|
|
Привремена согласност за нормализација и регулирање на односите и соработка меѓу Република Македонија и Република Грција |
“(Име, Каролос Папуљас), која ја претставува Првата страна (Прва страна), и (Име, Стево Црвенковски) која ја претставува Втората страна (Втора страна), го ИЗЈАВУВААТ и се согласуваат со следното: (Њујорк, 13 септември 1995 год.) “(Име, Каролос Папуљас), која ја претставува Првата страна (Прва страна), и (Име, Стево Црвенковски) која ја претставува Втората страна (Втора страна), го ИЗЈАВУВААТ и се согласуваат со следното: Повикувајќи се на принципите на неповредливост на границите и на територијалниот интегритет на државите инкорпорирани во Финалниот документ на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа, потпишан во Хелсинки, Имајќи ги предвид одредбите на Повелбата на Обединетите нации и особено оние што се однесуваат на обврските на државата во меѓународните односи да се воздржуваат од закани и употреба на сила против територијалниот интегритет или поли-тичката независност на која било држава, Водени од духот и од принципите на демократијата и основните слободи и почитувањето на правата на човекот и достоинството, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, како и Финалниот хелсиншки документ, со Париската повелба за Нова Европа и со соодветните акти за Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Со оглед на заемниот интерес за одржување на меѓународниот мир и безбедност, особено во нивниот регион, Во желбата да ги потврдат постојните меѓународни граници, како трајни меѓуна-родни граници, повикувајќи се на обврската за немешање, под каков било изговор и во каква било форма, во внатрешните работи на другиот, Со разбирање дека економската соработка е важен елемент во развојот на заемните односи врз стабилна и цврста основа, како и желбата да развиваат и да промовираат идна соработка, и Со желба да постигнат одредена привремена согласност што ќе претставува основа за договарање трајна согласност, Се согласија со следното: А. Пријателски односи и мерки за изградба на доверба Член 1 1. Со стапувањето во сила на оваа Привремена согласност, Првата страна ќе ја признае Втората страна како независна и суверена држава под привременото обраќање назначено со писмото на Првата страна од датумот на оваа Привремена сог-ласнот, и по кратко време Страните ќе воспостават дипломарски односи на договореното ниво, со конечна цел: воспоставување односи на амбасадорско ниво. 2. Првата страна веднаш штом е можно ќе основа Канцеларија за врски во Скопје, главниот град на Втората страна, и Втората страна ќе основа Канцеларија за врски во Атина, главниот град на Првата страна. Член 2 1. Страните со ова ја потврдуваат нивната заедничка граница како трајна и непроменлива меѓународна граница. Член 3 1. Секоја Страна презема врз себе да ги почитува суверенитетот, територијал-ниот интегритет и политичката независност на другата Страна. Ниту една од Страните нема да поддржува активности на друга страна насочени против сувере-нитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата страна. Член 4 Во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, Страните ќе се воздржуваат од закана и употреба на сила, вклучувајќи и закана и употреба на сила кон повреда на нивната постојна граница и се согласуваат дека ниедна од нив нема да истакнува ниту поддржува барања за кој било дел од територијата на другата Страна, ниту барања за промена на постојната граница. Член 5 1. Страните се согласуваат да ги продолжат преговорите под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации, спореде Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност, со намера да се постигне договор за разликите наведени во таа Резолуција и во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбед-ност. 2. Признавајќи ја разликата што постои меѓу нив во однос на името на Втората страна, секоја страна ги задржува сите свои права што се во согласност со обврските преземени во оваа Согласност. Страните ќе соработуваат со намера да ги овоз-можат нивните заемни односи и покрај нивните соодветни позиции во врска со името на Втората страна. Во тој контекст страните ќе преземат практични мерки, вклучително и во врска со прашањето за документите, заради нормално извршување на размената и трговијата на начин конзистентен на нивните соодветни позиции во врска со името на Втората страна. Страните ќе преземат практични мерки разликите околу името на Втората страна да не го спречуваат, ниту да се мешаат во нор-малната размена и трговија меѓу Втората страна и трети страни. Член 6 1. Втората страна со ова свечено изјавува дека ништо од нејзиниот Устав, и посебно преамбулата и Члениот 3 од Уставот, не може и не треба да се толкува дека претставува, или дека некогаш ќе преставува основа за какво било барање од Втората страна кон која било територија што не е во состав на нејзините пос-тојни граници. 