|
|
Извештај на Стефан Верковиќ за својата мисија на ширење на српската пропаганда во Македонија |
(9 јануари 1877 год.) “...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени! Така се изразил покојниот Гарашанин (министер за надворешни работи на кралството Србија, н.б.) во 1861 година во Цариград пред видниот бугарски патриот д-р Чомаков, кога бил таму по налог на блаженопочившиот кнез Михаил по некаква државна ра-бота. Тоа пак го разбрал одвај тогаш кога јас ги објавив женските песни на македонските Словени каде се наоѓа нешто и за статистиката на оваа земја... Кога нему скоро потоа...кнез Михаил му ги довери на управа државните работи овде, прво нешто што му паднало на ум било да стапи во врска со македонските Словени...Знаејќи дека јас стојам во книжевна врска со Шафарик (Словак, историчар и про-фесор на Белгардскиот лицеј, кој имал преписка со Верковиќ, н.б.) го замоли овега дека би сакал многу да ме види...Шафарик тоа ми го соопшти кон крајот на 18612 година... ...Одовде по истиот пат се вратив во Серез. Кога стигнав во Солун, чув дека Белград е бомбардиран од Турците. Дури тогаш ја видов сета стравотија од ра-ботата со која се зафатив поради желбата и поканата на кнежевската српска влада. Кога почнав да размислувам како да се спроведе во дело она на што се бев обврзал; зашто ми беше познато од повеќе време дека кај македонските Словени дотаму била изгасната народната самосвест и гордоста од нивните духовни фанариотски господа-ри, кои под маската на евангелието се труделе единствено околу унапредувањето и реализирањето на своите омилени одам-нешни политички желби и намери... ...Околу она време само во едно место во Македонија, во Кукуш близу Солун, со помошта на Миладиновци од Охрид, беше пробиен и очистен патот на разбудувањето и преродбата на словенштината од нејзиниот долг духовен сон дотолку, што и ако не беше можно наеднаш да се отстрани од училиштето и црквата јазикот на нивните стари злосторници и да се замени со словенскиот, сепак се успеало дотолку во почетокот и двата да се признаат за еднакви како во училиштето така и во црквата- според тоа во училиштето било воведено учење то покрај на грчки и на сло-венски; што се однесува пак до црквата, овде на еден празник службата била на словенски, а на друг на грчки... ...Јас сум,значи, на тоа мислење дека ваму би било сосема непотребно да се создаде тајно друштво... слични друштва се создаваат обично кога се има намера со ненадејно востание да се сојде до определена цел. Целта на вашите старешини во Белград е Македонија во свое време да не дојде под Грците туку под Словените. Мислам дека тоа не би можело никако со востание да се направи, поради тоа што Македонија не е населена само со Словени, туку освен Грци во неа има и доста Цинцари, кои се сметаат сите за Елини и се држат за елинизмот. Кога би успеало да се крене востание во словенска смисла, нема никакво сомнение дека сите овдешни Грци и гркомани би се кренале како еден човек и заедно со Турците би се спротивставиле да не се дојде до целта, бидејќи тие не само Македонија туку и Тракија ја сметаат за своја неприкосновена сопственост; истото би станало од Словените, кога би се обиделе Грците во такво нешто, се рабира кога по дадениот момент (Словените, н.б.) би биле толку воодушевени за словенската мисла колку што Грците се вооодеушевени за својата мисла. Значи, сметам дека ова прашање не ќе може да се реши со сабја - туку само со општо гласање да излезе во наша полза. Затоа треба да се настојува постојано да се воведат словенски училишта, како што е направен почетокот неодамна како во сите градови, така и во сите македонски села, па здраво да се пристапи кон будење на словенската самосвест, која кога ќе се развие толку, што да би можело да се претпоставува дека мнозинството ќе биде на наша страна, тогаш Србија нека ги уреди така работите, што да може да се стави на дневен ред источното прашање. Но не ќе биде доста за постигнување на целта само развиената словенмска самосвест во споменатиот решителен час, туку е неопходен уште еден