|
|
Денешната бугарска влада за сега е рамнодушна спрема македон-ските работи (1889 год.) |
ПИСМО НА СРПСКИОТ АГЕНТ ВО СОФИЈА, ДИМИТРИЈЕ БОДИ, ДО КОНЗУЛОТ ВЛАДИМИР КАРИЌ: СИЛНО ДА СЕ ЗАЗЕМЕМЕ НАШИТЕ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА ДА НАПРЕДУВААТ “Уште пред 5-6 години беше формирано во Пловдив друштво на Македонците со објавен статут и цели за взаемно помагање, а под копрената, во интерес на ширење и името и идејата бугарска во Македонија...сега тоа друштво е обновено. Вистина, целта му е взаемно помагање, но во исто време не може да се скрие дека тоа нема таков политички правец, да ги ангажира Македонците и да ги потсети да бидат подготвени кога ќе дојде поволен мо-мент. Во таа смисла пред кратко време пишуваше и овдешниот весник “Македонија”, кој го издаваат Македонците што живеат овде, и кој наведе, дека во случај на некаква европска разврска, единствениот спас на “Браќата Македонци” им е во револуцијата-востанието. Такво друштво...постои во Рушчук, а го има и тука во Софија, бидејќи тука има најмногу Македонци и тоа од Велес, Прилеп и Битола, и сите се скоро опозициски партии. Денешната бугарск влада не само што не ги помага тукашните Македонци, но уште и ги гони, бидејќи сите се главно членови на опозицијата (а највеќе Цанковистите и Радославистите), и затоа, колку што ми е познато, таа денес нема никаков удел во македонските друштва во Бугарија. Напротив, таа преку својот полуофицијален орган “Слобода” уште и ги напаѓа Македонците во Бугарија и ги изложува на навреди и подсмев. Колку што ми е познато, денешната бугарска влада за сега е рамнодушна спрема македонските работи и се интерсира само за своите внатрешни работи, бидејќи на неа сега најважно и е прашањето за признавање на кнезот, а македонските работи таа ги смета сега како “второстепени”. Јас мислам. Господине Министре, дека ние нерасположението на денешната влада спрема Македонците треба да го искористиме и силно да се заземеме, нашите мисии во Македонија да напредуваат, а во тоа ќе успееме, ако се погрижиме што поскоро да се отворат наши школи таму и учењето на нашата книга со македонскиот дијалект да започне, и на тој начин, симпатиите кај Македонците во Македонија, како што се уверив за време на мојата работа во Битола, дека сега знатно ги уживаме, уште посилно кога ќе ги утврдиме”. АС, МИД, ПО, 1889, Одговор од Д.Броди до Вл.Кариќ, Пов. бр.65 од 19.ВИИ.1889; |