|
|
Ферман за воспоставување Бугарска егзархија |
(Цариград, 11 март 1870 год.) “...Се соопштува дека владетелот го вложувал сиот свој можен скапоцен труд и напор, како би населението и сите ните на нашата славна империја, во секој поглед да се чувствуваат слободни, сигурни... Меѓутоа, помеѓу Грчката патријаршија и православното бугарско население, спротивно на мојата желба, се појавиле некои непожелни неслоги и тоа околу степенот на поврзаноста на бугарската црква, нивните митрополити, епископи и свештеници кон Грчката патријаршија во Истанбул. По овој повод се преговарало и на крајот биле донесени следниве одлуки: 1.Треба да биде основана една духовна, верска установа, која официјално би била наречена Бугарска егзархија кон која ќе бидат приклучени сите митрополии, епископии и други места и со кои ќе управува исклучиво таа Егзархија. 2. На чело на сите митрополии, во Егзархијата треба да биде поставен по чин највисок митрополит, кој ќе се вика “егзарх” и кој... треба да служи како претседател на високиот бугарски црковен совет - Синод. 3. Треба да биде донесена една уредба, која ќе се однесува на организацијата и вна-трешната управа на оваа Егзархија и која не ќе треба да се коси со основните правила на православната црква и со изгласаните закони.Оваа уредба треба да биде потврдена од царскиот двор... 4. Егзархот треба да биде нзазначен со издаден царски берат... 7. Потребното свето миро, Егзархјата треба да го побара и да го земе од Патријаршијата во Истанбул.... 10. Територијата на Бугарската егзархија ќе ги опфаќа епархиите на градовите Русчук, Силистра, Шумен, Трново, Софија, Враца, Ловеч, Видин, Ниш, Шеќир Ќој (Пирот), Ќустендил, Самоков и Велиса; а потоа одделеувајќи ги дваесетте села, по должината на Црно Море...и сета провинција на пловдивската митрополија со исклучок на манастирите... За понатамошните подробности околу одредувањето на територијата да се реши помеѓу Патријаршијата и Бугарската егзархија. Ако целокупното православно население во секое друго место, или пак најмалку две третини, изразат желба да се приклучат кон Бугарската егзархија, иа ко тоа биде утврдено, на таквите треба да им биде дозволено да го сторат тоа. Но оние кои ќе користат прилика и ќе предизвикуваат раздор, ќе бидат земени на одговорност... Се напиша на ден 8 зихлиџе 1286 (11 март 1870) година.” Бурмов Т., Б’лгаро-грцката ц’рковна распра, Софија, 1902, стр. 429-432; А. Матковски, Кануни и Фермани, за Македонија..., бр. 36, стр. 444- 446; |