|
|
Александар III Македонски Господар на Војната (2 дел) |
Иван Здравески Армијата на Александар ги миналe Дарданелите со околу 42000 војници од кој 25 000 македонци , 7000 илири и траки. Oстатокот микс од 5 - 7 000 војници од Коринтската Лига и платеници, кои не биле ништо друго освен воени заложници и не одиграле никаква главна воена улога во македонскиот поход против Персија . Заменик на Александар бил Парменио, други по важнни команднти биле : Пердика, Kратер, Kоен Мелеагер,Антигон,и синот на Пармениo, Филота. СИТЕ ДРУГИ КОМАНДАНТИ НА ДРУГИТЕ ВОЕНИ ЕДИНИЦИ БИЛЕ МАКЕДОНЦИ....СИТЕ БИЛЕ ПОД КОМАНДА НА МАКЕДОНЦИ Александар веднаш бил пречекан од Персијците, Ситридат, Митридат, Мемнон од Родои кај реката Граник. БИТКАТА НА РЕКАТА ГРАНИК мај, 334 п.н.е била првата голема победа на Александар Македонски против Персиската империја. - Македонците и нивните сојузници под водство на Александар со 5.000 околу коњица и 26.000 пешадија. - Персијците под водсво на од сатрапии со околу 12.000 пешадија, 4.000 – 5.000 јонски платеници од Мало Азија и 15.000 коњица. Броевите прилично варираат зависно од изворот (македонци од 18.000 до 43.000), (персијци од 23.000 до 50.000). Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник ( денешна Бига Кај ). Персијците ,Ситридат, Митридат, Мемнон од Родос, други ја поставиле коњицата пред пешадијата, и се составиле на ( источниот ) речен брег. Војската на Александар ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Алeксандар, Парменион). Hо Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни. Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит. Александар набргу се освестил. Од 20.000 јонци од Мало Азија - сонародници на атињаните преживеале само 2000 кои биле пратени во Македонија како робови. Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна суперсила. Непосредните ефекти од битката биле воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците. По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас ( денес Бодрум во Турција ) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина ( близу денешна Анталија-Турција ), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „владетел на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан. Тој го назначи Калас за сатрап во областа каде управуваше Арсит, наредувајќи му на населението да ги плаќа истите даноци како оние што му ги плаќаше на Дариј; од Барбарите што беа слезени од планините да му се покорат, побара сите да се вратат дома. Тој го испрати Парменион да го заземе Даскилејон (Даскилејон е главниот град на Хелеспонтска Фригија, со која дотогаш управувал Арсит, кој по битката кај Граник се самоубил, н.б.), што овој го направи, бидејќи посадата беше заминала од градот. Арриан., 1, 17, 1-2 (Аријан, Александрова војна, Загреб, 1952, превод М. Стахулјак) Битка кај Ис 333 п.н.е - Персијците од водство на Дариј 3, Арсам, Реомитро, Атизиј, Бубак, Сабак со 30.000 јонци - сонародници на атињаните од Мало Азија платеници, 40.000 пешадија ( 10.000 бесмртници персиските кралски телохранители - нај елитната војска на Персија ) и 20.000 коњица. Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно. Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија. Mногу современи историчари тврдат дека персиската пешадија била слабо вооружена, дека повеќе надбројната, и до тогаш непобедена, страв и трепет за друѓите, персиската војска '' билa детска игра '' за македонците... ма тоа не е точно,.. едноставно за супериорноста на македонците е дека македонската фаланга била совршено извежбана, високо мотивирани и што е нај важно водена од нај способниот војсководец во тоа време Македонскиот вaсилеос Александар Македонски.... додека персијците биле предводени од нивниот персиски владетел Дариј 3 - ти, кој немал најверојатно никаква воена подготовка... го излагале дека бил полубог, па затоа се си знаел. Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да дојде одзади на македонската војска и да ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне. Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убедителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар заради тоа што Македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј не можел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно ритче на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар. Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар чекал 16 км западно од Беленскиот премин кај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него. Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион. Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа јонскате платеници 12.000 на број. До јонскате борбени линии - сонародници на атињаните од Мало Азија , Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале другиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар ( оваа формација била слична на буквата Γ ). Аријан дава претерана бројка од 20.000 за овие трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, јонскате платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира македонската воена формација видена во битката кај Граник. Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови. Поразот на Персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј. Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на Македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамба и непроценлива количина на богатство. Продолжувајќи по брегот на Средоземното море Александар гo освоил Тир ( денешен Либан ). Во почетокот Тир сакал да се предаде на Александар,.. Александар сакал да се помоли во храмот на Херакле во Тир ... Таа желба на Александар била одбиена од гувернерот на Тир . Продолжува ... |