Среда, 16 Септември 2015   
Димко Хаџи Иванов

Gorno Brodi cheta 1908

Димко Хаџи Иванов (1813 - 1906) е истакнат македонски преродбенски деец. Активно учествува во црковно - училишните борба против грчката Царградска патријаршија во 60 и 70 – тите години на XIX век, во селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско. Основната цел на оваа сенародна борба бил отцепување од власта на Патријаршијата и возобновување на неиправдано укинатата Охридската архиепископија (1767). Наклеветен од грчкото свештенство, повеќе пати бил апсен од османлиските власти, поради што бил принуден со семејството да емигрира новооснованото Бугарско Кнежевство.

Димко Хаџи Иванов или Хаџи Димко е роден околу 1813 година во серското село Горно Броди, кое игра голема улога во борбата за за црковно и национално ослободување на Македонија. Бунтовната крв ја наследува од својот влијателен татко аџија, а исто така и неговите деца и внуци. Така со децении од Хаџидимковиот род учествуваат во борбата против фанариотите и за нацинално ослободување на Македонија. Негов син е учесникот во македонското револуционерно движење Димо Хаџи Димов.

Самиот Хаџи Димко учел на грчки јазик во келијното училиште кое било сместено во старата куќа на неговиот татко. Учители ми биле Грци, монаси од манастирот „Св. Јован Претеча“, во близина на селото Лакос. Оние што сакале да научат повеќе продолжувале да учат во самиот манастир, каде се буди панславјанскиот дух. Токму во тој манастир кај Хаџи Димко пламнува патриотската искра и љубовта кон Македонија.

Сепак човекот кој го потикнал Хаџи Димко бил Стефан Верковиќ, кој во текот на 1855 година се населува во Сер и станува двигател на црковно-училишната борба против Патријаршијата. Покрај црковно-училишната борба, Хаџи Димко му помага на Стефан Веркович во собирањето на фолклорни материјали

Хаџи Димко бил долгогодишен претседател на црковно-училишната општина во Горно Броди (1854 – 1856, 1871 - 1876) и во Сер (1873).  Како еден од првенците на селото, тој ќе одигра важна улога во борбата против грчката доминација во политичкиот и општествениот живот, против злоупотребите на грчкото свештенство, како и против употребата на грчкиот јазик во македонските цркви и училишта во 60 и 70 – тите години на XIX век во селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско.

Во 1868 година, некој од монасите на манастирот донел црковно-славјанска книга и додека се градело новото училиште во Горно Броди, во црквата започнала богослужба на црковно славјански јазик. Потоа Хаџи Димко го доведува за учител во родното село Геоги Иванов Зимбилев од селото Илинден, Пиринска Македонија, кој почнал да предава на мајчин јазик. Овој пример го следат голем број други места во Серскиот санџак.

Во декември 1869 година во Неврокопското село Гајтаниново, се одржува народен собир со преставници од Серскиот и Драмскиот санџак, на кој било донесено решение локалното население да се откаже од Патријаршијата. Откако се изневерени очекувањата за возобновувањето на Охридската архиепископија и наместо неа во 1870 година е формираа Егзархијата, за да се ослободат од доминацијата на грчката Патријаршија, во текот на 1870 година, Хаџи Димко во соработка со учителот Георги Зимбилев, обиколуваат 140 села во Источна Македонија и изготвуваат народни молби (махзари) за пристапување кон Егзархијата.

Хаџи Димко дава огромен напор и материјални средства во борбата со гркоманите, во која учествува и целото негово семејство. Во таканаречената „Хаџи Димкова ера“ која трае речиси две децении, тој е постојано следен, изложен на притисоци од патријаршиското свештенство, како и затваран од османлиските власти.  Во 1879 година заедно со Дионисиј Москов паѓа во заточеништво, но успева да избега. Извесен период се крие во манастирите на Света Гора, а оттаму преку Цариград се префрла во новооснованото Бугарско Кнежевство (1878). Во летото 1880 година се населува со семејството во Дупница.

Во 1906 година серскиот учител Стефан Салтанџиев од Бугарија ќе забележи дека „Хаџи Димко кој бил душата на селото Горно Броди, кон кого во однос на народната преродба беа свртени погледите не само на соселаните, туку и населението од селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско и кој во борбата за будењето на својот народ претрпел понижувања, прогони, апсења, на крај доживеа целосна пропаст. Од прв богаташ во селото, Хаџи Димко дошол до просјачки стап“ во Кнежеството Бугарија. 

Во поодминати години, парализиран, сиромав и заборавен од сите, Хаџи Димко умира во 1906 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.