|
|
Славка Динкова за дејноста на Димитрија Миладинов во ширењето на просветата во Македонија |
(Март 1868 год.) “Ете што ми велеше многу пати еден мој сонародник и соотатковинец (се однесува на учителот Димитрија Миладинов, н.б.)...со воспомнувањето на неговите многукратни полни со мудрост разговори, кои имав чест да ги слушам... “Образованите и просветените народи рече еднаш тој, откако ги виделе добрините на учењето, како што беа известени од расчетите кои ги правеле, дека лошотиите се намалуваат, колку што повеќе се распространува учењето на народот, се умножувал и се умножува бројот на воспиталиштата, училиштата и учебниците, па така се намалуваат секојдневно лошотиите’. Затоа и уверен за таа вистина и мудрост тој наш еднороден чист ученик и следбеник Кирило-Методиев, беше презел секаква друга слава и се натоварил со исполнувањето на ова мачно дело, кое што го исполнил точно во текот на 29 години, ширењето на учењето по народот, за да го води еден ден својот народ, како што го видел, да се откинува од инородното враждебно на општото добро духовенство, слободно од ло-шотиите на невежеството, од кое извираат сите зла. Но за негова несреќа, ја оставил таа радост на своите чеда, од кои сега предвидуваат, па нека да ги излажат присмртните добри за нив надежи за татка си. - Таа вистина како што ја спознале и мнозина од нашите еднородци, јуначки се впрегнале во распрос-транувањето на народната просвета; жално е само што машкиот пол од народот...лошо ја толкувал целта на учењето со тоа, што мисли дека учењето... е назначено само за да ползува себе си со трговските искуства, или за неговото обогатување, или за какво и да е општествена служба без да му текне дека општетсвото не се состои само од мажи; жените го составуваат поло-вината туку-речи дел од луѓето, тие ги раѓаат граѓаните, тие ги хранат и тие им го всадуваат во кревките срца првото семе на добрите и лошите науки; тие им го клаваат во нивниот ум првите погрешни или вистински мисли...тие ги споделуваат, намалуваат или зголемуваат несреќите, стравовите и надежите на мажите; тие служат со чашата болкина или сладчина во гушите на малечките општества, од кои се состои големото човеково општ-ество.” Славка К. Динкова, За в’спитанието на девоиките, “Македонија”, II, 14, 2.III.1868; |