услов, без кој е тешко победата да биде на нивна страна; тогаш треба да прес-тане сосем духовното фанариотско господство над македонските Словени и во време на гласањето на чело на секоја македонска епархија да судат архиереи не само од словенско потекло туку и со такви чувства да бидат исполнети спрема словенството, како што сдочувствувааат фанариотските свештеноначалници спрема елинизмот... Според мене, еве како би требало да се постапи. Во секоја каза треба да се најде по едно или повеќе не само сигурни туку и со влијание лица, па тие малку по малку нека го отворат патот по селата за реализирањето на оваа народна мисла во горенаведената смисла. Тешко ќе биде да се најдат такви луќе, бидејќи таквите се насекаде ретки, а особено кај нас поради сегашново страшно погрчување на Словените од овој крај, но сепак се надевам дека ќе се најдат, а кога ќе се постигне тоа тогаш веќе полесно ќе врви работата.... ...Мене ми беше наредено да ја почнам својата работа со претходна обиколка на цела Македонија на која обиколка да прегледам и да проучам се и потоа да известам. И така од Кукуш...тргнав во западна Македонија кон Костур, а одовде преку Клисура, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Радовиш и Мелник се вратив во Серез. Преку Шафарик и јавив на владатата српска за постигнатиот успех на овој пат. Гарашанин преку него ми одговори дека е многу задоволен со мојот извештај и рече само да продолжам понатаму вака како што сум почнал. Сега цврсто се зафатив околу создавањето на програмата детализирана во Кукуш. На мое големо чудење работата не врвеше лесно..., ами со крајни напори и маки....успеав прво во седумте кази на Серскиот санџак да пронајдам и за својата смисла да привлечам такви чесни патриоти какви што ми требаа...Сите овие со крајна воодушевеност се одзваа на мојата покана и ветија дека дека ќе настојуваат да работата со сите свои сили за постигнувањетро на оваа света цел. Но колку што мене ми врвеше многу бавно и тешко додека ја пронајдов и ја составив оваа скромна четичка од словенски борци за својот тежок потфат, исто толку им било тешко и на овие мои другари при реализирањето на својата задача кај сел-ското население која имаше цел да се отстрани од училиштето и од црквата грчкиот и да се воведе словенскиот. Први предвесници на успехот на овој нивни патриотски труд и настојување се покажа во град Неврокоп. Овде прво се фатија за гуша елинизмот и словенизмот...Родољубивите граѓани тогашни го поставија за учител на словенскиот јазик во споме-натото место некојси Тодор Ненов...Од Неврокоп зедоа пример околните села, та малку по малку насекаде почна во таа каза да се учи на словенски... ...За серските гркомани појавата на словенштината во Неврокоп беше како гром од ведро небо. Зашто од укинувањето на Охридската словенска патријаршија мислеле дека погрчувањето кај македонските Словени напредувало до таа степен, што веќе никаква сила не би можела да ги оддели од цврстата прегратка со која елинизмот ги привлекол и ги приврзал кон себеси. Страшно се исплашија кога видоа дека нивните претпоставки и желби биле само празен сон и фантазија. Ги напнале, значи, сите сили појавеното зло од појавата на словенштината да го поништат уште во никулецот додека не фатило корен. И таков страшен прогон презедоа против овие словенски патриоти во Неврокоп, кои беа повод за отворањето на словенското училиште таму за да можат што побргу да стигнат на целта, се послужија со своето старо средство- клеветата. Ги обвинија кај Турците дека учењето на словенскиот јазик е само изговор, дека под неговата маска се кријат тајни бунтовнички цели кои се внесени против безбедноста и опста-нокот на Отоманската држава од страна на Србија и Русија, де-ка учителот Ненов е просто нивни таен политички агент кој се грижи да намести наследници на тие нивни стремежи и мисли... На ваквите страшни обвинувања Турците многу се вознемирија и се вчудовидоа но сепак најдоа за погодно да не постапат онака како што им се сакало на гркоманите, т.е. наеднаш да се протера словенскиот учител од Неврокоп и да се затвори учи-лиштето... ...