2. Втората страна со ова свечено изјавува дека ништо од нејзиниот Устав, и особено дополнителниот член 49, не може и не треба да да се толкува дека претставува или дека некогаш ќе преставува основа за мешање на Втората страна во внатрешните работи на друга држава со цел да ги заштити статусот и правата на кои било лица од други држави кои не се државјани на Втората држава. 3. Понатаму, Втората страна свечено изјавува дека толкувањата дадени во ставовите 1 и 2 на овој Член, нема да се заменат со поинакви толкувања во нејзиниот Устав. Член 7 1. Секоја Страна веднаш ќе преземе ефикасни мерки за забрана на непријателските активности или пропаганди од страна на агенциите под државна контрола, и за обесхрабрување на активностите од приватни субјекти за кои е веројатно да се смета дека ќе поттикнуваат насилство, омраза и непријателство меѓу нив. 2. По стапувањето во сила на оваа Привремена согласност, Втората страна ќе престане на каков било начин да го користи симболот, во сите негови форми, што ги истакнуваше на нејзиното знаме, пред тоа да стапи во сила. 3. Ако која било од Страните смета дека еден или повеќе симболи што сочинуваат дел од нејзиното историско и културно наследство несоодветно се користи од другата Страна, ваквото евентуално користење ќе и го предочи на другатта Страна и другата Страна ќе преземе соодветни мерки тоа да се исправи, или ќе укаже зошто смета за потребно тоа да се стори. Член 8 1. Страните ќе се воздржуваат од наметнување на какви било пречки во движењето на луѓе и на стоки меѓу нивните територии или низ териториите на која било од Страните до територијата на другата Страна. Страните ќе соработуваат заради овоз-можување на ваквите движења во согласност со меѓународното право и обичаи. 2. Страните се согласуваат дека во врска со развивањето практични мерки наведени во став 2 на Членоит 5 можат да се побараат добрите услуги од Европската унија и од Соединетите Американски Држави со што би им се помогнало на Страните во спроведувањето на Член 8. Б. Човекови и културни права Член 9 1. Во извршувањето на нивните работи, Страните ќе се водат од духот и принципите на демократијата, основните слободи, почитувањето на правата на човекот и достоинството, и владеењето на правото во согласност со Повелбата на ОН, Универзалната декларација за правата на човекот, Европската конвенција за заштита на правата на човекот и основните слободи... Финалниот документ од Хелсинки, документот од Ко-пенхагенската средба на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа и Париската повелба за нова Европа... Член 10 Уверени дека развојот на меѓучовечките односи е подобен заради унапредување на разбирањето и добрососедството помеѓу нивните два народа, Страните ќе ги поттинуваат контактите на сите соодветни нивоа и нема да ги обесхрабруваат средбите по-меѓу нивнитер државјани во согласност со меѓународното право и обичаи. Ц. Меѓународни, мултилатераллни и регионални институции 1. По стапувањето во сила на оваа Привремена согласност, Првата страна се согласува да не приговара на пријавата за членство и на членствотро на Втората страна во оние МеЃународни, мултиратерални и регионални институции и организации во кои Првата страна е членка. Но, Првата страна го задржува правото да приговара на секое горенаведено членство, ако и доколку привременото обраќање со кое на Втората страна треба да и се обраќаат во таквите орга-низации и институции се разликува од она наведеното во резолуцијата 817 (1993) на Советот за безббедност на Обединетите нации. 2. Страните се согхласуваат дека постојаниот економски развој на Втората страна треба да се поддржува преку меѓународна соработка и, колку што е тоа можно, преку поб-лиски односи на Втората страна со Европската економска зона и Европската унија. Д. Договорни односи Член 12 1. По стапувањето во сила на оваа Привремена согласност Страните во нивните меѓусебни односи ќе се раководат од одредбите на следните билатерални договори склучени меѓу Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата страна на 18 јуни 1959 година: .... 3. Страните можат да склучуваат дополнителни билатерални договори во области од заемен интерес. Член 13 Земајќи го предвид фактот дека Втората страна е земја без излез на море, Страните во нивните односи ќе се раководат од соодветните одредби на Конвенцијата на Обединетите нации за Законот на морињата... Член 14 1. Страните ќе го поттикнуваат развојот на заемните пријателски и добрососедски односи и ќе ја зајакнуваат економската соработка во сите сектори вклучително и упот-ребата на водите. Тие особено ќе ги промовираат, врз реципрочна основа, патните, железничките, морските и воздушните транспортни и комуникациски врски... Страните ќе ги почитуваат меѓународните правила и прописи во однос на транзитот, телекомуникациите, ознаките и кодовите. 