|
|
Петар Поп Арсов |
Роден е во 1868 година во с. Богомола, Велешко. И тој бил меѓу исклучените ученици од Солунската егзархиска гимназија, кои се префрлиле во Белград, но оттаму, како и Даме Груев, се вратил назад и студирал во Софија каде дипломирал филологија на Софискиот универзитет. Во 1893 година, како професор во Солун, учествувал во создавањето на МРО и станал член на нејзиниот прв ЦК. Тој бил задолжен да го состави и првиот Устав на Организацијата. За време на Виничката афера, П.П.Арсов бил уапсен и одведен на петгодишно заточение во Подрум-Кале (Мала Азија). Во периодот по Илинденското востание и припаѓал на т.н. левица. Бил еден од тројцата задгранични претставници избрани на Рилскиот конгрес на ВМОРО, во 1905 година. За време на Хуриетот живеел и работел во Скопје. По Првата светска војна тој живеел во Бугарија и работи како прогимназиски професор во с. Костенец а публикувал и повеќе прилози. Петар Поп Арсов умрел на 1 јануари 1941 година во Софија. |