|
|
Александар III Македонски Господар на Војната |
Иван Здравевски „НА ИЛИРИТЕ,ТРАКИТЕ И ДРУГИТЕ ВОЈНИЦИ ДАВАМ ЗЛАТО КАКО ШТО НЕМАЛЕ НИКОГАШ ....НА МАКЕДОНЦИТЕ ДАВАМ ВЕЧНОСТ“ Александар Македонски Александар III Македонски е роден во Пела 21 јули 356 г.п.н.е е владетел од Македонската владејачка династија Аргеади. Наследил добро организиран држава како на внатрешен план така и на војнички, политички и стратешки план. Во поглед на државноста наследил една хомогена единствена држава која, на чие чело стоел врховен владетел Хегемон кој пак би биран и гласан од страна на Војската. За разлика од Грчкиот свет кој бил поделен на многубројни градови држави полиси кои меѓусебно секогаш војувале. Посебно добро организиран била тешката пешадија Фалангата направена по налик на грчката фаланга, но за разлика од неа која се состоела од 8 густо збиени редови македонската фаланга била од 16 густо збиени редови, со долги копја наречени Сариси. Во 335 година п.н.е. Александар ја нападнал Тракија за да се справи со бунтот, која буна била водена од Илирите и Трибалите. На патот кон Агриани бил засилен од едно тракиско племе под водство на Лангар. Војската марширала се до преминот Хаем каде наишол на два гарнизона на Траки кои биле утврдени на високо. Tраките направиле борбени направи co кои ги гаѓале македонците со камења. Александар наредил да ги нападнат во разредена формација, со помош на македонските стрелци со огнени стрели го нападнале утврденото место,така да тешката пешадијa стасала до врвот на ридот.Меѓувремено, Трибалците под водство на нивниот владетел Сурм ги нападнале македонците од зад грб а биле одбиени на една чистинка каде биле прегазени од македонската фаланга и коњаница, убиле околу 3.000 непријателски војници. „ Напролет тој (Александар) се упати кон Тракија, против Трибалите и Илирите; знаеше дека Илирите и Трибалите се воинствени, а бидејќи наедно му беа и соседи, не мислеше дека треба да ги остави пред да замине толку далеку од дома, без сосема да ги покори. Тракија, територијата на независните Тракијци, ја нападна почнувајќи од Амфипол...Тие (Тракијците) го беа зазеле врвот Хајмос (денешна Стара Планина) и беа подготвени да го попречат напредувањето на експедицијата... Беа собрале борбени коли... за да им послужат како утврдување за одбрана, ако бидат притиснати. Исто така, планираа...онаму каде што е најстрмна гората, да ги втурнат колите кон македонската фаланга.... ... И се случи токму така, како што заповеда и предвиде Александар. Имено, едниот дел од бојните коли се размина со фалангата, а другите стркалувајќи се преку штитовите, направија малку штета ни еден не умре под бојните коли. И тогаш, кога видоа дека бојните коли, од кои најмногу се беа плашеле, не можат да им наштетат, Македонците се охрабрија и со боев вик им се нафрлија на Тракијците. Александар пак запо-веда стрелците од десното крило да дојдат пред останатата фаланга од која ќе фрлаат стрели врз Тракијците при секој нивен напад. Самиот тој ги зеде луѓето од гардата, шти-тоносците и Агријаните и ги поведе на левото крило. Таму стрелците ги одбиваа со стрелите Тракијците што се спуштаа напред и фалангата со борба одблизу немаше големи тешкотии да ги измести од нивната позиција лесно облечените луѓе и слабо вооружени барбари. Меѓутоа, тие не го дочекаа Александар, кој напаѓаше од лево, туку го фрлија оружјето и фатија да бегаат кој кај може по планината. Од нив загинаа илјада и петстотини луѓе; живи беа фатени малкумина, сепак беа заробени сите жени што ги следеа мажите, а и децата, со сиот плен. Александар го испрати пленот во приморските полиси... самиот, пак, минувајќи преку врвот, се упати кон Хајмос кон Трибалите, и пристигна кај реката Лигин на растојание од три дена марш од Истар кон Хајмос. Сирмос, кралот на Трибалите... Кога се приближи Александар, на тој остров пребегаа и Тракијците, соседи на Трибалите, па и Самиот Сирмос заедно со неговата придружба; но многу Трибали избегаа назад кон реката.. Кога слушна за нивното движење, тој (Александар ) се врати да ги нападне Трибалите, што ги најде веќе залогорени. Фатени на тесно, тие се распоредија вдолж клисурата на реката. А Александар ги нападна, распоредувајќи ја фалангата во длабока формација... Александар лично ја поведе против центарот на противникот фалангата од пешадинци и преостанатата коњица, што ја беше построил пред фалангата. Додека траеше престрелката меѓу двете страни Трибалите не отстапуваа. Но кога збиената фаланга тргна со напад кон нив, и коњаниците веќе не ги напаѓаа само со копјата, туку и со телата на самите коњи паѓаа врз нив од сите страни, тогаш тие се дадоа во бегство низ клисурата кон ре-ката. Три илјади беа загинале при бегството, а и преживеаните беа фатени малку, зашто пред реката имаше густа шума и ноќта што настапуваше им оневозможи Македонците јасно да ги гледаат и безбедно да ги следат. Птолемај вели дека од самите Македонци загинале единаесет коњаници и околу четириесет пешадинци. На третиот ден од таа битка Александар стаса до реката Истар, најголемата река во Европа, тука, на устието, Александар ги презеде бојните кораби, кои му беа пристигнале од Бизантион преку Понт Евксински за пловење по реката...Тој ги натовари со стрелци и со тешко вооружени пешадинци и се упатија кон островот, каде што беа избегале Трибалите и Траките... Затоа Александар ги повлече трупите и реши да го премине Истар, за да ги нападне Гетите... ...А Гетите не го издржаа ни првиот напад на коњаниците, зашто ним им се стори неверојатна смелоста на Александар толку лесно и за една ноќ да ја премине реката Истар, најголемата река, без да направи мост преку реката; а застрашувачка беше и згуснатоста на фалангата, силен - нападот на коњицата... Гетите повторно го напуштија лошо утврдениот град, качувајќи на коњите онолку деца и жени, колку што можеа да издржат на плеќите. Тогаш заминуваа што подалеку од реката кон пустината. Александар пак, го зазеде градот и сиот плен што го беа препууштиле Гетите...Откако го разурна градот, на брегот на Истар им принесе жртва на Се Спаситeл, на Херакле и на самата река Истар... Притоа кај Александар пристигнаа пратеници од другите автономни племиња крај Истар и од трибалскиот владетел Сирмос. А дојдоа и од Келтите, што живеат во Јонскиот залив. Келтите беа крупни и горди едни на други, но сите изразија желба за пријателство со Александар. На сите им даде и од сите прими покази на доверба... Тој ги именува како пријатели, склучи сојуз со нив и ги испрати дома...” Продолжува .... |