Среда, 27 Јануари 2021   
Семејството Спирта од Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Во текот на XIX век, благородничкото семејство Спирта, со потекло од Македонија, имало на Дунав тринаесет дрвени бродови и еден параброд, фабрика за свила, тргувале со храна, имале банки, шпедитерски фирми и т.н. Останало забележано дека златниците кои ги заработувале не можеле да ги пребројат туку со лопати ги уфрлале во буриња и посебни вреќи, а откако ќе ги запечателе ги носеле во банка.

Меѓу благородниците Македонци во европските земји во XVIII век, покрај имињата на кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес; Георги и Јован Калиновичи од Дојран, Теодор Јанкович Миријевски, Данило Жефарович во Виена, Кирило Нако во Велики Сен Миклуш, Марко Сервиски (Ѓорѓевич) во Кањижа, Димитрие Анастасиевиќ - Сабов од Негуш, семејството Баичи од Блаца во Митровица, како и семејствата Дука и Дарвар, се спомнува и семејството  Спирта во Земун и во Виена.

Семејството Спирта се населува во Воена краина во Австроунгарија во текот на 18 век. Првите нејзини членови се иселиле од Македонија за време на владеењето на Турците и во 1739 година се населиле северно од Сава и Дунав. Во речиси сите дејности во кои се испробале биле меѓу најдобрите. Богаството кое го стекнале им обезбедило висок општествен статус, што на симболичен начин било потврдено со добивање на благородничка титула и грб во 1856 година.

За семејство Спирта се знае дека потекнува од Егејскиот дел на Македонија, а како место од каде доаѓаат се спомнуваат Клисура, Сачиште и Катраница. Дел од фамилијата се населува во Рума, Земун, Виена и Русија. Ова македоно-влашко семејство било едно од најбогатите во Виена.

Во текот на XIX век, семејство Спирта имало на Дунав тринаесет дрвени бродови и еден параброд, фабрика за свила, тргувале со храна, имале банки, шпедитерски фирми и т.н. Останало забележано дека златниците кои ги заработувале не можеле да ги пребројат туку со лопати ги уфрлале во буриња и посебни вреќи, а откако ќе ги запечателе ги носеле во банка.

Вук Караџиќ во Преписките наведува дека семејството „Спирта се четири браќа. Најстариот Ѓорѓи, кој поради трговија работел и живеел во Виена многу години, никогаш не се оженил, нити мислел да се жени. Вториот Петар, кој бил оженет, но жената му починала и тој повторно не се оженил бидејќи жената му оставила четири деца (три постари ќерки и најмладиот бил син). По Петар бил Павле, а по него Димитрија. Тие се родиле во Срем во Рума и добро го владееле српскиот јазик.

Всушност браќата знаеле повеќе јазици како: македонски, влашки, грчки, турски, српски, германски, а Павле и Димитрија го знаеле и францускиот и италијанскиот јазик. Според нивното воспитување тие биле вистински европски трговци. Во однос на честа и поштеност тие биле меѓу првите луѓе. Сите тие го го славеле Св. Стефан.

Членот на семејството Спирта, Петар, се истакнал како активен учесник во Српското движење во 1848/49 година, а неговиот брат Павле во 1856 година добил благородничка титула и право на семеен грб.

Димитрије Спирта по проект на архитектот Ферстл од Виена ќе изгради куќа во Земун. Но во куќата која била завршена во 1855 година нема долго да живее. Во времето на големата експанзија на Панчево, се преселил во овој тогаш пограничен град, каде што овој познат добротвор починал во 1885 година.  

Куќата во Земун била раскошно градена во псеудоготски стил. Фасадата е од камен, а на ѕидовите на широкиот лачен влез во куќата се отсликани мотиви од „грчката“ митологија. Скалите кои водата во претсобјето биле од глачен црвен мермер. Оваа позната куќа која имала богат ентериер (зидни слики и украси на таваните, тапети, керамички стилски печки и камини) и во своето време се издвојувала од земунските куќи со што семејството ја истакнувало својата висока култура на живеење и општествен статус, со тек на времето претрпела многу измени.

Во куќата на семејството Спирта во еден период бил хотел „Гарни“, а се претпоставува дека за време на Првата светска војна служела за војни потреби. По војната била користена од Заводот за слепи и глуви воени инвалиди. За време на сојузничкото бомбардирање во 1944 година, куќата била оштетена, а реновирана е после војната.  Сто десет години по изградбата, куќата на семејството Спирта била прогласена за споменик на културата, а потоа во неа бил сместен Народниот музеј на Земун.

Инаку последниот сопственик на куќата од семејството бил благородниот Ѓорѓи Павле Спирта, истакнат економски и јавен работник кој починал во 1909 година. Неговата сопруга Софија му подигнала мавзолеј на месните православни гробишта, а во негова близина се наоѓа и гробното место на уште едно познато семејство Карамата, со потекло од Македонија. Од целото богаство на семејството Спирта до денес останала само една чаша од розе кристал, која ја користела Софија, сопругата на Ѓорѓи, последниот потомок на оваа лоза на големото семејство Спирта. (Софија почината во Швајцарија во 1916).

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.