Среда, 30 Септември 2015   
Мусолини на Југославија и нудел размена на население и излез на Егејско Море

musolini

Во февруари 1941 година Југославија го одбива планот на Мусолини да потпише договор со Италија кој предвидува размена на население од Истра, со албанското население од Југославија, а истовремено Белград да добие излез на Егејско Море и пристаништето Солун.

Втората светска војна во Европа се смета дека започнала со германската инвазијата на Полска на 1 септември 1939 година. По освојувањето на Франција и воздухопловната битка во Велика Британија, Третиот Рајх се подготвуваше да се пресмета со потенцијално најсилен противник - Советскиот Сојуз. Меѓутоа, по проширувањето на оската во ноември 1940 година, кога се приклучија Словачка, Унгарија и Романија, требаше да се обезбеди и Балканскиот Полуостров. На 29 октомври 1940 година Италија ја започна грчко-италијанската војна, а  Берлин и Рим презедоа низа политички чекори кон оската да се приклучат Југославија и Бугарија. Во сите овие договори територијата на Македонија била предмет на преговори.

По убиството на кралот Александар I Караѓорѓевиќ во 1934 година во Марсеј, во име на малолетниот крал Петар II, со Југославија владеат тројца намесници од кој набрзо се наметнува кнезот Павле Караѓорѓевиќ. Тој бил свесен за европската реалност и согледувајќи дека Велика Британија нема да ја заштити Југославија, заговара пристапување кон Тројниот пакт, што се случува на 25 март 1941 година. Два дена потоа Павле Караѓорѓевиќ, на 27 март 1941 година со воен пуч, масовно подржан од народот, бил соборен од власта и протеран во Грција. Набрзо потоа, на 6 април 1941 година, Југославија била нападната и за само 12 дена окупирана.

Од архивските документи на кнезот Павле Караѓорѓевиќ, кои по војната биле однесени на Универзитетот Колумбија,  како што пренесуваат српските медиуми, сите негови напори биле насочени да ја сочува земјата од воените разурнувања и дека верувал дека добрите односи со Берлин ќе ја гарантираат безбедноста од нервозните соседи Италија, Унгарија и Бугарија.  

Едно од решенијата како да се избегне војната, а да не се пристапи кон Тројниот пакт била иницијативата на Рим. Според оваа иницијатива мирот на југоистокот би се одржал и без влез на Југославија во сојузот, доколку таа се согласи на договор за трајно пријателство со Италија.

За оваа цел кнезот Павле го именувал специјалниот таен советник др Владислав Стакич кој три пати патувал во Италија – во ноември 1940 и два пати во февруари 1941 година. Првиот пат разговорал со грофот Ќано, а вториот пат со Бенито Мусолини. Средбата се одржала на 4 февруари 1941 година во Бари, каде Мусолини и понудил пријателство на Југославија и му дал изненадувачка порака за кнезот Павле. Размена на население и доделување територија на Македонија под Грција, мамка која потоа повторно ќе ја голтне Бугарија.

Мусолини писмено ја образложил својата понуда за формирање на сојуз кој би бил добар чекор на приближување на Југославија кон Силите на оската и на тој начин таа би останала надвор од војната и не би и се поставило барање за влез во пактот.

Меѓудругото, Мусолини понудил да се регулираат италијанско-југословенските односи на ист начин како што се регулирани италијанско-германските односи. Прашањето на германското малцинство било решено со бернерскиот договор, а за прашањето на југословенското малцинство тој побарал да биде решено со нова спогодба. Односно тој и понудил на Југославија размена на југословенското население во Истра, за албанското население во Југославија. Во својата дарежливост Мусолини и понудил на Југославија и излез на Егејско Море, односно пристаништето Солун.

Др. Стакич се вратил во Белград на 9 февруари и лично го информирал кнезот Павле Караѓорѓевиќ за понудата. Но, тој ја одбил понудата со следните зборови: „Јас немам право да ги селам Словенците и Хрватите од нивната национална територија на која живеат повеќе од илјада години. Југославија не може да се откаже од оние краеви со изразено југословенско мнозинство.“

Во приватен разговор др Стакич ќе каже дека „во понудата на Мусолини немало ништо добро за Југославија. Тој не го понудил Задар, туку грчки Солун“.

Недовербата кон Мусолини, кој водел војна со Грција (29.10.1940 – 23.04.1941), ќе го натера кнезот Павле на сојуз со Германија. Всушност, кнез Павле бил оженет со Олга најстарата ќерка на грчкиот принц Никола, син на грчкиот крал Георги I (убиен од А.С. од Сер на 18 март 1913 година во Солун).

Инаку, Третиот рајх, уште пред да ги нападне Југославија и Грција, презема мерки да се обезбедат германските воено стратегиски и економски интереси на Балканот, а потоа интересите на Италија, Унгарија и Бугарија. Притоа тој ги имал во предвид претензиите на сојузниците и нерешените национални прашања во кралството Југославија. Самиот бугарски крал Борис, барал од фирерот да му биде остапен Солун на Бугарија. Тој бил потикнат на ова барање откако разбрал дека Мусолини ова им го Понудил на Југославија.

На сотанокот од 20–29 април 1941 година во Виена, меѓу грофот Ќано, министер за надворешни работи на Италија и фон Рибентроп, министер за надворешни работи на Третиот Рајх, била склучена спогодба за поделба на Југославија. Притоа била определена и демаркационата линија помеѓу бугарските и италијанските окупациони сили во Македонија. Според оваа спогодба, поголемиот дел од Македониј, дел од Србија и еден дел од Косово  и бил доделен на Бугарија, која добива и дел од Егејска Македонија и Тракија. Западна Македонија, Костурскиот крај од Егејска Македонија и биле доделени на Албанија, а фактички на Италија. Солун бил оставен да се решава на крајот на војната.  

(Извори: Историја на македонскиот народ, Скопје 1988, стр. 309-310; http://www.27march.org/main.php?pages_id=405)

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.