Среда, 09 Декември 2015   
Венијамин Мачуковски составува граматика на македонски јазик и учениците успешно ја изучуваат

venjamin-macukovski

(“Објава за Бугарската граматика на Македонското наречие”, 16 септември 1872 во Кукуш)

“Изучувањето на  Бугарската граматика во македонските училишта е еден од најтешките предмети за учениците, заедно со тоа е и најбестолковен. Тој им одзема доста долго време, и тоа не им пречи пак да немаат поим од граматиката. Тоа произлегува од несообразноста во граматичките форми на досегашните издадени буг.(арски) граматики со оние на македонското наречје. Тоа ми даде повод од време уште да обрнам внимание врз нашето наречје и да го подведам под граматички форми и пра-вила. Го имам веќе наредено првиот дел за граматиката, и од успехот што го покажаа учениците во изучувањето на овој предмет по моите записки, наполно се убедив во постигнувањето на мојата цел.

За да им дадам едно лесно  раководство и на другите ученици во Македонија, и да ги избавам своите од препишувањето, се решив да го напечатам овој мој трудец; но единствената стапка се средстварта  што ми пречат да го направам тоа.

Поради тоа се обраќам со покорна молба кон господата учители по Македонија да се погрижат да ми соберат помошти, од кои исклучиво зависи издавањето на мојата книшка.

Помоштите се праќаат до мене во Кукуш, придружени со 3 гроша претплата за половината цена на книгата.”

Блаже Конески, Кон македонската преродба, Македонските  учебници од 19 век, II издание, ИНИ, Скопје 1959, стр. 84-85;
Блаже Ристовски, Портрети и процеси, I, Култура, Скопје 1989, стр178;

 

ПЕТАР ИВАНОВ ГО НАПАЃА МАЧУКОВСКИ ЗА НЕГОВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

(30 септември1872 год.)

“Човекот пишува граматика бугарска по македонското наречје. Што сакате да покажете со тоа г-не Мачуковски? Не ни стигаат ли 4-5 граматики турли би турли, ами и вие сакате да се прочуете  како Најден граматикот? Или нешто друго мислите со тоа? Ни давате причини да се сомневаме. Не сте ли согласни дека сите Бугари треба да имаме една писменост. Не сте ли согласни да бидеме целокупни? Не сте ли согласни сите Бугари да зборуваат еден правилен чист литературен јазик? Каква цел гоните со вашата Бугарска граматика на макенското наречје, која бидејќи е на македон.(ското) наречје, треба да ја на-речете Бугарска, а не Б’лгарска... Само што македонско нарече-ното наречје мошне многу се расипало под влијание на арнаут-ското, српското, цинцарското и грчкото наречје...Г-нот Мачуковски пак го молам да го одложи издавањето на својата граматика по македонското наречје додека Македонците не се от-кажат дека се Б’лгари или Бугари. Ако сме еден народ треба да имаме еден литературен јазик и една граматика.”

П. Иванов, Б’лгарската граматика по македонското наречие от. г. Мачуковски, “Право”ВИИ, 34, 30. Џ.1872, стр.3;

 

Љ. КАРАВЕЛОВ ГО КРИТИКУВА В. МАЧУКОВСКИ ЗА НЕГОВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

(30 септември1872 год.)

“Во весникот “Право” пишувало оти некојси В. Мачуковски намислил да издаде Бугарска граматика по македонското наречје. Г-н В. Мачуковски уште еднаш ни докажува дека нашите писатели не знаат ни што прават, ни што мислат, ни што работат. Најнап-ред ние треба да го запрашаме г-нот Мачуковски, во што се состои различноста помеѓу тракиското, дунавското и македонското наречје? Ние мошне арно ги познаваме тие три на-речја и можеме да го увериме г-нот Мачуковски дека таа различност се состои не во конструкцијата на јазикот, а во некои одделни зборови. Слична разлика има и помеѓу кар-ловското, сопотското, коприштенското и др. наречје, но никому досега не му дошло на ум да составува сопотчанска граматика...По наше мислење г. Мачуковски многу подобро би направил ако би напишал споредбена граматика на бугарските наречја, и кое наречје ќе се покаже поправилно, тоа и да се прими за литературен јазик. Ние сме должни да ги зближуваме наречјата, а не да ги оддалечуваме...”

Книжевни известија, “ Слобода”, III, 14, Букурешт, 30.IX 1872, стр.112;
Блаже Ристовски, Портрети и процеси, I,.., стр 178;

 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.