|
|
Не постои ниту една земја во Европа каде што луѓето добиле вакви можности за благосостојба |
ФРАНЦУСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН ФЕЛИКС ДЕ БОЖУР ЗА МАКЕДОНИЈА (Крај на XVIII век) “Солунскиот пашалак , кој ја опфаќа цела Долна Македонија (јужна Македонија) има 700 квадратни милји…овде зборувам за најнаселениеот дел од Македонија, бидејќи Горна Македонија и Епир се поненаселени. Еве како е распределено ова население: Солун, 60. 000 души: Серес 30. 000; Лариса 20. 000; Воден или Стара Едеса, 12.000; Кара Верија или Бер, 8.000; Ениџе, 6.000;… Кавала 3.000; Воло, 3.000. Вкупно градско население 157.000 души. Според тоа сел-ското население изнесува 243.000 што претставува само однос 1 спрема 3… Ако ја разгледува Македонија од гледна точка на нејзините природни предности, се доаѓа до заклучок дека не постои ниту една земја во Европа каде што луѓето добиле вакви можности за благосостојба. Но ако се разгледува од аспектот на нејзините политички форми се доаѓа до заклучок дека сите несреќи на варварската администрација (се однесува на османлиско администрација, н.б) како да се собрале тука за да ја пара-лизираат една од најубавите области на земјта со своето богат-ство и разновидноста на своите производи… Во Македонија…, селаните умираат од глад, а господарите изобилуваат со злато…”
Фелиџ де Беајоур, Воѕаге милитаире данс Л’Емпире Отхоман I, Парис 1829, п.127-128, н.1; п.130, 132; Документи..., т. I, док. 112, стр. 160-161; |