|
|
Одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот |
Доверлив извештај на Стојан Новаковиќ: Негување на македонизмот, то ест одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот - 1888 г. (Српскиот амбасадор во Цариград, Стојан Новаковиќ на министерот за просвета и вера д-р Владан Ѓорѓевиќ му предложил еден (веќе испробан од Бугарите) начин за влегување на српската пропаганда во Македонија, н.б.) “Што повеќе мислам на начините на кои би можело да се поткопаат и да се разурнат резултатите на Егзархијата и на бугарската пропаганда во Македонија, постигнати од 1870 год. наваму, се повеќе ми се чини дека тоа најлесно може да се пос-тигне со негување на македонизмот, т. е. одделување на македонската идеја и македонската словенска народност од србизмот и бугаризмот…Бидејќи бугарската идеја, како што им е позната на сите, фатила длабоки корења во Македонија, јас сме-там дека речиси е невозможно сосем да се расколеба изнесувајќи ја наспроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плашам, не би била во состојба, како чиста и гола спротивност, да ја по-тисне бугарската идеја и поради тоа на српската идеја ќе и помогне некаков сојузник што остро би бил против буугаризмот, а кој во себе би имал елементи што народот и народните чувства можат да го привлечат по себе, отцепувајќи го од бу-гаризмот. Тој сојузник јас го гледам во македонизмот, или во извесно, со мудри граници обележано, негување на македонскиот дијалект и македонската посебност… А на Србите тоа движење би им помогнало и затоа што тие (Србите), како заштитници на една национална и либерална идеја, како што е будењето љубов кон негувањето на домашниот дијалект во Македонија (или подобро: Јужна Србија). Би се покажале во попримамлива, благородна и далеку посимпатична светлина. Во работата околу ова јас сметам и на влијанието на Вуковиот (српски) правопис што в корен би ја удрил бугарската варварска писменост, и би морал да однесе природна и оправдана победа…”Македонскиот буквар”, што скоро ќе го отпечатиме во Цариград, ќе ги постави основите на оваа работа…Но, можете ли таму да најдете некој што би можел Новиот завет убаво и достојно да го облече во тој (македонски, н.б.) дијалект, пишуван со српски правопис …” Архив Србије, МИД, ППО,ИИ,251, 1888 г.; Б. Ристовски, Импулс во процесот... стр. 31-32; Б. Ристовски, Портрети и процеси..., 1, стр. 552-553; |