен каковгоде успех. Признавам повторно дека за тоа  и материјални средства и помош,  кои  за жал нам ни недостасуваат.

Втора работа на крајот на која свртувам внимание, тоа се трговските прилики во Солун....тие прашања за особено за мене се нови, јас во прв ред запазив, во трговски поглед, силна спротивност на интересите на Австро-Унгарија од една, и приморските држави Англија, Италија, Франција и Белгија од друга страна. Еманципацијарта на нашата трговија од Австро-Унгарската не води во согласност со трговската политика на приморските држави. Особено во тоа Белгија е заин-тересирана.... Особено нашите цереалии силно влијаеа во тоа. Белгискиот конзул ми говореше...како српскиот јачмен, кој е најден како подобар од македонскиот, имал силен извоз за Белгија. Само кога толку не би била висока железничката тарифа.

Тоа што важи за тие, важи и за други производи. Така би можела нашата крупна стока за да извезува во Грција...”

Архив Србије, МИД  ПО, ф:  III, досије ИИ, Пов. бр. 1329;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

 од Архивот на Србија..., т. IV, кн. 3, док.172., стр.437-443;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.