|
|
За учеството на македонците во aвстро-турската војна (1788-1791 год.) |
“...Од самиот пак Белград (се засолниле во Австрија) Петар и Јован Новаковиќ, браќата Чардаклии, Велчо и Кузман, браќата Цикиќи, Дели Ѓорѓи Чипљак, Милош Брко, Тримче Трпковиќ, Деспот Чукула и Геро Новаковиќ. Наеднаш во почетокот на оваа војна Главниот командант на австриската војска, војводата Лаудон, формирал еден фрајкор (доброволечки одред, н.б.) од Србите од онаа страна, а нај-многу од Србите од оваа страна, а главен командир на овој фрајкор бил Србинот Михалевиќ... Сите споменати четоводци, освен Кочо, Станко Амбрашиќ и Караѓорѓи, кои воделе нерегуларни трупи, дошле кај своите четници што ги имале собрано во овој фрајкор, се облекле во мундири (офицерска облека, н.б.), добиле царско оружје, па потоа добиле и офицерски чинови. ...оние пак од самиот Белград биле произведени вака: Петар и Јован Чардаклија за капетани, Велчо и Кузман Џикиќ исто така, Дели Ѓорѓи исто така, Милош Брко заминал како офицер против Французите. Заслугите на Тримче Трпковиќ, Деспот Чукула и Геро Новаковиќ биле од посебен, невојнички вид; овие тројца биле наградени со пензии и со царски документи за признавање. Од оние од Белград, првиот по ред (Петар Чардаклија, н.б.) станал ритмајстор (коњички капетан, н.б.) и благородник на Унгарското кралство... Освен сите овие горенаброени четоводци, секако имало повеќе и други што се прославиле во оваа војна; но мнозина додека траела војната изгинале, а многумина пак кои не се обсирале на наградите на австриската влада се задоволиле само со одмазда над Турците како нивни угнетувачи, а нивните имиња биле предадени на заборавот.” Лазар Арсенијевиќ-Баталак, Историја Српског устанка, т.И, Београд, 1898, стр. 4-5; Документи..., т. И, док. 113, стр. 167-168; |