Гледајќи дека Турците само си играат со гркоманите, овие ги напнаа сите свои сили за да дојдат до целта, стапија во формална спогодба со пашата...Мудурот неврокопски доби налог да го испрати бугарскиот учител Ненов со заптии од Неврокоп до Т. Пазарџик...Но Совените по некое време пак донесоа ваму и наместија друг учител. Овој никаков гркомански успех, т.е отстранувањето на учителот Ненов од Неврокоп ги фати најмалку 3000 лири. ...Но многу тешко одело будењето на словенската самосвест кај серските Словени....Серез станал не само средиште на умствениот развиток на македонките гркомани по укинувањето на Охридската патријаршија туку бил тоа и во тровки поглед; тр-говскиот пак негов сталеж бил целиот на гркоманска страна. Словенското население се наоѓало во тогашните три маала... но во голем дел сите му припаѓале на земјоделскиот сталеж...и бидејќи сите живееле од кредитите на тогашните гркомански трговци, влијанието на последниве врз нив било такво, што долго време овие не сакале да чујат во поглед на словенското движење по околните места... ...И така словенските патриоти одвај во 1872 год. успеале да доведат словенски учител во приведеното место (Серез)... таму го испратила таканаречената “Македонска дружина” на своја сметка за да формира таму приватно словенско училиште. Оваа “Македонска дружина” била основана ( во Цариград) со цел да ја шири и да ја помага словенштината во Македонија.... Во времето кога јас се примив за споменатава мисија, таму во Серско постоеја уште две други мисии со иста програма и стремежи како што беа нашите. Една од овие беше грчката хетерија “Мегали-Идеја”, чија што главна агенција за Македони-ја се наоѓаше во Серез а нејзин агент беше некој си доктор Јанулаки, родум од... Тесалија...Грчката мисија во Македонија е уредена многу вешто и настапува со крајна внимателност поради што не направила досега ни најмала грешка, какви што за жал имало премногу кај нашите браќа Бугари, како што тоа му е познато секому...нивната хетерија или друштво не внимавало...при одбирањето на лицата што требало да се употребат...; наместо способни и сигурни луѓе се наоѓале или глупаци или такви лицемери и саможиви кај кои верноста и постојаноста се менувала како бојата кај камелеонот. Имав можност лич-но да запознаам неколку такви што одвреме навреме тарашуваа низ Серско. Сите овие беа преполни со омраза кон српството и мислејќи дека јас пропагирам во Македонија од страна на Србија работи спротивни на нивната смисла и правец, упорно го избегнуваа моето познанство. Но оние на кои им се доверував беа обично мои познајници и пријатели, та од нив би разбрал се што би им кажале. Но Бугарскиот комитет имал на свое располагање и многу чесни и сигурни луѓе.... Како кај бугарскиот Таен комитет, исто така ме служеше среќата во познавањето на тајните и кај мисијата на грчката Хетерија во Серез со помошта на исто така двајца важни пријатели...Тие се родум од Блаце во Македонија и по потекло се Власи....искрено им беа приверзаник на Србија и од мене како Србин не криеја ништо. Преку А. Герман јас добив исто така неколку важни бунтовнички написи на хетеријата “Мегали Идеја”...е најважна онаа што во 1862 година ја чува дека ќе биде протеран грчкиот крал Отон. Колкава била неспособноста на работниците на бугарскиот Таен комитет, најдобро покажува тоа што според кажувањето на Ножара никако не им било можно да ја прошират својата работа и во Македонија, иако многу се напинаа да го постигнат тоа. Најпосле се сетија за тоа да се обидат да стапат во врска со оваа земја преку мене...Меѓутоа, потоа се премислија...поради интригите на некои нивни луѓе кои им рекле дека не би било добро да стапуваат со мене во какви и да било односи, сомневајќи се дека сум јас српска пропаганда, која работи на посрбувањето на Македонија. Ова сето ми го соопшти чесниот Ножар, кој што знаеше дека мојата правдољубивост е неприкосновена...” М. Арнаудов, Веркович и Веда Словена, стр. 431-435, 440; Документи за борбата на македонскиот народ..., И, стр. 223-230; |