Среда, 10 Февруари 2021   
Симбол на бесмртноста на македонскиот народ

makedonski-stit

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Симбол на еден народ е репрезантативен препознатлив знак, кој на индиректен начин ни ја претставува неговата култура, традиција и вера. Самиот симбол е историски производ кој произлегува од народните обичаи и преставува еден сублимат на сите аспекти од самобитноста на заедницата. Отука симболите преставуваат еден континуиран  атрибут од животот на заедницата, било тој да го отсликува, родот, племето, државата, религијата или пак разни други облици на здружување на заедницата.

Симболите како знамето, химната и грбот подразбираат народ, татковина, сувереност, граници и идентитет. Тие ја означуваат припадноста, честа, слогата и единството на заедницата. Без нив е назамисливо уредувањето на државите и нивните институции. Тие го поврзуваат народот, територијата и настаните низ историјата. Следејќи го човекот низ различните стадиуми на неговиот развој, во зависност од културниот развој, се раѓаат нови симболи кои го отсликуваат новото време и новите вредности.  Во тој процес, како вечен сопатник на народот, некои од старите симболи одумираат, некои се видоизменуваат, а некои се возобновуваат и со извесни прекини имаат повеќевековен континуиетет, изразувајќи го притоа заедничкото и далечно паметење на идејата, целта, стремежот и состојбата во која се наоѓа народот. Сето тоа овозможува преживување и опстојувањето на народот пред напливот на новите современи цивилизациски вредности.

Во повеќе милениумската историја на Македонија, сонцето се сретнува како доминантен симбол. Главно сонцето се сретнува исклесано или насликано во камени стели, сакрални објекти и обредните предмети, облеки, штитови и монети. Најстарите соларни симболи на територијата на Македонија, датираат од времето на неолитот, т.н. „варварска идила“. Прекрасната керамика од времето на неолитот, полна со симболика поврзана со годишните времиња, јасно сведочи за тогашниот изразен култ кон сонцето и космосот. Дека навистина овој култ кон сонцето е изразен покажуваат примерите со Цоцов Камен и опсерваторијата Кокино. На овие места освен извршувањето култни обреди, се следат звездите што овозможувало создавање на прецизен календар кој помагал да се одреди времето за жетва или други важни датуми, што од друга страна пак укажува за постоење на една високоразвиена цивилизација кај древните Македонци. Печатот од Говрлево на кој е преставено дванесетокракото сонце, не само жто го потврдува сонцето како симбол на народот од Македонија, туку зборува за можноста од постоење на организирана држава многу порано од легендите за потеклото на владателската куќа на Македонците, поврзани со митскиот полубог Херакле, односно неговиот потомок Темен.  

Првите пишани докази за култот кон сонцето на Македонците се поврзани со „таткото на историјата“ Херодот (484.ок.425,г.п.н.е.). Тој 200 години по владеењето на Пердика I (653г.пр Хр.), ќе раскаже: "...Трите потомци Теменови, браќата: Гаван, Аероп и Пердика избегале од Арг во Илирија, а од Илирија навлегувајќи во Горна Македонија дојдоа во градот Лебаја. Тука се вработија да служат кај кралот. Едниот ги чувал коњите, вториот говедата, а најмалиот од нив Пердика, ги чувал козите и овците. Беше тоа време кога и кралевите, а не само народот, беа сиромашни и немаа пари. Лебот го месеше и печеше самата кралица. Ама кога и да го печеше лебот за најмладиот, овчарот Пердика, тој секогаш двапати нараснуваше. И откога тоа истото секогаш се повторуваше, му раскажа таа на својот маж за ова. Штом кралот тоа го дочу, се сети дека тоа може да биде некој и дека претскажува нешто важно. Тој ги повика слугите и им нареди да ја иапуштат неговата земја. Овие пак му рекоа дека веднаш ќе си одат штом ќе ја добијат платата што ја заслужиле. А кога кралот слушна дека овие бараат плата, многу се разлутил, и  бидејќи сонцето ги фрлаше своите зраци во куќата низ отворот на покривот каде минуваше чадот, им рече, бидејќи божеството го наведе на таа лудост, покажувајќи со раката на сонцето: „Еве, тоа е платата што ја заслуживте и што ви ја давам“. Гаван и Аероп беа вчудоневидени кога ова го дочуа, а најмладото дете, бидејќи случајно имаше меч рече: „Се согласуваме, кралу, да го примиме тоа што ни го даваш“ па со ножот го нацрта сончевиот зрак на куќниот под, и, исцртувајќи го тоа, зафати три пати сончеви зраци во своето крило, па потоа отиде и тој и тие со него“.

makedonski-stit-2

Освен по јазикот кој го употребувале, начинот на војување и облекување, Македонецот се разликувал од другите соседни народи и по симболот на сонцето кој го употребувал за да ја истакне својата божественост, бесмртност и својата посебност како народ. Култот кон сонцето кој постоел од праисторијата, за време на македонските кралеви ќе дојде до полн израз. Симболот на сонцето бил прикажан на накитот, монетите, оружјето и посебно на штитовите. Овој одраз кон култот на Сонцето, вербата во бесмртноста, односно вечното раѓање, ќе му овозможат на Александар и македонските војници да ги надминат сите искушенија, да ги добијат сите битки и да стигнат до Индија, нешто што во досегашната историја никому не му успеало. Македонските војници го имале овој симбол на своите штитови и се верувало дека симболот на Сонцето, дава моќ и победа на тој што го носи.

Првобитниот македонски антички штит бил изработен од дрво, кожа и малку метал, како и бројни заковани  метални клинови, а подоцна заради подобра заштита од непријателот ќе биде изработен од метал. Шеснастокрако, дванаесетокрако и осумкракото сонце го сретнуваме на штитовите и монетите на македонските кралеви. Шеснаесетокракото сонце станало доминантен симбол за времето на владеењето на  Филип П и на неговиот син Александар Ш Македонски. Дванаесетокракото и осмокракото сонце главно го користеле македонските кралеви од династијата Антигониди. Го сретнуваме на штитовите на македонскиот крал Деметриј, припадник на истоимената династија. На штитот по страните и во центарот се забележливи осмокракото и дванаесеткракото сонце. На монетите кој ги издава Антигон Досон исто така се втиснати осмокракото и дванаесеткракото сонце.

makedonski-stit-3

Следејќи го континуитетот на сончевиот симбол со осум, дванаесет и шеснаесет крака,  тој се јавува во разни периоди во македонската историја. Посебно интересна е виничката теракотна икона на која случајно или не, таа е илустрирана со старозаветната приказна за запирањето на сонцето над палестинскиот град Гаваон, опишана во книгата на Исус Невин. На оваа илустрација, додека Исус Невин со божја помош го запира сонцето се до конечна победа на неговите воини, неговиот придружник Калеб облечен во панцирна кошула на која е забележлива буквата М, држи штит со симбол на сонцето. 

Во средниот век симболот на сонцето се забележува и на наметката на царот Самоил, откриена во неговиот гроб. Исто така како мотив се сретнува и на многубројните фрески и иконостаси во црквите од различни периоди. Но се сретнува и во куќите на граѓаните, поставени на зидовите и таваниците како заштитници на домот.

Шеснастокракото сонце како симбол на македонскиот народ го сретнуваме на македонското знаме непосредно по осамостојувањето на Македонија. За жал под притисок на Грција ова знаме е променето со сегашното, кое го претставува осмокракото сонце.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.