Среда, 25 Ноември 2015   
Османското царство никна од рушевините на балканските феудални држави

900px-Ottoman empire

Војската на Орхан I, султан на новосоздадената држава на Османлиите во Мала Азија, веќе во 1352 година година ја зазела тврдината Цимпе на Гелиполскиот Полуостров, а две години потоа, по еден силен земјетрес, ја освоиле и тврдината Галипол. Со овие територијални освојувања Османлиите создале мостобран за натамошно освојување на Балканот.

Први на удар биле две  македонски феудални држави. Согледувајќи ја опасноста деспотот Углеша, чија столица била во Сер, се обидел да создаде поширока коалиција за борба против османлиските одреди. Но, никој како да немал разбирање за опасностите кои предстојат. Византија била зафатена со граѓанска војна, а балканските владатели биле раскарани меѓу себе. Единствено неговиот брат кралот Волкашин се согласил да преземат заедничка и брза акција. Меѓутоа, наместо успех, оваа акција завршила трагично. Во септември 1371 година, во битката кај Черномен на реката Марица, македонската војска била разбиена, а двајцата браќа убиени.

Исходот од битката имал катастрофални последици за Македонија. Серската област и Халкидик биле заземени од деспотот Манојло Палеолог, а синот на Волкашин, Марко, ја задржал кралската титула, но ја признал османлиската врховна власт и морал да дава воена помош и да плаќа данок.

По битката кај Черномен, турските одреди систематски ги освојуваат градовите во Македонија. Во 1383 година бил освоен градот Сер, а веројатно во 1385 година биле заземени градовите Прилеп и Битола. Потоа во 1387 година привремено бил освоен Солун и во 1392 година Скопје. Три години потоа, во 1395 година, во битката на Ровин загинал крал Марко и деспотот Константин Драгаш, владател на источна Македонија, борејќи се на страната на Турците против влашката војска, а нивните поседи директно подпаднале под трајна турска управа. До крајот на XIV век речиси цела Македонија се нашла под турска власт.

Македонија станала база за освојување на Балканот. Солун бил повторно освоен во 1394 година, а конечно Турците го одзеле главниот град на Македонците од Византија во 1430 година. Средновековните автори ги бележат овие настени. Меѓу нив, Лаоник Халкокондил и Бертранд де ла Брокиер говорат во своите дела за Македонија и Македонците под Османлиите.

Лаоник Халкокондил (1425 - 1490) кој потекнува од атинско семејство бил сведок на турските освојувања. По освојувањето на Пелопонез во 1461 година тој се засолнил на Крит каде станал протопрезвитер. Најзначајното дело, кое не е целосно завршено, му е историскиот спис „Прикази од историјата“ во десет книги, во кои го опфаќа периодот од 1298 до 1463 година. Во своето дело тој го следи развојот на Османското царство кое никнува од рушевините на балканските феудални држави.

Опишувајќи ги освојувањата на Балканот, тој го употребува името Македонија и Македонци. Пишувајќи за освојувањата на султанот Мурат I и неговиот син султанот Бајазит I, Халкокондил пишува: „Така дознав дека оние околу Мурат, синот на Орхан и оние околу Бајазит, преминале во Европа и се одале на пустошење и ограбување, како начин на живот по што станале многу моќни. Се населиле насекаде низ Европа, до градот Скопје и областите на Трибалите и Мизите, и се до Македонија, а потоа многумина се населиле во Тесалија.

Средновековниот автор потоа бележи дека „Мурат ги освоил земјите во Македонија, односно околу Терма (Солун) и околу реката Аксиос (Вардар), донел многу Турци кои ги населил во таа област. На таков начин, од Мурат била населена и рамнината Загора и областа околу Филипопол.... Откако Бајазит, син на Мурат, ја населил со Турци Тесалија, областа околу Скопје, земјата на Трибалите од Филипопол до Хемус (Стара Планина) и градчето наречено Софија (1385 н.з), тој започнал да ги опустошува земјите на Илирите и Трибалите.“ Исто така тој известува дека во овие области доаѓале и други турски воени одреди заради целосно покорување на тие земји, како и поради сознанието дека таму може да се дојде до голем плен, робови и други богатства.

Интерсени се забелешките на Халкокондил за поимите Македонија и Македонци, во однос на територијата во XV век и нејзиниот етнички карактер. Опишувајќи го славјанското население во Албанија, врз основа на своите говорни и етнички карактеристики тој вели: „јас повеќе Албанците би ги вброил кон Македонците, одошто кон некое друго племе во светот. Со ништо не се одделуваат дека не се од македонски род. Всушност тој го употребува името Македонци за славјанското население во Албанија и Македонија.

Во однос на употребата на името Македонија и Македонци во овој период и маките со кои се соочува населението по османските освојувања, внимание привлекува и описите на Бургундскиот витез Бертранд де ла Брокиер. Во своето дело патување преку морето“ напишано во 1457 година, тој ќе забележи дека по пристигнувањето во Београд каде Турците се подготвувале за напад на Унгарија, се потсетил на следното: „ и јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци, и Бугари, па и деспотот на Рашка и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.

Исто така, зборувајќи за воената тактика и техника, пороа за бројноста на војската и начинот на војувањето на Турците против христијаните, де ла Брокиер вели: „А има, како што кажав порано, и многу христијани кои присилно им служат на Турчинот, како  Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Ексклавоните, Рашаните и од Србија, поданиците на деспотот на Рашка, и Власите, кои, кога би ги виделе христијаните, особено Французите, во голем број против Турчинот, тие на Турчинот, како што ми рекоа, би му нанеле многу штета и би му го свртеле грбот затоа што ги држи во тешко ропство.“

Во текот на XV век веќе се прават планови за ослободување на Балканот. Во проектот на Павле Мавроцен, венецијански пратеник во Рим, за превземање на крстоносен поход на христијаните на Балканот против Османлиите околу 1461 и 1462 година се вели: „Србите и Босанците, со кои неодамна водев разговор, веднаш ќе се одметнат од непријателот и ќе побегнат со дваесет и повеќе илјади вооружени војници. Потикнати од овој пример Тесалците, Грците, Пелопонешаните, Епирците и Македонците, сите ќе се одметнат од непријателот и со повеќе   од дваесет илјади вооружени војници, заедно со нашите, ќе се втурнат кон непријателот.

Но, за жал, овој јаји у другу проекти во однос на Македонија не се спроведени. Македонија која прва беше завземена од Османлиите, последна се ослободи по повеќе од пет века.   

(извор: М. Бошковски, Имињата на Македонија и Македонците во средбовеквните извори, Скопје 2003 )

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.