2. За оваа цел Страните се согласуваат веднаш да стапат во преговори насочени кон спроведување на договорите за соработка во горенаведените области, водејќи сметка за обврските на Првата страна што произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и во другите меѓународни механизми. Ваквите договори ќе се однесуваат на визите, работните дозволи, осигурувањето со “ зелени картони”, воздуш-ниот транзит и економската соработка. Е. Економски, комерцијални, еколошки и правни односи Член 15 1.Страните ќе ги зајакнуваат економските односи на сите полиња. 2. Страните посебно ќе ги поддржуваат развојот и соработката на полето на вложување капитал, како и индустрикстата соработка меѓу претпријатијата... Член 16 1. Страните ќе ја развиваат и ќе ја подобвруваат научната и техничката соработтка, како и соработката на полето на образованието. 2. Страните ќе ја интензивираат размената на информации и на научна и техничка документација, и ќе се стремат заемно да го подобрат пристапот кон научноистражувачките институции, архиви, библиотеки и слични институции. 3. Страните ќе ги поддржуваат иницијативите на научните институции и на поединци насоочени кон подобрување на научната соработка. Член 17 1. Страните ќе посветат голема грижа за одбегнување на опасностите за животната средина и да ги заштитуваат животните услови во езерата и реките што ги делат двете страни. 2. Страните ќе соработуваат во елиминирањето на сите видови загадување во пограничните области. 3. страните ќе се стремат да развиваат и да усоогласуваат стратегии и програми за регионална и меѓународна соработка заради заштита на животната средина. Член 18 Страните ќе соработуваат во отстранувањето на последиците од непогоди. Член 19 1. Страните ќе соработуваат во подобрувањето и промовирањето на деловните и на туристичките патувања. 2. Во согласност со обврските на Првата страна што произлегуваат од нејзиниото членство во Европската унија и во другите релевантни механизми на Унијата, Страните ќе вложат заеднички напори за подобрување и забрзување на царинските и граничните формалности, вклучително и поедноставувањето на издавањето на визи за државјаните од двете држави, земајќи ги предвид Член 5, Став 2 од оваа Привремена согласност. 3. Страните ќе се стремат да ги подобрат и да ги модернизираат постојните гранични премини...и според потребите ќе градат нови гранични премини. Член 20 Страните ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал, тероризмот, економскиот криминал, криминалот со наркотици, нелегалната трговија со културно богатство, повредите на цивилниот авиотранспорт и фалсификувањето. Ф. Завршни клаузули Член 21 1. Страните ќе ги решаваат сите спорови единствено со мирољубиви средства во согласност со Повелбата на Обединетите нации. 2. Сите разлики или спорови што ќе се појават меѓу Страните во врска со толкувањето или спроведувањето на оваа Привремена согласност можат да се поднесат од која било страна до Меѓународниот суд на правдата, со исклучок на разликата во Член 5, став1. Член 22 Оваа Привремена согласност не е насочена против ниедна друга држава или субјект и не ги повредува правата и обврските што произлегуваат од билатералните и од мул-тилатералните договори што се веќе на сила, а што Страните ги склучикле со други држави или со меѓународни организации. Член 23 1. Оваа Привремена согласност стапува во сила и станува полноважна на триесетиот ден од датумот на потпишувањето од претставниците на Страните, според долунаведеното. 2. Оваа Согласност останува во сила се додека не се измени со дефинитивен договор, со тоа што по седум години, секоја од Страните може да се повлече од оваа Привремена согласност со писмен указ, што ќе стапи во сила дванаесет месеци по него-вото доставување до другата страна. Со ова се посведочува дека Страните, преку нивните овластени претставници, потпишаа три копии од оваа Привремена согласност на англиски јазик што ќе се регистрира во Секретаријатот на ОН. Во рок од два месеца од датумот на потпишувањето, Обединетите нации треба да подготват, во консултација со Страните, преводи на јазикот на Првата страна и на јазикот на Втората страна, што ќе претставуваат составен дел на оваа Согласност. Претставник на Првата страна Претставник на Втората страна (потпис) (потпис) Посведочено дека е во согласност со Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност од страна на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации” Ахил Тунтев, Република Македонија - прва декада (1990-1999), МИ-АН, Скопје 2005, стр 355-361; |